Современи системи на управување

Последна измена: ноември 15, 2019

Предмет: Современи системи на управување

Код: 3ФЕИТ01017

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови:3+0+0+3

Наставник:  Вонр.проф. д-р Весна Ојлеска Латкоска

Цели на предметната програма (компетенции): Успешното завршување на наставната дисциплина на студентите ќе им обезбеди: совладување на основите на теорија на управување, со посебен акцент на методите и техниките користени во модерната теорија на управување. Со ова студентот ќе се оспособи да препознава и решава проблеми од реалниот свет со користење на техники од модерната теорија на управување.

Содржина на предметната програма: Вовед во системи на управување. Моделирање на системи. Класични методи за анализа на системите на управување: анализа во временски домен; анализа во простор на состојби; анализа во фреквентен домен. Стабилност на системите на управување. Класични методи за синтеза (дизајн) на системите на управување. Модерни системи на управување: Методи на синтеза (дизајн) во просторот на состојби; Обсервери; Оптимално и робустно управување (линеарен оптимален регулатор и проблем на следење; калманови филтри; робустно управување; H2, и Hinf оптимално управување); Идентификација на системи; Адаптивно управување; Интелигентни системи на управување (примена на фази логика, невронски мрежи и генетски алгоритми во проблеми од управување).

Литература:

Задолжителна литература
Бр.АвторНасловИздавачГодина
1Katsuhiko OgataModern Control Engineering (5th Edition)Prentice Hall2009
2P.N. ParaskevopoulosModern Control EngineeringCRC Press2001
3R. BurnsAdvanced Control EngineeringButterworth-Heinemann2001
Дополнителна литература
Бр.АвторНасловИздавачГодина
1Norman S. NiseControl Systems Engineering, 6-th EditionWiley2010
2Gene F. Franklin, J. David Powell, Abbas Emami-NaeiniFeedback Control of Dynamic Systems (6th Edition)Prentice Hall2009
3William L. BroganModern Control Theory (3rd Edition)Pearson1990