Успешно реализирана работилница „Сонцето во џеб: Паметна енергија за паметни уреди“ во ФЕИТ ФабЛаб

Објавено: декември 29, 2025

На 25 декември 2025 година во просториите на ФЕИТ ФабЛаб се одржа уште една инспиративна и едукативна работилница под наслов „Сонцето во џеб: Паметна енергија за паметни уреди“. Работилницата беше организирана од Лабораторијата за физика при Институтот за математика и физика пру ФЕИТ, а учесници беа ученици од СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“ – Скопје,...

Наука и технологија во пракса во ФЕИТ ФабЛаб

Објавено: декември 29, 2025

На 23 декември 2025 година, во ФЕИТ ФабЛаб, успешно се реализираше работилницата„Од пластика до 3D модел: Наука и технологија во пракса“, со учество на ученици од СТЕМ клубот при СУГС „Орце Николов“ – Скопје. Работилницата се одржа во инспиративната средина на ФЕИТ ФабЛаб – современ иновациски и едукативен простор кој овозможува практично учење, креативно размислување...

Прва работилница за асистивни уреди со Интеракт клуб Визија на ФЕИТ ФабЛаб

Објавено: декември 29, 2025

Во рамките на соработката помеѓу Интеракт клубот Визија и ФЕИТ ФабЛаб, на 19 декември 2025 беше одржана првата од серијата работилници за изработка на асистивни уреди. Во рамки на оваа соработка студентите на ФЕИТ ќе менторираат група на средношколци и ученици од основни училишта во процесот на дизајн и изработка на асистивен уред наменет за...

Посета на студенти на ФЕИТ на МРТ

Објавено: декември 29, 2025

Во рамките на својата долгогодишна соработка, група на студенти од ФЕИТ кои го слушаат предметот Електроакустика го посети Македонското радио, кое ја одбележува 80-годишнината од своето постоење. Љупчо Дебарлиев и Живко Маневски од техничкиот кадар на МРТ на студентите им ги презентираа просторните и техничките капацитети со кои располага радиото. Студентите имаа можност од прва...

Средба на деканите на ФЛФ и ФЕИТ за проектот „Виртуелен музеј Конески“

Последна измена: декември 29, 2025

Остварена е средба на деканите проф. д-р Владимир Мартиновски на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ (ФЛФ) и проф. д-р Владимир Атанасовски на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), во рамките на соработката во двата факултети во проектот „Виртуелен музеј Конески“ финансиран од Министерството за образование и наука. Главната цел на проектот е дигитализацијата на исклучително...

Пријавување испити – втор циклус студии

Последна измена: декември 25, 2025

Пријавување испити на втор циклус студии во јануарската испитна сесија   2026 ќе се врши електронски, со користење на iKnow системот, во периодот 2.1. до 18.1.2026 година, следејќи го Корисничкото упатство за студенти, дел 2.5. За сите пријавени испити, студентите задолжително треба да достават пополнети хартиени пријави  на самиот испит. Во пријавата  се внесуваат податоците за студентот, називот...

Пријавување испити – прв циклус студии

Објавено: декември 24, 2025

Пријавување испити на прв циклус студии во јануарската испитна сесија  2026 ќе се врши електронски, преку системот iKnow, во периодот од 2.1. до 18.1.2026 година, следејќи го Корисничкото упатство за студенти, точка 2.5. Студентите што ќе извршат уредно електронско пријавување на испитот во iKnow системот, задолжително треба да достават и комплетно пополнета хартиена пријава. Во...

Покана за предавање од AI за id и контрола на системи на Бојан Мавков Од Ница, Франција

Датум на настан: 23.12.2025

На 23.12.2025 vo 14:00 vo ИНОФЕИТ ќе се одржи предавање од областа на вештачката интелигенција и контрола на системи на вон. проф. д-р Бојан Мавков од Универзитетот на Азурниот Брег во Ница, Франција со наслов „Идентификација и контрола на системи со примена на техники на машинско учење“. Во предавањето тој ќе ја сподели и својата...

