Graduate Programme 2020 | Endava

Објавено: март 19, 2020

  Започна пријавувањето за новата Graduate програма во Ендава Скопје. Оваа година фокусот ќе биде на Java Full stack и Automation Testing. Подетални информации може да се најдат на следниот линк: https://careers.endava.com/en/Start-Your-Career/Skopje/Graduate-Programme Поради моменталната ситуација, и ние се прилагодивме на условите, па затоа тестирањата и интервјуата ќе бидат онлајн. Адреса за контакт: RecruitmentSkopje@endava.com....

Одлука за продолжување на наставата на ФЕИТ од 18.3.2020 година

Објавено: март 17, 2020

  ННС на ФЕИТ, на денешната седница донесе одлука за продолжување на наставата од 18.3.2020 година,  со примена на комбиниран начин на учење, по утврдениот распоред на часови за летниот семестар 2019/2020 година. За таа цел, во системот за електронско учење на ФЕИТ, е-kursevi,  имплементирани се два система за видео конференции. Исто така, донесена е...

Известување за прекин на наставата

Последна измена: март 11, 2020

По препораките на Владата на РСМ, редовната настава ќе биде во прекин во наредните 14 дена. Дотогаш ве молиме, следете ги препораките на Светската здравствена организација. Доколку имате или се сомневате дека имате симптоми на корона – вирусот, се препорачува да се јавите  во центрите за јавно здравство во вашите општини. Броевите за контакт можете...

Конкурс за стипендии – ЛОСТ

Објавено: март 10, 2020

ЕВН Македонија АД, Скопје распишува конкурс за доделување стипендии за студенти од Енергетските насоки на Факултетот за Електротехника и информациски технологии, Техничкиот Факултет – Битола и Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип кои во рамките на семејството имаат месечни приходи помали од просечна плата во Република С.Македонија. Оваа година ќе бидат доделени 5 (пет) стипендии на...

Почна меѓународниот натпревар по роботика – Робомак 2020

Објавено: март 9, 2020

На нашиот факултет, денеска, почна меѓународниот натпревар за роботика и вештачка интелигенција RoboMac 2020. Оваа година, студентите од Македонија и други држави, во наредните пет дена, ќе ги измерат своите сили во знаењето на роботиката и вештачката интелигенција. За продеканката на ФЕИТ, професор д-р Соња Геговска Зајкова, во наредните неколку дена, „ФЕИТ ќе биде место...

КОНКУРС за најдобар дипломски труд

Објавено: март 5, 2020

Здружението за енергетска електроника, погони и управување во својата програма меѓу останатото има зацртано и поддршка и стимулација на креативниот дух кај идните млади инженери по електротехника и информациски технологии. Во таа насока Здружението за енергетска електроника, погони и управување МАК-ЗЕЕПУ распишува конкурс за најдобар дипломски труд за студентите кои дипломирале на студиските програми ЕАОИЕ,...

Соопштение за промена на неактивирани предмети

Објавено: март 3, 2020

  Студентите што имаат избрано / запишано изборен предмет во летниот семестар во учебната 2019/2020 година, а истиот го нема на распоред ќе можат да го заменат со веќе активиран предмет, односно со изборен предмет кој го има на распоред. Промената на неактивиран со веќе активиран предмет, студентите ќе можат да ја извршат до 10.3.2020...