Студиска програма: 15-Метрологија и менаџмент на квалитет (15-ММК)
Траење: 1 година
Број на ЕКТС кредити: 60 ЕКТС
Услови за запишување: Завршено прв циклус на студии (академски) на сродни студиски програми во земјата и во странство.
Академски назив: Магистер по електротехника и информациски технологии од областа метрологија и менаџмент на квалитет
Целта на студиската програма е едуцирање на магистри по метрологија и менаџмент на квалитет кои ќе бидат оспособени за работа во: различни индустриски компании, компании од енергетскиот сектор каде мерењата се значајна алка во испораката на соодветните енергенси, индустриски и научни лаборатории каде точните мерења се основен предуслов за нивно успешно функционирање, компании кои продаваат и сервисираат мерна опрема и инструментација, во институти вклучени во метролошката инфраструктура на Република Македонија, како и во сите компании каде се практикуваат мерења и има мерни системи. Оваа студиска програма создава кадар, кој сите овие сектори го препознаваат како фундаментално важен за нивниот успешен развој.
Магистрите по метрологија и менаџмент на квалитет особено може да придонесат во научно-истражувачката и наставната дејност на универзитетите, научните институти, истражувачките центри и лаборатории и друго.
Прв семестар | ||||
Задолжителни предмет | ||||
Код | Предмет | Кредити | Неделен фонд на часови | Вкупен расположив фонд на време(часови) |
3ФЕИТ03011 | Принципи на метрологија и менаџмент на квалитет | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ03006 | Мерна неодреденост и калибрација | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
Изборен предмет 1 | 6 | 3+0+0+3 | 180 | |
Изборен предмет 2 | 6 | 3+0+0+3 | 180 | |
Изборен предмет 3 | 6 | 3+0+0+3 | 180 | |
Вкупно | 30 | 15+0+0+15 | 900 | |
Изборни предмети | ||||
Код | Предмет | Кредити | Неделен фонд на часови | Вкупен расположив фонд на време(часови) |
3ФЕИТ05006 | Дигитално процесирање на сигнали | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ03001 | Законска и индустриска метрологија | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ03002 | Компјутеризирани мерени системи и виртуелна инструментација | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ03003 | Компјутерски и нумерички методи во метрологија | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ03004 | Контрола на квалитет | 6 | 3+0+0+1 | 180 |
3ФЕИТ03007 | Мерни системи во електроенергетиката | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ03008 | Мерноуправувачки системи | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ08014 | Методи и инструментални техники кај квантитативна анализа на материјали | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ12011 | Метрологија на геометриски величини | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ03009 | Мониторинг на животна и работна средина | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ08017 | Наноматеријали и наноструктури | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ08018 | Нанометрологија и стандардизација | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ08022 | Обезбедување на квалитет во радијациона дозиметрија | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ03010 | Обработка и пренос на мерни сигнали | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ03012 | Програмабилна инструментација | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ04016 | Проектен менаџмент | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ03014 | Сетила и мерни преобразувачи | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ08032 | Техники за недеструктивно тестирање | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
Втор семестар | ||||
Задолжителни предмети | ||||
Код | Предмет | Кредити | Неделен фонд на часови | Вкупен расположив фонд на време (часови) |
3ФЕИТ00 | Магистерска работа | 20 | 0+0+0+20 | 600 |
Изборни предмети | ||||
3ФЕИТ15 | Истражувачки проект од областа на метрологијата и менаџмент на квалитет | 6 | 0+0+0+6 | 180 |
Универзитетски изборен предмет | 4 | 2+0+0+2 | 120 | |
Вкупно | 30 | 2+0+0+28 | 900 |