Студиска програма: 9- Вградливи микрокомпјутерски системи (9-ВМС)
Траење: 1 година
Број на ЕКТС кредити: 60 ЕКТС
Услови за запишување: Завршен прв циклус на студии (академски) на сродни студиски програми во земјата и во странство.
Академски назив: Магистер по електротехника и информациски технологии од областа вградливи микрокомпјутерски системи
Студиската програма Вградливи микрокомпјутерски системи има за цел да изгради профили кои се извонредно барани во светот. Посебен интерес за овој профил има во автомобилската индустрија, авиоиндустријата, индустријата за широка потрошувачка, медицинска опрема и практично во сите области каде што се применуваат т.н. „интелигентни“ уреди. Вградените микрокомпјутери се скриените делови кои што им ја даваат „интелигенцијата“ на уредите.
Овие магистерски студии нудат можност инженерите да се стекнат со компетенции барани и од голем број можни инвеститори во Република Македонија. Програмата обезбедува профили и за домашните компании кои што креираат сопствени призводи, а добар дел од нив и за out-sourcing ангажмани. Знаењата што програмава им ги нуди на идните магистри претставуваат солидна основа и за сопствени креации со кои што можат да започнат сопствен бизнис во областа.
Програмата ВМС е насочена кон научно-истражувачко изградување на кандидатите во доменот на применетите науки. Комбинацијата од истражувачки и практични вештини е ценета на голем број светски универзитети и истражувачки институти, а секако и на домашните.
Семестар 1 | ||||
Задолжителни предмети | ||||
Шифра | Предмет | Кредити | Фонд | Вкупен расположив фонд на време (часови) |
3ФЕИТ05026 | Современи микроконтролери за проектирање вградливи системи | 6 | 3+0+0+3 | |
Изборните предмети 1 и 2 и 3 се избираат од листата А. Изборниот предмет 4 се избира од листата Б или од листата на сите наставни предмети застапени на единицата на универзитетот. |
||||
Изборен предмет 1 | 6 | 3+0+0+3 | 180 | |
Изборен предмет 2 | 6 | 3+0+0+3 | 180 | |
Изборен предмет 3 | 6 | 3+0+0+3 | 180 | |
Изборен предмет 4 | 6 | 3+0+0+3 | 180 | |
Вкупно | 30 | 15+0+0+15 | 900 | |
Изборни предмети – Листа А
*Задолжително се избираат најмалку два од предложените предмети од листата А |
||||
3ФЕИТ05014 | Програмирање на вградливи системи во ‘C’ | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ05019 | Проектирање системи со FPGA | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ05001 | DSP микроконтролери за реално време | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ05018 | Проектирање системи со 8-битни микроконтролери | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
Изборни предмети – Листа Б | ||||
*Се избираат најмногу еден од предложените изборни предмети од листата Б, зависно од бројот на избрани предмети од листата А | ||||
3ФЕИТ05015 | Програмирање со VxWorks RTOS | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ07023 | Техники за дизајн на компјутерски системи | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ05012 |
Од микроелектроника до наноелектроника | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
Интерфејси за комуникација и тестирање | 6 | 3+0+0+3 | 180 | |
3ФЕИТ05020 | Проектирање системи со аналогни и комбинирани сигнали | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ01016 | Современи мехатронички системи | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
Втор сесместар | ||||
3ФЕИТ00 | Магистерска работа | 20 | 0+0+0+20 | 600 |
Изборни предмети | ||||
3ФЕИТ09 | Истражувачки проект од областа вградливи микрокомпјутерски системи | 6 | 0+0+0+6 | 180 |
Универзитетски изборен предмет | 4 | 2+0+0+2 | 120 | |
Вкупно | 30 | 2+0+0+28 | 900 |