Регулатива во енергетика, електронски комуникации и сообраќај (17-РЕЕКС)

Студиска програма: 17 – Регулатива во енергетика, електронски комуникации и сообраќај (17-РЕЕКС)

Траење: 1 година

Број на ЕКТС кредити: 60 ЕКТС

Услови за запишување: Завршен прв циклус на студии (академски) на студиски програми од технички и природни науки, економија, право и сродни на нив студиски програми во земјата и во странство.

Академски назив: Магистер по регулатива во енергетика, електронски комуникации и сообраќај

Студиската програма ги вклучува најважните аспекти на регулативата во енергетиката, електронските комуникации и сообраќајот со цел студентите да се здобијат со знаења од областа на потребата од воспоставување на регулатива во дејностите за пренос на стока или информации преку големи вмрежени системи, како што се електроенергетските системи, системите за транспорт на природен гас, електронските комуникациски мрежи и сообраќајот, како и начинот на креирање и примена на истата преку следење и толкување на глобалните политики во соодветните дејности.

Студиската програма ќе овозможи создавање кадри кои по магистрирањето ќе станат дел од дејностите во енергетскиот, сообраќајниот сектор или секторот на електронски комуникации, пред се во рамките на телеком оператори, оператори на мрежни системи, консултантски компании, регулаторни тела и државни и други јавни институции од соодветната област. Сегашните состојби во посочените компании, тела и институции, особено заради потребата од развој на регулативата и нејзино усогласување со барањата и стандардите воспоставени во Европската унија, укажуваат на зголемена потреба од квалитетни кадри способни да се вклучат во современите текови и да одговорат на барањата на различните сегменти од стопанството и администрацијата. Реструктуирањето и промените во јавните инфраструктурни сектори, кои што се одвиваа во изминатиот период, но кои треба да продолжат со несмалено темпо, покажуваат дека квалитетните кадри се најважниот сегмент за успешно изведување на овој процес.

Студиската програма содржи фундаментални дисциплини од областа на регулативата на мрежните дејности, дополнети со нови сознанија од областа, но и низа нови дисциплини и глобални политики и практики кои се развиени во согласност со современите сознанија и потреби во оваа област.

Прв семестар
Задолжителни предмети
КодПредметКредитиНеделен фонд на часовиВкупен расположив фонд на време (часови)
3ФЕИТ11004Избрани проблеми од економија на јавниот сектор63+0+0+3180
3ФЕИТ12005Основи на договорно и на потрошувачко право63+0+0+3180

Изборен предмет 163+0+0+3180

Изборен предмет 263+0+0+3180

Изборен предмет 363+0+0+3180
Вкупно
3015+0+0+15900
Изборни предмети
КодПредметКредитиНеделен фонд на часовиВкупен расположив фонд на време (часови)
3ФЕИТ10004Бизнис менаџмент во телекомуникациите63+0+0+3180
3ФЕИТ11002Европска регулатива за превоз на патници63+0+0+3180
3ФЕИТ12002Европска регулатива при превозот на стока63+0+0+3180
3ФЕИТ02008Енергетска политика и безбедност63+0+0+3180
3ФЕИТ03001Законска и индустриска метрологија63+0+0+3180
3ФЕИТ10016Мерења во Интернет63+0+0+3180
3ФЕИТ09010Регулатива во енергетиката63+0+0+3180
3ФЕИТ11006Регулатива во железничкиот транспорт63+0+0+3180
3ФЕИТ10026Реконфигурабилни мрежи63+0+0+3180
3ФЕИТ11007Сообраќајна политика и економика63+0+0+3180
3ФЕИТ06009Регулатива во областа на животната средина63+0+0+3180
3ФЕИТ10030Стандарди и регулатива за радиофреквенциски спектар63+0+0+3180
3ФЕИТ09013Функционирање на пазарите на електрична енергија63+0+0+3180

Втор семестар


Задолжителни предмети
КодПредметКредитиНеделен фонд на часовиВкупен расположив фонд на време(часови)
3ФЕИТ00Магистерска работа200+0+0+20600
Изборни предмети
3ФЕИТ17Истражувачки проект од областа на регулативата во енергетика, електронски комуникации и сообраќај60+0+0+6180
3ФЕИТ11001Авторско право и сродни права42+0+0+2120

Универзитетски изборен предмет42+0+0+2120
Вкупно
304+0+0+301020