ОТВОРЕН ДЕН НА ФЕИТ – Cofee@FEIT 2.0.

Објавено: мај 17, 2022

На 14.05.2022 година на нашиот факултет се оддржа Отворен ден 2022 година. Настанот беше организиран како неформално дружење на наставниот кадар, студентите и средношколците. Со организирање на овој Отворен ден, ФЕИТ на средношколците им ги  претстави можностите и условите за студирање, детално ги запозна со студиските програми како и тековните проекти на кои работат нашите...

Трета работилница за развојни микропроцесорски системи во рамките на проектот „Технологија за тебе„

Објавено: мај 11, 2022

На 09 и 10.05.2022 година се реализираше третата работилница за развојни микропроцесорски системи во организација на Логинг Електроникс и Факултетот за електротехника и информациски технологии. На работилницата земаа учество 30-ученици и 28-професори од девет средни училишта за техничко образование од Македонија: СУГС Владо Тасевски, Скопје; СОУ Ѓорче Петров, Крива Паланка; СОТУ Ѓорѓи Наумов, Битола; ССОУ...

Kомпанијата Infineon Technologies Austria организираше работилница на ФЕИТ

Објавено: мај 10, 2022

Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје беше домаќин на дводневната работилница „Infineon meets FEEIT“, во организација на компанијата Infineon Technologies Austria како дел од програмата IPCEI Microelectronics. Infineon Technologies е во топ 10 светски компании од полупроводничката индустрија со повеќе од 50 000 вработени на светско ниво....

Infinum Academy

Објавено: мај 10, 2022

Инфинум Академијата нуди 5-неделни бесплатни курсеви за програмирање. Во тек е пријавувањето за курсевите за iOS и Android. Сите заинтересирани може да аплицираат на https://academy.infinum.com  најдоцна до 15 Мај....

ФЕИТ доби донација на опрема од SIEMENS и СисКон

Објавено: мај 3, 2022

Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) ја опреми Лабораторијата за релејна заштита со дигитално најсовремена опрема, донација на SIEMENS Австрија и локалниот партнер и дистрибутер СисКон. За правилно и успешно користење на донацијата, австрискиот производител обезбеди и обука за професорите кои понатаму ќе работат со студентите да се запознаат со најновата технологија, а се...

Infineon meets FEEIT

Датум на настан: 05.05.2022

Thursday and Friday, 5 and 6 May 2022, at INNOFEIT Infineon is a globally leading semiconductor player with more than 50.000 employees. We are leading in automotive, power management energy efficient technologies and the IoT while Global megatrends underline the increasing importance of microelectronics. IPCEI Microelectronics is the largest pan-European initiative in the field of...

МАНУ избра нов член од ФЕИТ

Објавено: април 11, 2022

Нашиот колега, проф. д-р Зоран Хаџи-Велков е избран за дописен член на Македонската академија на науките и уметностите на Изборното собрание на МАНУ, одржано на 30 март 2022 година. Д-р Зоран Хаџи-Велков е редовен професор на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје. Тој е светски признат научник во областа на безжични и мобилни...

Стипендии МАКО СИГРЕ

Објавено: април 8, 2022

MAKO СИГРЕ водејќи се од премисата дека секогаш се подобри генерациите кои доаѓаат, веќе 10 години ги поддржува студентите кои студираат на електроенергетските насоки на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје (ФЕИТ). Почнувајќи од академската 2021/2022 година МАКО СИГРЕ започнува со стипендирање на студентите од втора студиска година (4-ти семестар) на студиските програми...

Одржана првата работилница во рамките на проектот за ИНОФЕИТ ДИХ

Објавено: април 4, 2022

ИНОФЕИТ ДИХ ја одржа првата работилница во рамките на проектот “Подигнување на капацитетот на дигиталниот иновациски хаб ИНОФЕИТ”, ко-финансиран од Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) на С. Македонија. Целта на работилницата беше да се информира партнерската мрежа на ИНОФЕИТ за досегашните активности во проектот. Беа презентирани активностите околу градење на партнерската мрежа, меѓународните...

Училиштата на Град Скопје со отворени врати за факултетите и универзитетите за промоција на нивните студиски програми

Датум на настан: 16.03.2022

Град Скопје согласно своите заложби за континуирано унапредување на квалитетот на образовните услуги, и оваа учебна година по петти пат ја продолжува инцијативата за поврзување и непосредна комуникација меѓу универзитетите, факултетите и средните училишта. Целта на оваа иницијатива е да им се помогне на матурантите во професионалното определување и изборот на студиските програми со кои...

ФЕИТ организатор на Меѓународниот симпозиум за применета електромагнетика

Датум на настан: 26.06.2022

Ни причинува особена чест и задоволство во име на Организацискиот одбор на Конференцијата да ве поканиме на 8-от Меѓународен Симпозиум за применета електромагнетика – САЕМ’2022 (8th Symposium on Applied Electromagnetics – SAEM’2022) кој ќе се одржи од 26.06 – 29.06. 2022 година во Струга, Македонија. Симпозиумот е во организација на Факултетот за електротехника и информациски технологии...

Работилница CareerUp

Објавено: март 14, 2022

ФЕИТ преку Центарот за кариера а во соработка со ФСС-ФЕИТ и СТЕП УП започнува со серија на работилници, обуки и предавања. Тие се наменети за студентите со цел да им се помогне во нивниот развој и подготовка за понатамошно професионално градење како идни инженери спремни да се вклучат на пазарот на трудот. Првата работилница се...

