Студиска програма: 18- Енергетска електроника (18-ЕНЕЛ)
Траење: 1 година
Број на ЕКТС кредити: 60 ЕКТС
Услови за запишување: Завршен прв циклус на студии (академски) на сродни студиски програми во земјата и во странство.
Академски назив: Магистер по електротехника и информациски технологии од областа енергетска електроника
Практиката покажува дека застапеноста на енергетската електроника во наставните планови на додипломските студии на ФЕИТ не овозможува здобивање со заокружени познавања од оваа област. Дипломираните електро–инженери вработени во македонската индустрија често имаат потреба од подолг период на адаптација и самообука за да ги совладаат основните аспекти на енергетската електроника и нејзината примена ако тоа го бара нивното работно место. Периодот е уште подолг ако производниот процес бара нивно вклучување во проектирање на уреди со вградена енергетска електроника. Кај електро–инженерите, кои подолго време работат во ова подрачје, постои исто така потреба од проширување и обновување на знаењата со најсовремените достигнувања на енергетската електроника.
Предложените предмети на постдипломски студии ја задоволуваат потребата на македонската индустрија од соодветно едуцирани електро–инженери во областа на енергетската електроника. Едуцираните кадри на овие постдипломски студии и дисеминацијата на стекнатите познавања овозможуваат подобрувања на конкурентноста на постојната македонска индустрија во новиот амбиент на пазарната економија во регионот и пошироко.
Имајќи ја во предвид потребата од примената на Енергетската електроника во идниот техничко–технолошки развој, Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје донесе одлука за повторна акредитација на втор циклус на студии од областа Енергетска електроника.
Постдипломските студии по Енергетска електроника се стремат кон врвно европско образование и обучување на инженери, кои ќе испорачуваат автоматизирани и интелигентни системи за конверзија, управување и искористување на електричната енергија што се висококвалитетни и доверливи и ги задоволуваат потребите на локалната индустрија и индустријата воопшто. Вториот циклус на студии по Енергетска електроника има за цел да едуцира специјалисти кои ќе можат да ја понесат техничката и економската одговорност на проектирање, развој, користење и одржување на уреди и системи за конверзија, управување и искористување на електричната енергија.
Потребата од едуцирани кадри од областа Енергетска електроника е забележлива на универзитетите во светот, но и во индустријата. Наставните содржини од студиската програма Енергетска електроника се препознатливи и се застапени на следните универзитети во Европа и светот:
- Masters and Ph.D. in Power Electronics, The Bradley Department of Electrical & Computer Engineering, Blacksburg, Virginia Tech, USA, (http://www.ece.vt.edu/).
- M.Sc. in Power Electronics & Drives, Aalborg University, DK, (http://esn.aau.dk/masters/power_electronics_and_drives/).
- M.Sc. in Power Electronics and Drives, University of Nottingham, Nottingham, United Kingdom, (http://pgstudy.nottingham.ac.uk/School/Courses/content.aspx?Id=118).
- Máster en Electrónica Industrial, Escuela Técnica Superior de Ingenieros Industriales, Madrid, E, (http://www.upmdie.upm.es/postgrado/asignaturas.htm).
- Postgraduate Course: Power Electronics (M.Sc.) (PGEE10015) The University of Edinburgh, (http://www.drps.ed.ac.uk/12-13/dpt/cxpgee10015.htm)
Во услови на перманентен научен и техничко–технолошки напредок се зголемува потребата за развој на Енергетската електроника. Овие студи им овозможуваат на студентите и понатамошни сопствено неформално образование од областа на Енергетска електроника (курсеви, обуки и слично), но и продолжување на своето формално образование на трет циклус на студии, докторски студии.
Магистрите по Енергетска електроника особено може да придонесат во научно–истражувачката работа и наставната работа на Универзитетите, научните институти и индустриските истражувачки центри.
Предложениот концепт на новата студиска програма е во согласност со режимот на студирање и Правилникот за единствени основи за организирање на постдипломски студии на Универзитетот „Светите Кирил и Методиј“ во Скопје, усогласен со нормативните акти и законските определби, како и Законот за високо образование.
Прв семестар | ||||
Задолжителни предмети | ||||
Код | Предмет | Кредити | Неделен фонд на часови | Вкупен расположив фонд на време(часови) |
3ФЕИТ05008 | Енергетски електронски компоненти и преобразувачи | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
Изборен предмет 1 | 6 | 3+0+0+3 | 180 | |
Изборен предмет 2 | 6 | 3+0+0+3 | 180 | |
Изборен предмет 3 | 6 | 3+0+0+3 | 180 | |
Изборен предмет 4 | 6 | 3+0+0+3 | 180 | |
Вкупно | 30 | 15+0+0+15 | 900 | |
Изборни предмети | ||||
Код | Предмет | Кредити | Неделен фонд на часови | Вкупен расположив фонд на време(часови) |
3ФЕИТ05007 | Енергетски електронски елементи | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ05017 | Проектирање на прекинувачки извори за напојување | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ05016 | Проектирање на енергетски конвертори | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ05021 | Проектирање согласно со стандардите – PFC & EMC | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ05013 | Преобразувачи со прелевање електричен полнеж | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ02018 | Моделирање на електромоторни погони | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ02001 | Векторско управување на МНС | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ04017 | Проектирање и градба на фотоволтаични системи | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ05018 | Проектирање системи со 8-битни микроконтролери | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ05019 | Проектирање системи со FPGA | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ01017 | Современи системи на управување | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
Втор семестар | ||||
Задолжителни предмети | ||||
Код | Предмет | Кредити | Неделен фонд на часови | Вкупен расположив фонд на време (часови) |
3ФЕИТ00 | Магистерска работа | 20 | 0+0+0+20 | 600 |
Изборни предмети | ||||
3ФЕИТ18 | Истражувачки проект од областа на енергетската електроника | 6 | 0+0+0+6 | 180 |
Универзитетски изборен предмет | 4 | 2+0+0+2 | 120 | |
Вкупно | 30 | 2+0+0+28 | 900 |