Пријавување и запишување

   1. Пријавување на кандидатите

Пријавувањето на кандидатите за упис на прв циклус студии во првиот уписен рок во учебната 2025/2026 година на Факултетот за електротехника и информациски технологии ќе се врши со доставување на потребните документи во читалната на ФЕИТ од 8.30 до 15.00 часот на 19.8. и 20.8.2025 година.

Пред доставување на документите, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од  iKnow-системот (системот е веќе отворен) .

Идентификацискиот број, којшто кандидатот автоматски го добива од системот при електронското пријавување, треба да се внесе и во пријавата (А1 Образецот) што се поднесува при пријавувањето. Дел од потребните документи се генерираат автоматски од системот iKnow.

Потребни документи за пријавување:

  • Пријавен лист А1 образец (се купува од книжарницата на Факултетот),
  • Електронска пријава (од www.upisi.ukim.mk) – универзитетски пријавен лист и интерен лист (се печати од iKnow системот),
  • Оригинал диплома за завршено средно образование,
  • Оригинал свидетелства за секоја завршена година во средно образование,
  • Оригинал извод од матичната книга на родените,
  • Оригинал уверение за државјанство,
  • Изјава за користење лични податоци (се печати од електронската пријава),
  • Потврда за уплатa:
    Административната такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП 50: Назив на примачот: Трезорска сметка-Скопје; Банка на примачот: НБРСМ; Тансакциска сметка 100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840-ХХХ-03161; Конто 722313 00),
    – 300 денари на жиро-сметката на факултетот, за студиски програми за кои не се врши проверка на знаењата и умеењата.

      2. Запишување на примените кандидати

Запишувањето на примените кандидати во првиот уписен рок на прв циклус студии во учебната 2025/2026 година ќе се врши на 4.9 и 5.9.2025 година. од во читалната на ФЕИТ од 8.30 до 15.00 часот со доставување на следните документи:

  • Индекс (пополнет),
  • Две фотографии (3,5 х 4,5) + една за студентска легитимација (2×3),
  • Статистички образец (ВОИ.80А),
  • Договори за студирање (се добиваат во Одделението за студентски прашања),
  • потврда за уплатени 750 денари за информативни, културни, спортски, студентски сервиси и други активности на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со назнака ИКСА на УКИМ, ФЕИТ, на жиро-сметката 100000000063095 депонент: НБРСМ, со сметка на буџетски корисник 1600103689 788 18 приходна шифра 723012, програма 41,
  • Потврда за уплатени 1700,00 ден.

Назив на примачот: УКИМ – Факултет за електротехника и инфомациски технологии

Банка на примачот: НБРМ

Tрезорска сметка: 100000000063095

Сметка на буџетски корисник: 1600104286 788 14

Приходна шифра: 723012, програма 41

      Цел на дознака: материјални трошоци

  • Уплата за школарина од 6.150,00 ден. (државна квота), односно 12.300,00 (квота со кофинансирање) на жиро сметка на ФЕИТ:

Назив на примачот: УКИМ – Факултет за електротехника и инфомациски технологии

Банка на примачот: НБРМ

Tрезорска сметка: 100000000063095

Сметка на буџетски корисник: 1600104286 788 14

Приходна шифра: 723012, програма 41

Цел на дознака: школарина за упис на зимски сместар 2025/2026

  • Потврда за уплатени 100,00 ден. Трошоци за запишување и заверување на семестар, Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје со назнака: запишување и заверка на прв/зимски семестар 2024/25.

  Депонент: НБРМ

  Трезорска сметка: 100000000063095

  Cметка на буџетски корисник: 1600103689 788 18

  Повикување на број: 723019, програма 41