Електрични машини и автоматизација (2 – ЕМА)

КомпетенцииIII

Студиска програма: 2 – Електрични машини и автоматизација (2-ЕМА)

Траење: 1 година

Број на ЕКТС кредити: 60 ЕКТС

Услови за запишување: Завршен прв циклус на студии (академски) на сродни студиски програми во земјата и во странство.

Академски назив: Магистер по електротехника и информациски технологии од областа електрични машини и автоматизација

Целта на студиската програма е обука на кадри во согласност со потребите на модерната индустрија и електроенергетскиот сектор. Студиската програма е концепирана врз основа на критериуми за квалитет на наставата на ниво на Универзитетот. Таа содржи фундаментални дисциплини од областа на ЕМА, дополнети со нови истражувања и сознанија, но и низа нови дисциплини кои се развиени во согласност со современите научни сознанија. Студиската програма е конципирана на начин кој овозможува стекнување на знаења и компетенции неопходни за магистер од оваа област, кои што ќе претставуваат основа за понатамошно образование и следење на технолошкиот развој.

Студиската програма е развиена во согласност со критеримите, задачите и целите на ФЕИТ за задржување на високи стандарди во образување квалитетни кадри. Оваа студиска програма е конципирана врз искуството во изведувањето на наставата на слични студиски програми во минатото, од нивното постојано унапредување и од континуираната соработка со стопанството.

Предложената студиска програма вклучува широки познавања од ЕМА со што студентите ќе се здобијат со знаења од областа на електричните машини, нивното проектирање, можностите за управување и примената на современи техники на регулација на брзината, моментот, факторот на моќност и други параметри. Исто така студентите ќе се оспособат за правилна експлоатација на автоматизираните погони, како и нивното одржување.

Студиската програма ќе овозможи создавање кадри кои по магистрирањето ќе станат дел од електроенергетската индустрија, пред се во рамките на компаниите кои произведуваат и проектираат електрични машини и трансформатори, но и во компаниите за производство пренос, и дистрибуција на електрична енергија.

Исто така, по магистрирањето на оваа студиска програма, постои можност за работа во јавната администрација чии што функции се поврзани со припрема на законска регулатива поврзана со енергетска ефикасност во проектирањето и користењето на електричните машини, но и во консултантски, проектантски и производни компании. Сегашните состојби во индустријата и електроенергетските компании укажуваат на постојана потреба од квалитетни кадри способни активно да се вклучат во инжинерската пракса, но и да одговорат на различните барањата на компаниите. Приватизацијата, модернизацијата, реструктуирањето и промените во индустријата и електроенергетскиот сектор кои што се одвиваа во изминатиот период покажуваат дека квалитетните инженерски кадри се основниот двигател на компаниите и клучот за развојот и иновациите.

Семестар 1  
Задолжителни предмети  
Шифра Предмет Кредити Фонд Вкупен расположив фонд на време (часови)
  Програмата нема задолжителни предмети      
  Изборен предмет 1 6 3+0+0+3 180
  Изборен предмет 2 6 3+0+0+3 180
  Изборен предмет 3 6 3+0+0+3 180
  Изборен предмет 4 6 3+0+0+3 180
  Изборен предмет 5 6 3+0+0+3 180
  Вкупно 30 15+0+0+15 900
Изборни предмети  
Шифра Предмет Кредити Фонд  
3ФЕИТ02001 Векторско управување на МНС 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ01003 Вмрежени системи за управување и управување во реално време 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ02004 Дигитална расклопна техника и заштита на ЕМТ 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ02003 Дијагностика и мониторинг на електрични машини 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ02005 Динамика на електромоторни погони 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ02006 Електрични машини во системи за обновливи извори на енергија 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ02016 Конструктивни компоненти на ветерни електрани 6 3+0+0+3 180

3ФЕИТ02012

Заштита на електромоторни погони 6 3+0+0+3 180

3ФЕИТ02015

Компјутерско моделирање и анализа на електрични машини 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ02017 Методи за испитување на електрични машини 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ02019 Напредни методи за проектирање на електрични машини, трансформатори и апарати 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ02022 Специјални електрични машини и нивно управување 6 3+0+0+3 180
Семестар 2  
Задолжителни предмети  
Шифра Предмет Кредити Фонд Вкупен расположив фонд на време (часови)
         
3ФЕИТ00 Магистерска работа 20 0+0+0+20 600
Изборни предмети
3ФЕИТ02 Истражувачки проект од областа на електрични машини и автоматизацијата 6 0+0+0+6 180
  Универзитетски изборен предмет 4 2+0+0+2 180
  Вкупно 30 4+0+0+30 1020