ИЗВЕСТУВАЊЕ – краен рок за дипломирање и магистрирање за Промоција 2024

Објавено: март 29, 2024

Се известуваат сите студенти кои сакаат да бидат дел од овогодинешната промоција на дипломирани и магистрирани (Промоција 2024) дека треба да дипломираат, односно магистрираат, најдоцна до 12.4.2024 година. Поднесувањето на барањето за формирање комисија за одбрана на дипломскиот труд., како и останатата комплетна документација, треба да биде доставено во Одделението за студенски прашања најмалку пет...

Професор од ФЕИТ е избран за Уредник во престижно меѓународно списание

Објавено: март 25, 2024

Д-р Зоран Хаџи-Велков, редовен професор на ФЕИТ и дописен член на МАНУ, е избран за Уредник во списанието IEEE Transactions on Communications. Ова е водечко списание на ИЕЕЕ, најголемата меѓународна организација на електроинженери, и потекнува од списанието Transactions of the American Institute of Electrical Engineers основано во далечната 1884 година. Во ова списание досега се...

Конкурс за практикантска работа на ОКТА во соработка со ФЕИТ

Објавено: март 21, 2024

  ОКТА, најголемиот снабдувач на горива во земјата, објавува конкурс за практикантска работа во соработка со ФЕИТ Услови за аплицирање: Студентот да биде 3-та или 4-та година на студии од прв циклус или студент од втор циклус студии. Студентот да има средно познавање на англиски јазик. Студентот да има познавање на Microsoft Office и AutoCAD...

Конзорциумот на проектот SЕЕтheSkills го одржа својот 18 работен состанок

Објавено: март 18, 2024

Во рамките на проектот Одржливи енергетски вештини во градежништвото: Акција за зголемување на видливоста, валидацијата и вредноста на вештините (Sustainable EnErgy Skills in construction: Visible, Validated, Valuable) – SЕЕтheSkills, во Братислава на 29 февруари се одржа меѓународната конференција „BIM Virtual Tour“ на која што учествуваа претставници од 10 партнери во проектот од Северна Македонија, Словенија,...

Студентите на ФЕИТ заедно со СКЕЕОР во посета на значајни енергетски капацитети

Објавено: март 12, 2024

На 5ти март 2024 студентите на ФЕИТ организирани од Здружението за истражување и промоција на енергетска ефиканост и одржлив развој – СКЕЕОР, остварија посета на енергетски капацитети кои користат обновливи извори на енергија: фотоволтаична централа „Војшанци Солар“, трансформаторска станица (ТС) 400-110 kV „Дуброво“ и ветерна електрична централа „Богданци“. Посетата е дел од активностите во проектот...

EESTEC Academy: Robotics

Објавено: март 7, 2024

Во периодот од 29 февруари до 2 март во просториите на Факултетот за електротехника и информациски технологии ФЕИТ се одржа настанот „EESTEC Academy: Robotics“ организиран од студентската организација ЕЕСТЕК ЛК Скопје и Институтот за автоматика и системско инженерство на ФЕИТ. На настанот учествуваа околу 30 средношколци и студенти од техничките факултети кои имаа можност да...

Информација за студентски адреси – втор циклус – втор рок

Последна измена: март 8, 2024

Почитувани, Ве известуваме дека ви се креирани електронски адреси на студентскиoт сервер за електронска пошта и корисничка сметка на порталот за електронско учење: http://e-kursevi.feit.ukim.edu.mk До серверот за електронска пошта може да се пристапи преку веб-адресата: https://smail.feit.ukim.edu.mk/ Електронските адреси се во форма <studiska_programa><broj_indeks>@feit.ukim.edu.mk, каде што <broj_indeks> е бројот на индексот, без косата црта со m на...

Натпревар за ученици од основните училишта – проектна активност во рамките на TRANSIT

Објавено: март 6, 2024

Во рамки на активностите на меѓународниот проект TRANSIT, во кој македонски партнери се Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, (УКИМ), Факултет за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) и ЕВН Македонија, се организира натпревар за најдобар детски цртеж поврзан со обновливи извори на енергија. Ги покануваме учениците основните училишта на возраст од 7 до 11...