Дигитално процесирање на сигнали (10-ДПС)

КомпетенцииIII

Студиска програма: 10-Дигитално процесирање на сигнали (10-ДПС)

Траење: 1 година

Број на ЕКТС кредити: 60 ЕКТС

Услови за запишување: Завршен прв циклус на студии – академски, од областа на техничките науки и природно математички факултет.

Академски назив: Магистер по електротехника и информациски технологии од областа дигитално процесирање на сигнали

Дигитално процесирање на сигнали е во основа на целата денешна информатичка и комуникациска технологија и областите на нејзината примена постојано се шират, како на пример комуникациите, мултимедијата, компјутерските системи, роботика, медицината, економијата и многу други. Брзиот развој во производството и во користењето на дигиталните уреди и системи наметна потреба за кадар со поголемо теоретско знаење и дизајнерски вештини за развој на нови напредни системи и техники.

Оваа студиска програма е дизајнирана така што овозможува разбирање на основите на DSP, принципите, тековните апликации како и на новите трендови. Наменета е за:

  • Студенти (со соодветен степен на квалификации) кои сакаат да ги зголемат своите можности за вработување во фирми кои се бават со проектирање на софтвер или хардвер и применуваат DSP технологии
  • Студенти кои тежнеат да се здобијат со продлабочено теоретско знаење и квалификации релевантни за успешно занимавање со модерни DSP технологии
  • Вработени во фирми кои применуваат процесирање на сигнали кои имаат потреба од формални квалификациии и сакаат да го прошират своето знаење во најразлични полиња на примени на DSP
  • Инженери, дизајнери на хардвер и софтвер, менаџери како и планери во индустријата кои тежнеат кон продлабочено разбирање на сегашните пристапи во DSP технологијата и примените и имаат амбиција за проширување на областите на примена на методите на DSP.

Студиската програма има за цел да ги оспособи студентите:

  • да ги имплементираат DSP техниките во нови области на примена
  • да демонстрираат разбирање за теоретските проблеми во процесирање на звук, слика, видео
  • да се здобијат со соодветна оспособеност за решавање на практични проблеми во сите домени на примена на DSP
  • да покажат зрелост и оспособеност за следење на моментната состојба во истражувањата во некоја од специфичните области на DSP

Прв семестар

Задолжителни предмети

Код Предмет Кредити Неделен фонд на часови Вкупен расположив фонд на време (часови)
3ФЕИТ05011 Напредни техники за дигитално процесирање на сигнали 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ05001 DSP микроконтролери во реално време 6 3+0+0+3 180
  Изборен предмет 1 6 3+0+0+3 180
  Изборен предмет 2 6 3+0+0+3 180
  Изборен предмет 3 6 3+0+0+3 180
Вкупно 30 15+0+0+15 900
Изборни предмети
Код Предмет Кредити Неделен фонд на часови Вкупен расположив фонд на време (часови)
3ФЕИТ05002 Биометрика и видео набљудување 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ05003 Дигитално процесирање на аудио 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ05009 Машински вид 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ05022 Процесирање и анализа на биомедицински сигнали 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ05023 Процесирање и анализа на слика 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ05024 Процесирање на биомедицински слики 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ03013 Сензори, сигнали и системи за аквизиција на податоци 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ05025 Сигурност во мултимедија 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ10031 Статистичко процесирање на сигналите и статистичко учење 6 3+0+0+3 180

Втор семестар

Задолжителни предмети

Код Предмет Кредити Неделен фонд на часови Вкупен расположив фонд на време(часови)
3ФЕИТ00 Магистерска работа 20 0+0+0+20 600
Изборни предмети
3ФЕИТ10 Истражувачки проект од областа на дигиталното процесирање на сигнали 6 0+0+0+6 180
Иновациски менаџмент 4 2+0+0+2 120
Универзитетски изборен предмет 4 2+0+0+2 120
Вкупно 30 4+0+0+30 1020