Сооопштение за прием на студентите од I (прва) година академска 2022/2023 година

Објавено: септември 30, 2022

Република Северна Македонија

Универзитет „Св. Кирил и Методиј” – Скопје

Факултет за електротехника и информациски технологии

Се известуваат студентите во I (прва) година дека академската година ќе започне на 3 октомври 2022 година (понеделник) со официјален пречек во 11:00 часот во Амфитеатарот на ФЕИТ.

Распоред на настани:

11:00 Поздравен говор на Деканот, проф. д-р Димитар Ташковски
11:15 Поздравен говор на Претседателот на Факултетското студентско собрание – ФЕИТ, Вера Палевска
11:25 Свечено доделување на индекси на стипендисти:

• Првите десет (10) рангирани студенти на ФЕИТ на Конкурсот за упис на студенти за учебната 2022/2023 година, стипендии од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје (Амфитеатар на ФЕИТ);
• Три стипендии од Национален комитет на Северна Македонија во СИГРЕ, МАКО СИГРЕ (Амфитеатар на ФЕИТ)
• Четиринаесет (14) стипендии од Агенцијата за електронски комуникации за најдобрите студенти од прва година кои се запишале на студиската програма ТКИИ. (Институт за телекомуникации)
• Една (1) стипендија од ФЕИТ на кандидат кој како средношколец освоил прво место на државни или меѓународни натпревари. (Амфитеатар на ФЕИТ)

11:30 Час за ориентација – survival tips & tricks – неформална дружба со постари колеги – студенти на ФЕИТ
11:45 Прием на студенти по студиски програми:

Студиска програма Просторија
Електроенергетика, автоматизација и обновливи извори на енергија (ЕАОИЕ) Лабораторија за електрични машини, трансформатори и апарати
Електроенергетика и проектен менаџмент (ЕЕПМ) 212
Електроенергетски системи (ЕЕС) Лабораторија за висок напон
Компјутерско системско инженерство, автоматика и роботика (КСИАР) 211
Компјутерски технологии и инженерство (КТИ) 223
Компјутерско хардверско инженерство и електроника (КХИЕ) Институт за електроника
Телекомуникации и информациско инженерство (ТКИИ) Институт за телекомуникации