Државна матура и предмети од средно образование

Листа на екстерни предмети и интерни предмети од државната матура соодветни за пријавување за запишување на студиските програми на  Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје за кандидатите што полагале државна матура
во учебните 2020/2021, 2021/2022, 2022/2023 и 2023/2024

 

  1. За сите кандидати задолжителен екстерен испит е предметот: македонски јазик и литература или албански јазик и литература или турски јазик и литература.
ЕКСТЕРЕН ИЗБОРЕН ПРЕДМЕТ ИНТЕРНИ ПРЕДМЕТИ
Математика *
Нема ограничување

* Соодветниот предмет (Математика) носи најмногу бодови, но може да се поднесе пријава за упис и со кој било друг екстерен изборен предмет


Предмети кои се бодираат при вреднувањето на успехот од средното образование за
кандидатите кои средното образование го завршиле во учебната 2019/2020 година, или пред
учебната 2007/2008 година и не полагале државна матура

 

ПРВ ПРЕДМЕТ ВТОР ПРЕДМЕТ
Математика по избор на кандидатите: физика, основи на електротехника, информатика

 


Листа на екстерни предмети и интерен предмет од државната матура соодветни за пријавување за запишување на студиските програми на Факултетот за електротехника и информациски технологии за кандидатите што полагале државна матура од учебната 2013/2014 година до учебната 2018/2019 година

 

  1. За сите кандидати задолжителен екстерен испит е предметот: македонски јазик и литература или албански јазик и литература или турски јазик и литература.
ВТОР ИЗБОРЕН ЕКСТЕРЕН ПРЕДМЕТ * ИЗБОРЕН ИНТЕРЕН ПРЕДМЕТ
Еден од изборните екстерни предмети, задолжително е математика  без ограничување
 без ограничување

 


Листа на екстерни предмети и интерен предмет од државната матура соодветни за пријавување за запишување на студиските програми на Факултетот за електротехника и информациски технологии за кандидатите што полагале државна матура заклучно  со учебната 2012/2013 година

 

1. ЗА СИТЕ КАНДИДАТИ ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ЕКСТЕРЕН ИСПИТ Е ПРЕДМЕТОТ МАЈЧИН ЈАЗИК.
2. Во прегледот се дадени другите предмети (екстерни и интерни) кои кандидатите ги избираат при полагањето на државната матура, а кои се значајни за соодветната студиска     програма.

ЕКСТЕРЕН ИЗБОРЕН ПРЕДМЕТ ИНТЕРНИ ПРЕДМЕТИ
Математика (најмалку основно ниво) за гимназија:

  • физика, информатика или странски јазик (најмалку еден, а може и два предмета)
  • еден предмет по избор на кандидатот (еден од гореспоменатите предмети или некој друг сосема различен предмет)

за средно стручно образование:

  • физика, информатика или странски јазик (најмалку еден, а може и два предмета) еден стручен предмет според образовниот профил, по избор на кандидатот (еден од гореспоменатите предмети или некој друг сосема поразличен предмет)