С О О П Ш Т Е Н И Е запишување зимски семестар 2021/2022 – втор циклус студии

Објавено: октомври 15, 2021

ГЕНЕРАЦИЈА ЗАПИШАНА ЗАКЛУЧНО СО 2019/2020 - ПРВ И ВТОР РОК

Доставување на комплетните документи за запишување на зимскиот семес­тар во учебната 2020/2021 година ќе се врши во читалната на ФЕИТ од 12:00 до 14:00 часот, во периодот

од 18.10. до 22 .10.2021 година

Во овој рок е отворено задолжителното online пријавување, што се врши преку инфор­мацискиот систем на www.iKnow.ukim.mk .

По овој рок, online пријавувањето ќе биде оневозможено, а студентите ќе можат да го запишат семестарот со молба и надомест за административни трошоци од 500,00 ден.

НАПОМЕНА: Студентите кои ќе се пријават електронски, а нема да достават комплетни документи во предвидениот рок во Одделението за студентски прашања, ќе бидат избришани од електронската евиденција и уписот ќе може да го извршат со молба и надомест од 500,00 ден.

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Потребни документи:

  1. Индекс
  2. Пополнет образец за запишување семестар А3

 Дополнителните информации во врска со запишувањето семестар за студентите кои поминале на студии повеќе од три семестри, се содржани во Одлуката бр. 02-282/3, донесена на 22.2.2021 год.

Одлука за цената на презапишан предмет на втор циклус

 

ГЕНЕРАЦИЈА 2020/2021 - ПРВ И ВТОР РОК

Доставување на комплетните документи за запишување на зимскиот семес­тар во учебната 2020/2021 година ќе се врши во читалната на ФЕИТ од 12:00 до 14:00 часот, во периодот

од 18.10. до 22 .10.2021 година

Во овој рок е отворено задолжителното online пријавување, што се врши преку инфор­мацискиот систем на www.iKnow.ukim.mk .

По овој рок, online пријавувањето ќе биде оневозможено, а студентите ќе можат да го запишат семестарот со молба и надомест за административни трошоци од 500,00 ден.

НАПОМЕНА: Студентите кои ќе се пријават електронски, а нема да достават комплетни документи во предвидениот рок во Одделението за студентски прашања, ќе бидат избришани од електронската евиденција и уписот ќе може да го извршат со молба и надомест од 500,00 ден.

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Потребни документи:

  1. Индекс
  2. Пополнет образец за запишување семестар А3

  3. Уплатници со реализирана уплата на рата на жиро-сметка на Факултетот.

Дополнителни информации за студентите запишани во првиот уписен рок 2020/2021

Неположените предмети од зимскиот семестар (заклучно со август/септемврискиот испитен рок) треба да се презапишат.

  1. Студентите кои презапишуваат предмет/и (односно заклучно со август/сеп­тем­врис­киот испитен рок не ги положиле предметите од зимскиот семестар) треба да достават:

Интерен пријавен лист за запишување предмети (испечатен од веќе направениот online избор).

Уплатница на ФЕИТ (во вредност од 50 ЕУР по презапишан предмет, по среден курс на НБМ).

  1. Студентите кои не презапишуваат предмети запишуваат празен семестар.

Крајниот рок за пријавување тема за магистерскиот труд е јануари 2022 г. (изминати 3 семестри на студии). По овој рок, за пријавување тема за магистерски труд се доплаќаат 500 ЕУР. Услов за пријавување на магистерската тема се освоени 30 ЕКТС кредити.

Дополнителни информации за студентите запишани во вториот уписен рок 2020/2021

Во зимскиот семестар студентите ги запишуваат предметите:

  • Истражувачки проект,

  • Изборен предмет од Универзитетската листа на предмети,

  • Магистерска работа.

Предметот Истражувачки проект задолжително се запишува кај наставникот под чие менторство студентот ќе го работи магистерскиот труд.

Студентите може да изберат кој било предмет со најмалку 4 ЕКТС кредити од Универзитетската листа на слободни предмети од веб страницата:

http://www.ukim.edu.mk/mk_content.php?meni=163&glavno=40.

Ако студентот избере предмет со повеќе од 4 ЕКТС кредити, за запишаните дополни­тел­ни кредити се доплаќа сума со вредност од 25 евра по кредит (во денарска против­вредност).

Пожелно е темата на магистерскиот труд да се пријави во текот на зимскиот семестар (најдоцна до 1.2.2022г.). Услов за пријавување на магистерската тема се освоени 30 ЕКТС кредити.

Одделение за студентски прашања на ФЕИТ

Скопје, 15.10.2021 година