Ден 2 на ТЕЛЕХАК@ФЕИТ 2026 – Првиот телекомуникациски хакатон за средношколци во Македонија

Датум на настан: 03.03.2026

Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со гордост го најавува ден 2 на ТЕЛЕХАК@ФЕИТ– првиот хакатон посветен на телекомуникациите, наменет за ученици од четврта година од сите средни училишта во Македонија. Настанот е осмислен да ги поттикне младите таленти да ја истражат иднината на информациско – комуникациските...

Одржана низа на работилници за асистивни уреди со Интеракт клуб Визија на ФЕИТ ФабЛаб

Објавено: февруари 27, 2026

Во рамките на соработката помеѓу Интеракт клубот Визија и ФЕИТ, на 20 февруари 2026 беше одржана четвртата и последна од серијата работилници за изработка на асистивни уреди. Во рамки на оваа соработка студентите на ФЕИТ менторираа група на средношколци и ученици од основни училишта во процесот на дизајн и изработка на асистивен уред наменет за...

Отворен повик за INNOVABLUE CHALLENGE – BLUE INNOVATION TEAMS

Датум на настан: 26.02.2026

Со задоволство информираме дека официјално е објавен Отворениот повик за INNOVABLUE CHALLENGE – BLUE INNOVATION TEAMS, организиран од Interreg ADRION проектот INNOVABLUE во кој ФЕИТ е проектен партнер, а ИНОФЕИТ е асоцијативен партнер. На INNOVABLUE Challenge очекуваме да се поврзат истражувачи, иноватори, инженери и претприемачи со реални потреби на пазарот – мали и средни претпријатија,...

ФЕИТ дел од македонско – словачкиот бизнис форум

Објавено: февруари 20, 2026

Претставници од 20-тина компании кои учествуваа на македонско – словачкиот бизнис форум на 19.02.2026, остварија посета и на ФЕИТ со цел поблиско запознавање со можностите за соработка и реализација на заеднички проекти од интерес. Компаниите добија увид во капацитетите на ФЕИТ, како и соработката што се одвива преку ИНОФЕИТ и ИНОФЕИТ ЕДИХ. Беше извршена демонстрација...

Запишување на кандидати на втор циклус студии во вториот уписен рок 2025/2026

Објавено: февруари 18, 2026

Запишувањето на примените кандидати во вториот уписен рок на втор циклус студии во учебната 2024/2025 година ќе се врши на 18.2 и 19.2.2026 година од 12:30 до 14:30 часот на шалтерите на Одделението за студентски прашања, со доставување на следните документи: Индекс (пополнет), Пријавен лист за запишување (А3 образец) – пополнет со личните податоци на...

Саем за образование и кариера 2026

Датум на настан: 27.02.2026

Факултет за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ ќе биде дел од Саемот за образование и кариера 2026 . ФЕИТ е меѓу најпрестижните високообразовни институции во РСМ која обезбедува континуирано образование на стручни и претприемливи индивидуи во областа на електротехниката и информациските технологии. Обезбедувајќи постојана технолошка иновација, квалитет и креативност во наставните програми, ФЕИТ остварува...

Пријавување и запишување на кандидати на втор циклус студии во вториот уписен рок 2025/2026

Последна измена: февруари 18, 2026

Електронското пријавувањето на кандидатите за упис на Факултетот за електротехника и информациски технологии во учебната 2025/2026 година во вториот уписен рок ќе се врши од 15.1.2026 година. Секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот. ВАЖНО: Ако се работи за кандидат кој и на прв циклус...

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу ИНОФЕИТ ЕДИХ и Швајцарската Програма ИМЕ за поддршка на дигиталната трансформација на МСП

Објавено: февруари 12, 2026

На 11 февруари 2026 година, Центарот за трансфер на технологии и иновации ИНОФЕИТ, како координатор на Европскиот дигитален иновациски хаб ИНОФЕИТ ЕДИХ, и Швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ, потпишаа Меморандум за соработка насочен кон поддршка на дигиталната трансформација на микро, малите и средни претпријатија во земјата. Со Меморандумот се воспоставува рамка...

СООПШТЕНИЕ – заверка на зимски семестар 2025/2026 и запишување на летен семестар 2025/2026– Втор циклус – постдипломски студии

Објавено: февруари 2, 2026

Доставување на документите за запишување на летниот семестар во учебната 2025/2026 година ќе се врши во Одделението за студентски прашања на ФЕИТ од 12:30 до 14:30 часот во периодот      од 16.02. до 17.02.2026 година Online пријавувањето во iknow е задолжително (од 04.02. до 17.02.2026).  Во iknow системот (www.iknow.ukim.mk)  секој студент треба да го запише летниот семестар 2025/2026 и да ги запише предметите што...

СООПШТЕНИЕ – заверка на зимски семeстар 2025/2026 и упис на летен семестар 2025/2026 – прв циклус студии

Објавено: февруари 2, 2026

Заверката на зимскиот семестар 2025/2026, како и запишувањето на летниот семестар во учебната 2025/2026 година за студентите запишани на прв циклус студии на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скоп­­­је  ќе ги содржи следниве чекори: Електронско пријавување од 29.1. до 9.2.2026 година Доставување на документите од 2.2. до 13.2.2026 година во Одделението за студентски...