Дополнителни информации за спроведување на испитите во јунската испитна сесија

Објавено: јуни 9, 2020
  1. Испитите во јунската испитна сесија се спроведуваат со физичко присуство и online, според објавениот распоред достапен на веб страницата на факултетот: https://feit.ukim.edu.mk/i-ciklus/raspored-na-ispiti/
  1. Секој студент е должен да ја пополни анкетата на е-курсеви со која ќе го потврди своето присуство на испитот најдоцна 48 часа пред почетокот на испитот согласно претходно објавената процедура достапна на веб страницата на факултетот: https://feit.ukim.edu.mk/oglasna-tabla/procedura-za-nachinot-na-realizacija-na-ispitite-vo-junskata-ispitna-sesija/
  2. За начинот за спроведување на испитит што се полага online, подетални информации студентите ќе добијат од предметниот наставник.
  3. За испитите што се полагаат online, доколку студентот нема технички услови за реализација на полагањето, испитот може да го полага во некоја од факултетските лаборатории, за што поднесува барање до предметниот наставник и ФЛАОП (flaop@feit.ukim.mk), најдоцна 48 часа пред терминот за полагање.
  4. Ако студентот не може да присуствува на испитот кој се полага со физичко присуство, го известуваат предметниот наставник најдоцна 48 часа пред терминот за полагање и со него се договара за начинот на полагање на испитот.
  5. Пријавите за испитите што се полагаат со физичко присуство студентите ги оставаат во тетратките при полагање на испитот. За испитите што се полагаат онлине пријавите се оставаат во поштенското сандаче на предметниот наставник (под скалите во холот на приземјето на факултетот).