СТЕП-АП и ФЕИТ потпишаа меморандум за соработка и стипендирање на студенти

Објавено: февруари 24, 2022

Студентите од ФЕИТ ќе можат да инвестираат во своите деловни вештини и да прераснат во водечки менаџери преку програмата за стипендирање на СТЕП-АП. Деканот на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, професор д-р Димитар Ташковски и основачот на Талент бизнис инкубаторот СТЕП-АП, дипл. инж. м-р Дарко Петровски,...

Ван Хоол ќе стипендира и поддржува магистри на ФЕИТ

Објавено: февруари 22, 2022

Компанијата Ван Хоол Македонија ќе стипендира и поддржува два магистри на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Деканот на ФЕИТ, професор д-р Димитар Ташковски, на денешното потпишување на договорите за стипендирање, истакна дека Факултетот продолжува со своите активности за унапредување на својата трета мисија: соработката со индустријата....

ФЕИТ организира меѓународна школа за е-здравје

Објавено: февруари 14, 2022

Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) организира тематска школа „Зимска школа за е-здравје и паметни уреди и технологии“, во рамки на европскиот проект WideHealth. На зимската школа ќе учествуваат 133 учесници од земјава, Португалија, Германија, Италија, Словенија, Нигерија, Перу, Франција и Јапонија. Меѓународната школа ќе се организира хибридно – со физичко присуство на Факултетот...

ИНОФЕИТ и МАСИТ потпишаа меморандум за соработка за ИНОФЕИТ Дигитален Иновациски Хаб

Објавено: декември 22, 2021

Компаниите членки во МАСИТ ќе може да ги користат капацитетите на ИНОФЕИТ Дигитален Иновациски Хаб (ДИХ) за да станат поконкурентни. ИНОФЕИТ и МАСИТ денес потпишаа меморандум за соработка со кој се овозможува компаниите преку ДИХ да воведат нови технолошки решенија кои ќе им го олеснат работењето. Дигиталниот иновациски хаб, односно ДИХ, претставува иновативен центар за дигитални...

Министерката Царовска го посети ФЕИТ кој доби поддршка од МОН за развој на двете научни лаборатории во состав на факултетот

Последна измена: декември 20, 2021

Убаво е кога наместо разни изговори дека не постојат можности или дека нема услови за вложување во развој на сопствените капацитети, во подигнување на квалитетот на наставно научниот процес во рамки на една високообразовна установа, ќе слушнеме и видиме иницијативност, континуирани заложби и изнаоѓање начини преку кои се унапредува работата на еден факултет и сиот...

Голем успех на нашиот колега проф. Марјан Попов

Објавено: декември 9, 2021

Нашиот поранешен колега проф. д-р Марјан Попов е избран за IEEE Fellow за 2022 година, за неговите придонеси во науката. Ова е едно од највисоките признанија, како и важно достигнување во кариерата, што го доделува едно интернационално здружение на електро-инженерите. Во последните 17 години Марјан работи во областа на заштита на електричните мрежи и моделирање...

Нашите најдобри студенти – успешни и во светот

Објавено: декември 7, 2021

Паулина Грнарова најдобро диломиран студент на ФЕИТ и доктор на науки на Универзитет ETH – Цирих e рангирана на престижната листа на магазинот Форбс – „30 under 30“. Рангирањето е резултат на новиот иновативен продукт базиран на вештачка интелигенција кој Грнарова го креираше во рамките на својот старт-ап „DeepJudge“, каде таа е коосновач и главен...

Потпишан договор за соработка помеѓу ИНОФЕИТ ДИХ и ИТС Софтвер Центар ДООЕЛ Скопје (Искрател)

Објавено: ноември 5, 2021

Во рамките на своите активности за подигнување на капацитетите и зајакнување на партнерската мрежа, ИНОФЕИТ Дигитален иновациски хаб (ДИХ) потпиша договор за соработка со ИТС Софтвер Центар ДООЕЛ Скопје (локална подружница на Искрател Словенија која од неодамна е во сопственост на групацијата S&T од Австрија). Договорот отвора можност за користење на middleware платформата на Искрател...

Посета на Лекс Електрик – Скопје

Последна измена: октомври 25, 2021

Компанијата ЛЕКС Електрик (https://lekselektrik.com.mk), со која Факултетот за електротехника и информациски технологии има потписано меморандум за соработка, на ден 18 и 19.10 2021 на плацот на компанијата организираше презентирање на опрема од компанијата HENSEL – Германија (повеќе на http://www.hensel-electric.de). Презентацијата ја посетија група студенти од нашиот факултет предводени од М-р Љупчо Карајановски. Покрај тоа студентите...

Посета на ФЕИТ од експертски тим на СИМЕНС

Објавено: октомври 15, 2021

На 14 октомври 2021 во посета на факултетот беше експертски тим од светски реномираната компанија СИМЕНС и од Сискон – Скопје како овластен застапник кај нас. Целта е поинтензивно да продолжи соработката со факултетот во донирање опрема за разни лаборатории и за потребите на студентите во наставниот програм, а секако достапни и за инжинерите од...

Еразмус+ ден на ФЕИТ – 15 октомври 2021

Датум на настан: 15.10.2021

  Во рамките на одбележувањето на Еразмус+ деновите (14, 15 и 16. октомври 2021) на Факултетот за електротехника и информациски технологии преку Zoom платформата ќе биде оранизирана презентација на проекти и искуства од студентска мобилност реализрани на ФЕИТ. Настанот го нарековме Еразмус+ ден на ФЕИТ и ќе се одржи на 15. октомври 2021 година во...