Успешно се реализираше првиот ден на првиот телекомуникациски хакатон за средните училишта ТелеХак@ФЕИТ 2026

Објавено: декември 22, 2025

Првиот ден од хакатонот ТелеХак@ФЕИТ 2026 успешно се реализираше на 12 декември 2025 во периодот од 12 до 15 часот. Хакатонот помина во исклучително инспиративна и динамична атмосфера. Просториите на Институтот за телекомуникации на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) беа исполнети со позитивна енергија, тимска работа и многу креативни идеи, а учесниците уште...

Информација за уписи (државна матура и државна стручна матура)

Објавено: декември 18, 2025

Се известуваат кандидатите од сите средни училишта во државата дека на Факултетот за електротехника и информациски технологии на сите акредитирани студиски програми од прв циклус студии, може да се запишат:  1. Кандидати со ПОЛОЖЕНА ДРЖАВНА МАТУРА од сите средни училишта во државата, и  2. Kандидати со ПОЛОЖЕНА ДРЖАВНА СТРУЧНА МАТУРА, од следните сектори од средно...

Доделени златни дипломи на ФЕИТ (1975-2025)

Последна измена: декември 18, 2025

На 11 декември 2025 – организиравме пригоден настан за одбележување на 50 години од дипломирањето на инженерите по електротехника во 1975 година. Златните дипломци на ФЕИТ се носители на иновации, креатори на решенија и визионери кои ја водат заедницата напред, што е докажано во праксата. Заслужни се за планирањето и развојот на критичната електроенергетска инфраструктура...

Соопштение за анкета

Објавено: декември 12, 2025

Се известуваат сите студенти од прв и од втор циклус на студии дека се должни да пополнат анонимна електронска анкета за наставата во зимскиот семестар 2025/2026 година заради следење на процесот на самоевалуација на ФЕИT. Електронската анкета ќе биде достапна најдоцна до 29.12.2025 година. Како доказ за пополнета анкета се приложува принт скрин од последната страна...

Научноистражувачки труд од ФЕИТ награден со Best Paper Award на меѓународен научен собир IEEE Metrology for Sustainability 2025 во Беневенто-Италија

Објавено: декември 12, 2025

Научноистражувачкиот труд со наслов „Innovative Strategy for Electrical Calibration Management – Laboratory Sustainability for Metrology 5.0“ од авторката проф. д-р Марија Чундева-Блајер од Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е награден со Награда за најдобар труд на меѓународниот научен собир 2025 IEEE International Workshop on Metrology for...

Меморандум за соработка меѓу ФЕИТ и ИУЖА

Објавено: декември 9, 2025

ФЕИТ потпиша Меморандум за соработка со Институтот за унапредување на животните активности „ИУЖА“ – Белград, Србија со кој се утврдува рамката во која се реализира соработката помеѓу двете институции за спроведување истражувачки, образовни и апликативни активности и проекти од заеднички интерес, заснована врз искористување на научно-стручните, професионалните, материјално-техничките и на просторните капацитети на потписниците. Меморандумот...

Избори за претседател и членови на ФСС на ФЕИТ – 2025

Објавено: декември 5, 2025

Записник ОБ – ЗПР Записник ОБ – ЗИ Записник ОБ – ЗС – магистерки и докторски студии Записник ОБ – ЗС – Четврта година Записник ОБ – ЗС – Трета година Записник ОБ – ЗС – Втора годинa Записник ОБ – ЗС – Прва година Прелиминарни резултати Кандидатури Собири за кандидирање за ФСС при ФЕИТ...

С О О П Ш Т Е Н И Е

Објавено: декември 3, 2025

По повод 50 години од дипломирањето на  инженерите по електротехника од Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје од генерацијата од 1975 година, на 11.12.2025 четврток со почеток во 13 часот во Салата за состаноци на факултетот Факултетот организира пригоден настан на кој ќе бидат доделени плакети – ЗЛАТНА ДИПЛОМА. Ги покануваме инженерите кои...

Крводарителска акција – Црвен крст

Последна измена: декември 3, 2025

Согласно интегралниот годишен план за крводарителски акции на територија на РСМ, во месец декември 2025 година ќe се реализираат крводарителските акции за студенти и вработени во Студентските домови и факултетите. Ве информираме дека е договорен термин за крводарителска акција наменета за студентите и вработените од Кампусот факултети во Карпош 2 (ФЕИТ, ФИНКИ, МФС и ТМФ)...