Пријавување на кандидати на прв циклус студии во третиот уписен рок 2023/2024

Објавено: септември 27, 2023

Доставувањето на документи за пријавување на кандидатите за упис на Факултетот за електротехника и информациски технологии во учебната 2023/2024 година во третиот уписен рок ќе се врши на 28.09.2023 година во Одделението за студентски прашања (трет кат) од 8.30 до 12 часот. Број на слободни места за запишување во вториот уписен рок во учебната 2022/2023 година:...

Сооопштение за прием на студентите од I (прва) година академска 2023/2024 година

Објавено: септември 27, 2023

Република Северна Македонија Универзитет „Св. Кирил и Методиј” – Скопје Факултет за електротехника и информациски технологии   Се известуваат студентите од I (прва) година дека академската година ќе започне на 2. октомври 2023 година (понеделник). Првиот академски час ќе започне во 10:00 часот во амфитеатарот на ФЕИТ. Распоред Час 10:00 Отворање на настанот со интонирање...

Конечна листа – втор уписен рок 2023

Објавено: септември 25, 2023

Електроенергетика, автоматизација и обновливи извори на енергија (ЕАОИЕ) – Државна квота Електроенергетика и проектен менаџмент (ЕЕПМ) – Државна квота Компјутерски технологии и инженерство (КТИ) – Државна квота Компјутерско хардверско инженерство и електроника (КХИЕ) – Државна квота Телекомуникации и информациско инженерство (ТКИИ) – Факултетско образование...

Втор циклус- прв уписен рок 2023/2024

Објавено: септември 21, 2023

С О О П Ш Т Е Н И Е – Втор циклус, прв уписен рок- Пријавување и запишување Електронското пријавувањето на кандидатите за упис на Факултетот за електротехника и информациски технологии во учебната 2023/2024 година во првиот уписен рок е отворено и ќе се врши до 13.10. 2023 година.. Секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и...

Започнување на часовите за подготвителна настава по Програмирање

Објавено: септември 21, 2023

Факултетот за електротехника и информациски технологии и годинава организира подготвителни курсеви по предметите основи на програмирање (Code@FEIT). Курсот ќе се реализира во 20 школски часа,  во периодот од 25. до 29. септември 2023 година. На подготвителните курсеви ќе се потенцираат предзнаењата што треба новите студенти да ги имаат за да се вклучат успешно во наставата. Основи...

КОНКУРС за доделување на стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии за студиска 2023/2024

Објавено: септември 20, 2023

Врз основа на потпишаната Спогодба за соработка помеѓу ЕВН Македонија АД, Скопје и Факултетот за Електротехника и информациски технологии – Скопје, се распишува конкурс за доделување стипендија за студентите запишани на енергетските насоки на Факултетот за Електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје. Со стипендирање на 3 (тројца)  студенти, ЕВН Македонија...

С О О П Ш Т Е Н И Е – eлектронски упис на зимски семестар во учебната 2023/2024 за студентите запишани по првпат во прва студиска година

Објавено: септември 19, 2023

Сите студенти запишани по првпат во прва студиска година (бруцоши) треба да извршат и електронско запишување на зимскиот семестар во учебната 2023/2024 година во iKnow системот  и внесување на предметите кои ќе се слушаат во овој семестар (тоа се предметите кои се запишани на Образецот А3) најдоцна до 19.09.2023 година Во упатството за студенти имате...

Пријавување на кандидати на прв циклус студии во вториот уписен рок 2023/2024

Објавено: септември 15, 2023

Доставувањето на документи за пријавување на кандидатите за упис на Факултетот за електротехника и информациски технологии во учебната 2023/2024 година во вториот уписен рок ќе се врши на 18.9. – 19.9.2023 во Одделението за студентски прашања (трет кат) од 8.30 до 12 часот. Број на слободни места за запишување во вториот уписен рок во учебната 2023/2024...

Летна школа за мултимедиски технологии

Последна измена: септември 15, 2023

Драги студенти, со големо задоволство Ви ја најавуваме Летната школа по мултимедиски технологии ,,Диоген 2.0″ која ќе се одржи од 25.09.2023 – 30.09.2023. Летната школа на тема „Диоген 2.0 – Детекција на луѓе во затворен простор“ со натпреварувачки карактер опфаќа предавања и практична рбота од областите на дигитална обработка на слика и звук, анализа на...

Оглас за вработување во Ван Хоол

Објавено: септември 14, 2023

Ван Хол има има нови слободни позиции кои се соодветни за електроинженери.  Координатор за обука и развој: https://www.vanhool.com/mk/karieri/oglasi-za-rabota/koordinator-za-obuka-i-razvoj Контролор на залихи: https://www.vanhool.com/mk/karieri/oglasi-za-rabota/kontrolor-na-zalikhi...

Започнување на часовите за подготвителна настава по Математика, Физика и Програмирање

Последна измена: септември 14, 2023

 Почитувани идни студенти на ФЕИТ, Факултетот за електротехника и информациски технологии и годинава организира подготвителни курсеви по предметите математика, физика и основи на програмирање (Code@FEIT). Курсевите ќе се реализираат во 20 школски часа по секој  предмет,  во периодот од 14. до 29. септември 2023 година (математика и физика: 14.-22., Code@FEIT-25.-29.). Просториите во кои ќе се...

К О Н К У Р С за запишување студенти на трет циклус студии во академската 2023/2024 година

Објавено: септември 13, 2023

К О Н К У Р С за запишување студенти на трет циклус студии – докторски студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во академската 2023/2024 година...

Интерен оглас за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител

Објавено: септември 12, 2023

Врз основа на член 4 од Одлуката за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за студентите чие родителско право го врши само еден родител и критериумите за остварување на ова право за учебната 2023/2024 година (бр. 02-670/6 од 20.6.2023 година), Факултетот за електротехника и информациски технологии во состав на Универзитетот „Св....

Соопштение – заверка на летен семeстар 2022/2023 и упис на зимски семестар 2023/2024

Последна измена: септември 21, 2023

Заверката на летниот семестар 2022/2023, како и запишувањето на зимскиот семестар во учебната 2023/2024 година за студентите запишани на прв циклус студии на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скоп­­­је, ќе ги содржи следниве чекори: Електронско пријавување од 12.9. до 24.9.2022 година Во системот iKnow www.iknow.ukim.edu.mk секој студент треба да го запише зимскиот семетар...

Интер-регионален Форум за иновации 2023

Објавено: септември 9, 2023

Во просториите на ИНОФЕИТ при ФЕИТ ќе се одржи настанот – конференција Интер-регионален Форум за иновации 2023 во организација на Факулетот за електротехника и информациски технологии, УКИМ, Универзитетот Анхалт, Германија, како и Здружението ЕТАИ на Македонија, во рамките на проектот IDEA-EAST финансиран од DAAD, Германија. Основната тема на настанот е Renewable energies and Industrial IOT, но и IoT...

Објавен е повикот за 11-то издание на СКЕЕОР

Објавено: септември 7, 2023

Здружението за истражување и промоција на енергетска ефикасност и одржлив развој СКЕЕОР – Скопје, со задоволство Ве информира дека објавен Повикот за пријавување на 11-тото издание на СКЕЕОР и Ве поканува да го одбележиме почетокот на втората деценија од успешното и активно дејствување. Во текот на изминатите години, СКЕЕОР прерасна во препознатлива студентска конференција со...