65 години ФЕИТ – Свечена академија и промоција 2024

Датум на настан: 18.06.2024

По повод 65 години постоење, Факултетот за електротхеника и информациски технологии организира Свечена академија на 18 јуни 2024 во 20h во Филхармонија на РСМ. По свечената академија следи промоцијата на магистри и дипломирани инженери за 2024. Во продолжение програмата за настанот:...

Промоција на дипломирани инженери и магистри 2024

Датум на настан: 18.06.2024

Промоцијата на студентите кои дипломирале и магистрирале од мај 2023 до април 2024 година ќе се одржи на 18.06.2024 година, во Филхармонија на РСМ во Скопје. Оваа година настанот ќе биде збогатен и со пригодна свечена академија со која ќе се одбележи 65-годишнината од постоењето на Факултетот. Детали за промоцијата: Списоците на дипломираните и на...

Спортска дружба по повод 65 години ФЕИТ

Објавено: јуни 17, 2024

 По повод 65 години ФЕИТ, спортското друштво при ФЕИТ-Peak2Peak организираше неколку спортски настани. Настаните се одржаа на 15 јуни 2024 (сабота). За одбележување на јубилејот, беа поканети сите поранешни и тековни студенти, како и вработените од ФЕИТ. Како главен настан беше предложено групно возење велосипеди до Јегуновци во должина од 65 km. Со оглед на...

20 јуни 2024 – Ден на енергија и одржливост на ФЕИТ

Објавено: јуни 11, 2024

Во соработка со одделот за електроенергетика во македонската секција на IEEE, ФЕИТ го организира Денот на енергија и одржливост. Настанот се одржува во рамки на иницијативата Денови на одржлива енергија, а чија цел е промоција на користење чиста енергија и енергетска ефикасност. Плановите за спроведување на енергетската транзиција и потребата за сигурно снабдување со енергија...

Одбојкарките на ФЕИТ шампиони во Универзитетската лига

Објавено: јуни 5, 2024

На 27.05.2024 г. во Спортската Сала ” Македонски херои” при ФФОСЗ се одиграа завршните финални мечеви од одбојкарското натпреварување во женска категорија на УКИМ. Во одличен натпревар, со фантастична атмосфера и мотивирана игра за победа, во финалето силите ги одмерија одбојкарките од Факултетот за eлектротехника и информациски технологии и Архитектонскиот Факултет. После покажаниот квалитет во...

Подобрување на европско истражување и развој преку соработка меѓу индустријата и високото образование

Датум на настан: 06.06.2024

На 6ти јуни 2024 година (четврток), со почеток во 10:00 часот во Центарот на трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ на Факултетот за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ ќе се одржи настанот „Подобрување на европско истражување и развој преку соработка меѓу индустријата и високото образование “. Работилницата е организирана во рамки на проектот...

Потпишан меморандум за соработка меѓу ФЕИТ и Стјуарт Инспект

Објавено: мај 28, 2024

ФЕИТ потпиша меморандум за соработка со меѓународно етаблираната компанија Стјуарт Инспект во областите поврзани со joнизирачко зрачење и радијациона сигурност. Предмет на соработката е заедничко настапување во испитувања и процена на персоналниот дозен еквивалент од надворешно изложување на јонизирачко зрачење, како и мерење на брзината на амбиенталниот дозен еквивалент во близина на извори на јонизирачко...

Две студентки од ФЕИТ меѓу најдобро дипломираните студенти на УКИМ за учебната 2022/2023 година

Објавено: мај 20, 2024

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ги награди Ангела Мешкова и Матеа Ташковска од ФЕИТ, како дел од најдобро дипломираните студенти на универзитетот за учебната 2022/2023 година. Двете студентки постигнаа просечен успех од 10.00 на студиите на ФЕИТ и беа наградени со пофалница и златник со ликот на Светите Кирил и Методиј. Им честитаме...

ФЕИТ е учесник во новиот меѓународен проект „Унапредување на користењето на радијациони технологии за подобрена ефикасност на ресурсите“

Објавено: мај 16, 2024

ФЕИТ е учесник во новиот меѓународен проект „Унапредување на користењето на радијациони технологии за подобрена ефикасност на ресурсите“, финансиран од Меѓународната агенција за атомска енергија.  На првиот координативен состанок што се одржа во Институт за нуклеарна хемија и технологија во Варшава учествуваше националниот координатор проф. д-р Христина Спасевска, заедно со научници и експерти од Албанија,...

“Технологија за тебе“: Матурантите на ФЕИТ се натпреваруваа во примена на микропроцесорски системи

Последна измена: мај 20, 2024

Средношколци од десет средни училишта за техничко образование од Македонија, вчера на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) се натпреваруваа во практична примена на знаењата преку употреба на развојни микропроцесорски системи. Натпреварот е во рамките на проектот „Технологија за тебе“ организиран од ФЕИТ-ФАБЛАБ, Институтот за Електроника и Логинг Електроникс, кој вклучува и работилници, каде...

Нова книга од проф. д-р Тони Јаневски – „Future Fixed and Mobile Broadband Internet, Clouds and IoT/AI“ од светски реномираниот издавач Wiley – IEEE Press

Објавено: мај 13, 2024

Проф. д-р Тони Јаневски од Институтот за телекомуникации при Факултетот за електротехника и информациски технологии, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, објави нова книга со наслов „Future Fixed and Mobile Broadband Internet, Clouds and IoT/AI“ од светски реномираниот издавач Wiley – IEEE Press, која се појави на глобално ниво во април 2024 година. Книгата...

