Студиска програма: 01-Обновливи извори на енергија (01 – ОИЕ)
Траење: 1 година
Број на ЕКТС кредити: 60 ЕКТС
Услови за запишување: Завршен прв циклус на академски студии и освоени 240 ЕКТС кредити, или завршени додипломски студии во траење од најмалку 8 семестри пред воведувањето на ЕКТС на сродни студиски програми во земјата и во странство.
Академски назив: Магистер по електротехника и информациски технологии од областа обновливи извори на енергија
Целта на студиската програма е образување на кадри во согласност со потребите на современото стопанство и врз основа на критериуми за квалитет на наставата на ниво на Универзитетот. Таа содржи фундаментални дисциплини од областа на обновливите извори на енергија, дополнети со нови истражувања и сознанија, но и низа нови дисциплини кои се развиени во согласност со современите научни сознанија. Студиската програма овозможува создавање кадри кои по магистрирањето ќе станат дел од електроенергетската индустрија, пред се во рамките на компаниите кои произведуваат и проектираат опрема базирана на ОИЕ, како и во компаниите за производство, пренос и дистрибуција на електрична енергија. Стручност и компетентност во дефинирање на потребите од стандардизација и регулатива согласно препораките на ЕУ. Функционирање на меѓународните тела за стандардизација. Делокруг на активности на IEC и ISO организациите. Стандардизација во Република Македонија. Примена на техничките стандарди во различни области од електротехниката со акцент на електричните уреди со зголемена ефикасност, либерализиран пазар на електрична енергија и повластени тарифи за развој на обновливите извори на енергија.
Студиската програма е развиена во согласност со критериумите, задачите и целите на ФЕИТ за задржување на високи стандарди во образување квалитетни кадри. Оваа студиска програма е конципирана врз основа на претходни искуства во изведувањето на наставата на слична студиска програма акредитирана во 2008 година, со перманентниот развој на проблематиката, како и постојаното унапредување и континуираната соработка со стопанството.
Предложената студиска програма вклучува широки познавања од ОИЕ со што студентите ќе се здобијат со знаења од областа на обновливите извори на енергија и конверзијата во електрична енергија, нивното проектирање, експлоатација, одржување, управување и планирање, како и работата во независен или систем интегриран во електроенергетскиот систем.
Семестар 1 | ||||
Задолжителни предмети | ||||
Шифра | Предмет | Кредити | Фонд | Вкупен расположив фонд на време (часови) |
3ФЕИТ02020 | Примена на обновливи извори на енергија | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
Изборен предмет 1 | 6 | 3+0+0+3 | 180 | |
Изборен предмет 2 | 6 | 3+0+0+3 | 180 | |
Изборен предмет 3 | 6 | 3+0+0+3 | 180 | |
Изборен предмет 4 | 6 | 3+0+0+3 | 180 | |
Вкупно | 30 | 15+0+0+15 | 900 | |
Изборни предмети | ||||
Шифра | Предмет | Кредити | Фонд | |
3ФЕИТ02002 | Ветрогенераторски системи и технологии | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ04004 | Енергетика и околина | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ04005 | Енергетски аспекти на ветерни електрични централи | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ02010 | Енергетски преобразувачи за обновливи извори на енергија | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ09003 | Интеграција на производството од ОИЕ во ЕЕС | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ02014 | Квалитет на електрична енергија од ОИЕ | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ02016 | Конструктивни компоненти на ветерни електрани | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ04008 | Мали хидроцентрали | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ03005 | Мерење на параметрите на обновливи извори | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ02021 | Принцип на работа и карактеристики на сончеви ќелии | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ04017 | Проектирање и градба на фотоволтаични системи | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ08026 | Производство на сончеви панели | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ04023 | Техноекономски аспекти на обновливи извори на енергија | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ08033 | Технологии за добивање енергија од биомаса | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ02023 | Технологии за складирање на сончевата енергија | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ08034 | Технологии за сончеви ќелии | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ04025 | Хибридни енергетски системи и микромрежи | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
Семестар 2 | ||||
Задолжителни предмети | ||||
Шифра | Предмет | Кредити | Фонд | Вкупен расположив фонд на време (часови) |
3ФЕИТ00 | Магистерска работа | 20 | 0+0+0+20 | 600 |
Изборни предмети | ||||
3ФЕИТ01 | Истражувачки проект од областа на обновливите извори на енергија | 6 | 0+0+0+6 | 180 |
3ФЕИТ02013 | Иноваторство и трансфер на технологии | 4 | 2+0+0+2 | 120 |
3ФЕИТ01 | Универзитетски изборен предмет | 4 | 2+0+0+2 | 120 |
Вкупно | 30 | 4+0+0+30 | 1020 |