Мали хидроцентрали

Објавено: декември 12, 2018

Предмет: Мали хидроцентрали

Код: 3ФЕИТ04008

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Проф. Д-р Вангел Фуштиќ

Цели на предметната програма (компетенции): Студентите добиваат сеопшто и стручно знаење за значењето на малите хидроцентрали како обновлив извор на електрична енергија.  Студентите учат на реални проекти на малите ХЕЦ, нивно проектирање и градба со избор и спецификации на електромашинската опрема и поврзување на среднонапонската дистрибутибна мрежа.

Содржина на предметната програма: Значење на малите хидроцентрали како обновлив извор на енергија за производство на електрична енергија. Класификација на малите хидроцентрали. Објекти на МХЕ и нивно вклопување во животната средина. Избор на локација за градба. Мали ХЕЦ на речен водотек. Мали ХЕЦ на брзи планински водотеци. Зафати и хидројазли на МХЕЦ. Машински згради. Турбински кола за МХЕЦ. Генератори за МХЕЦ. Рехабилитација на МХЕЦ. Опрема на електротехнички дел на МХЕЦ. Проектна документација и тендери на МХЕЦ. Инсталирана моќност, инсталиран протек  и можно производство на електрична енергија. Мерења и помошни системи. Стандардизација и МХЕ. Барања за квалитет на електрична енергија произведена од мали ХЕЦ. Приклучување на мали ХЕЦ на мрежа. Управување и мониторинг на МХЕЦ. Менаџмент на ризици кај малите хидроцентрали.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Тематска мрежа за мали хидроцентралиПрирачник како да се изгради мала хидроцентрала Дел 1 и 2Европска асоцијација за мали централи2004

2

Н. Џенкинс и др.Вградливо производствоИнститут на електронички и електротехнички инженери2000

3

Шапелаз,АјхенбергерМали хидроелектрични централиПАЦЕР асоцијација1995

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Г. ТаноПико-централиИНФОЕНЕРГИЈА2000

2

В. ФуштиќРеални проекти на МХЕЦ – Случаи за анализаИЕЦРП, ФЕИТ2015