Годишна конференција на докторски студии од техничко-технолошки науки

Објавено: мај 10, 2024

Годишна конференција на докторски студии од техничко-технолошки науки Школа за докторски студии на УКИМ 14-15 мaj, 2024 Амфитеатар на ТМФ/ФИНКИ Постер за годишната конференција на докторските студии од техничко - технолошките науки Програма на годишната конференција на докторските студии од техничко - технолошките науки...

Sicence@FEIT – Прв меѓународен конгрес на студенти од техничките факултети

Објавено: мај 10, 2024

На 9. мај 2024 година започна Првиот меѓународен конгрес за студенти од техничките факултети Sicence@FEIT организиран од Факултетското студентско собрание на ФЕИТ. Во текот на три дена, учесниците на конгресот ќе имаат можност да проследат низа предавања на актуелни теми од сите области на електротехниката и информациските технологии, вклучувајќи и теми поврзани со длабоко учење,...

Финале на RoboMac 2024

Објавено: април 26, 2024

Ве покануваме на финалниот натпревар на овогодинешниот RoboMac 2024 кој ќе се одржи во сабота 27 април во 17:00 часот, во амфитеатарот на ФЕИТ. RoboMac е годишна меѓународна студентска работилница и натпревар по роботика, aвтоматика, електроника и вештачка интелигенција, кој се одржува по 12ти пат на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје....

Се одржа натпреварот ROBOMAC Junior 2024

Објавено: април 26, 2024

Во периодот од 22 април до 25 април на Факултетот за електротехника и информациски технологии ФЕИТ во Скопје се одржа натпреварот во роботика, вештачка интелигенција и електроника за учениците во средните училишта од Македонија – ROBOMAC Junior 2024. Главен организатор беше токму ФЕИТ и студентскиот огранок на ИЕЕЕ. На натпреварот учествуваа 54 учесници од четврта...

„Натпревар за компании/стопански здруженија кои дале најголем придонес кон одржливоста и искористувањето на обновливи извори на енергија – проект TRANSIT “

Последна измена: јуни 11, 2024

Проектот TRANSIT во кој учествуваат  Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, (УКИМ), Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) и ЕВН Македонија ги поканува претпријатијата со дејност во полето на енергетиката и обновливите извори на енергија, да учествуваат на натпреварот за претпријатија/стопански здруженија кои во изминатите 12 месеци најмногу работеле и придонеле за распространување...

Натпревар за најдобра магистерска работа – проект TRANSIT

Последна измена: јуни 11, 2024

Проектот TRANSIT во кој учествуваат  Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, (УКИМ)/Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) и ЕВН Македонија ги поканува студентите кои завршиле втор степен на студии во учебната 2022/2023 година, во областите на транзиција кон одржлив развој и/или обновливи извори на енергија да учествуваат во натпревар за најдобра магистерска работа....

Свечено отворени RoboMac и RoboMac Junior 2024 на ФЕИТ

Објавено: април 23, 2024

На Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) започна 12-тото издание на Робомак и 4-тото издание на Робомак јуниор. На двата Робомак настани учествуваат околу 115 учесници – студенти и средношколци. Робомак 2024 претставува меѓународен натпревар, семинар и студентска конференција во полето на роботиката, електрониката, автоматиката и вештачката интелигенција. Финалниот натпревар во сите категории ќе...

RoboMac 2024 – натпревар по роботика, автоматика, електроника и вештачка интелигенција во Македонија

Датум на настан: 22.04.2024

Факултетот за електротехника и информациски технологии ги повикува сите студенти, ентузијасти и љубители на роботиката да се пријават на меѓународниот натпревар по роботика, автоматика, електроника и вештачка интелигенција „RoboMac 2024”, кој ќе се одржи во периодот од 22–ри до 27–ми април (со пауза на 24.4.2024, поради неработен изборен ден). Ова собиралиште на млади иноватори и...

RoboMac Junior 2024

Објавено: април 9, 2024

Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје и Македонската секција на IEEE, ја продолжува воспоставената традиција и по четврти пат го организира натпреварот за средношколци во роботика и електроника RoboMac Junior 2024, во периодот од 22 до 25 април 2024 (со пауза на 24.4.2024, поради неработен изборен ден)....

УКИМ преку својата фондација „Атанас Близнакоф“ од САД е генерален покровител на RoboMac 2024

Објавено: април 9, 2024

      Со особено задоволство ве информираме дека УКИМ, преку својата фондација „Атанас Близнакоф“ од САД, комплетно застана зад организацијата на овогодинешниот RoboMac 2024 вклучувајќи го и RoboMac Junior. Препознатливоста на брендот RoboMac како и квалитетот на студентите и средношколците кои тој ги привлекува беа причина фондацијата значително да ја помогне организацијата на овогодинешната...

Студенти од ФЕИТ на студиска посета во Германија

Објавено: април 8, 2024

Студентската посета во Германија, организирана од Универзитетот за применети науки во Анхалт, имаше за цел да им обезбеди на студентите од Факултетот за електротехника и информациски технологии практично искуство и запознавање со најновата опрема во областа на комуникациски и вградени системи. Во текот на двете недели, од 18-ти март до 29-ти март, студентите учествуваа во...