Електрични машини и автоматизација (2 – ЕМА)

КомпетенцииIII

Студиска програма: 2 – Електрични машини и автоматизација (2-ЕМА)

Траење: 1 година

Број на ЕКТС кредити: 60 ЕКТС

Услови за запишување: Завршен прв циклус на студии (академски) на сродни студиски програми во земјата и во странство.

Академски назив: Магистер по електротехника и информациски технологии од областа електрични машини и автоматизација

Целта на студиската програма е обука на кадри во согласност со потребите на модерната индустрија и електроенергетскиот сектор. Студиската програма е концепирана врз основа на критериуми за квалитет на наставата на ниво на Универзитетот. Таа содржи фундаментални дисциплини од областа на ЕМА, дополнети со нови истражувања и сознанија, но и низа нови дисциплини кои се развиени во согласност со современите научни сознанија. Студиската програма е конципирана на начин кој овозможува стекнување на знаења и компетенции неопходни за магистер од оваа област, кои што ќе претставуваат основа за понатамошно образование и следење на технолошкиот развој.

Студиската програма е развиена во согласност со критеримите, задачите и целите на ФЕИТ за задржување на високи стандарди во образување квалитетни кадри. Оваа студиска програма е конципирана врз искуството во изведувањето на наставата на слични студиски програми во минатото, од нивното постојано унапредување и од континуираната соработка со стопанството.

Предложената студиска програма вклучува широки познавања од ЕМА со што студентите ќе се здобијат со знаења од областа на електричните машини, нивното проектирање, можностите за управување и примената на современи техники на регулација на брзината, моментот, факторот на моќност и други параметри. Исто така студентите ќе се оспособат за правилна експлоатација на автоматизираните погони, како и нивното одржување.

Студиската програма ќе овозможи создавање кадри кои по магистрирањето ќе станат дел од електроенергетската индустрија, пред се во рамките на компаниите кои произведуваат и проектираат електрични машини и трансформатори, но и во компаниите за производство пренос, и дистрибуција на електрична енергија.

Исто така, по магистрирањето на оваа студиска програма, постои можност за работа во јавната администрација чии што функции се поврзани со припрема на законска регулатива поврзана со енергетска ефикасност во проектирањето и користењето на електричните машини, но и во консултантски, проектантски и производни компании. Сегашните состојби во индустријата и електроенергетските компании укажуваат на постојана потреба од квалитетни кадри способни активно да се вклучат во инжинерската пракса, но и да одговорат на различните барањата на компаниите. Приватизацијата, модернизацијата, реструктуирањето и промените во индустријата и електроенергетскиот сектор кои што се одвиваа во изминатиот период покажуваат дека квалитетните инженерски кадри се основниот двигател на компаниите и клучот за развојот и иновациите.

Семестар 1 
Задолжителни предмети 
ШифраПредметКредитиФондВкупен расположив фонд на време (часови)
 Програмата нема задолжителни предмети   
 Изборен предмет 163+0+0+3180
 Изборен предмет 263+0+0+3180
 Изборен предмет 363+0+0+3180
 Изборен предмет 463+0+0+3180
 Изборен предмет 563+0+0+3180
 Вкупно3015+0+0+15900
Изборни предмети 
ШифраПредметКредитиФонд 
3ФЕИТ02001Векторско управување на МНС63+0+0+3180
3ФЕИТ01003Вмрежени системи за управување и управување во реално време63+0+0+3180
3ФЕИТ02004Дигитална расклопна техника и заштита на ЕМТ63+0+0+3180
3ФЕИТ02003Дијагностика и мониторинг на електрични машини63+0+0+3180
3ФЕИТ02005Динамика на електромоторни погони63+0+0+3180
3ФЕИТ02006Електрични машини во системи за обновливи извори на енергија63+0+0+3180
3ФЕИТ02016Конструктивни компоненти на ветерни електрани63+0+0+3180

3ФЕИТ02012

Заштита на електромоторни погони63+0+0+3180

3ФЕИТ02015

Компјутерско моделирање и анализа на електрични машини63+0+0+3180
3ФЕИТ02017Методи за испитување на електрични машини63+0+0+3180
3ФЕИТ02019Напредни методи за проектирање на електрични машини, трансформатори и апарати63+0+0+3180
3ФЕИТ02022Специјални електрични машини и нивно управување63+0+0+3180
Семестар 2 
Задолжителни предмети 
ШифраПредметКредитиФондВкупен расположив фонд на време (часови)
     
3ФЕИТ00Магистерска работа200+0+0+20600
Изборни предмети
3ФЕИТ02Истражувачки проект од областа на електрични машини и автоматизацијата60+0+0+6180
 Универзитетски изборен предмет42+0+0+2180
 Вкупно304+0+0+301020