ВГРАДЛИВИ МИКРОКОМПЈУТЕРСКИ СИСТЕМИ (9-ВМС)

Студиска програма: 9- Вградливи микрокомпјутерски системи (9-ВМС)

Траење: 1 година

Број на ЕКТС кредити: 60 ЕКТС

Услови за запишување: Завршен прв циклус на студии (академски) на сродни студиски програми во земјата и во странство.

Академски назив: Магистер по електротехника и информациски технологии од областа вградливи микрокомпјутерски системи

Студиската програма Вградливи микрокомпјутерски системи има за цел да изгради профили кои се извонредно барани во светот. Посебен интерес за овој профил има во автомобилската индустрија, авиоиндустријата, индустријата за широка потрошувачка, медицинска опрема и практично во сите области каде што се применуваат т.н. „интелигентни“ уреди. Вградените микрокомпјутери се скриените делови кои што им ја даваат „интелигенцијата“ на уредите.

Овие магистерски студии нудат можност инженерите да се стекнат со компетенции барани и од голем број можни инвеститори во Република Македонија. Програмата обезбедува профили и за домашните компании кои што креираат сопствени призводи, а добар дел од нив и за out-sourcing ангажмани. Знаењата што програмава им ги нуди на идните магистри претставуваат солидна основа и за сопствени креации со кои што можат да започнат сопствен бизнис во областа.

Програмата ВМС е насочена кон научно-истражувачко изградување на кандидатите во доменот на применетите науки. Комбинацијата од истражувачки и практични вештини е ценета на голем број светски универзитети и истражувачки институти, а секако и на домашните.

Семестар 1 
Задолжителни предмети 
ШифраПредметКредитиФондВкупен расположив фонд на време (часови)
3ФЕИТ05026Современи микроконтролери за проектирање вградливи системи63+0+0+3 
Изборните предмети 1 и 2 и 3 се избираат од листата А.
Изборниот предмет 4 се избира од листата Б или од листата на сите наставни предмети застапени на  единицата на универзитетот.
 Изборен предмет 163+0+0+3180
 Изборен предмет 263+0+0+3180
 Изборен предмет 363+0+0+3180
 Изборен предмет 463+0+0+3180
 Вкупно3015+0+0+15900
Изборни предмети – Листа А

*Задолжително се избираат најмалку два од предложените предмети од листата А

3ФЕИТ05014Програмирање на вградливи системи во ‘C’63+0+0+3180
3ФЕИТ05019Проектирање системи со FPGA63+0+0+3180
3ФЕИТ05001DSP микроконтролери за реално време63+0+0+3180
3ФЕИТ05018Проектирање системи со 8-битни микроконтролери63+0+0+3180
Изборни предмети – Листа Б
*Се избираат најмногу еден од предложените изборни предмети од листата Б, зависно од бројот на избрани предмети од листата А
3ФЕИТ05015Програмирање со VxWorks RTOS63+0+0+3180
3ФЕИТ07023Техники за дизајн на компјутерски системи63+0+0+3180

3ФЕИТ05012
Од микроелектроника до наноелектроника63+0+0+3180
Интерфејси за комуни­кација и тестирање63+0+0+3180
3ФЕИТ05020Проектирање системи со аналогни и комбинирани сигнали63+0+0+3180
3ФЕИТ01016Современи мехатронички системи63+0+0+3180
Втор сесместар
3ФЕИТ00Магистерска работа200+0+0+20600
Изборни предмети
3ФЕИТ09Истражувачки проект од областа вградливи микро­компјутерски системи60+0+0+6180
 Универзитетски изборен предмет42+0+0+2120
 Вкупно302+0+0+28900