Нашите најдобри студенти – успешни и во светот

Објавено: декември 7, 2021

Паулина Грнарова најдобро диломиран студент на ФЕИТ и доктор на науки на Универзитет ETH – Цирих e рангирана на престижната листа на магазинот Форбс – „30 under 30“. Рангирањето е резултат на новиот иновативен продукт базиран на вештачка интелигенција кој Грнарова го креираше во рамките на својот старт-ап „DeepJudge“, каде таа е коосновач и главен...

Потпишан договор за соработка помеѓу ИНОФЕИТ ДИХ и ИТС Софтвер Центар ДООЕЛ Скопје (Искрател)

Објавено: ноември 5, 2021

Во рамките на своите активности за подигнување на капацитетите и зајакнување на партнерската мрежа, ИНОФЕИТ Дигитален иновациски хаб (ДИХ) потпиша договор за соработка со ИТС Софтвер Центар ДООЕЛ Скопје (локална подружница на Искрател Словенија која од неодамна е во сопственост на групацијата S&T од Австрија). Договорот отвора можност за користење на middleware платформата на Искрател...

Посета на Лекс Електрик – Скопје

Последна измена: октомври 25, 2021

Компанијата ЛЕКС Електрик (https://lekselektrik.com.mk), со која Факултетот за електротехника и информациски технологии има потписано меморандум за соработка, на ден 18 и 19.10 2021 на плацот на компанијата организираше презентирање на опрема од компанијата HENSEL – Германија (повеќе на http://www.hensel-electric.de). Презентацијата ја посетија група студенти од нашиот факултет предводени од М-р Љупчо Карајановски. Покрај тоа студентите...

Посета на ФЕИТ од експертски тим на СИМЕНС

Објавено: октомври 15, 2021

На 14 октомври 2021 во посета на факултетот беше експертски тим од светски реномираната компанија СИМЕНС и од Сискон – Скопје како овластен застапник кај нас. Целта е поинтензивно да продолжи соработката со факултетот во донирање опрема за разни лаборатории и за потребите на студентите во наставниот програм, а секако достапни и за инжинерите од...

Еразмус+ ден на ФЕИТ – 15 октомври 2021

Датум на настан: 15.10.2021

  Во рамките на одбележувањето на Еразмус+ деновите (14, 15 и 16. октомври 2021) на Факултетот за електротехника и информациски технологии преку Zoom платформата ќе биде оранизирана презентација на проекти и искуства од студентска мобилност реализрани на ФЕИТ. Настанот го нарековме Еразмус+ ден на ФЕИТ и ќе се одржи на 15. октомври 2021 година во...

ФЕИТ повторно со злато на овогодинешниот Wizzair Скопски маратон

Последна измена: октомври 6, 2021

На 3-ти октомври 2021 година се одржа 17тиот Wizzair Скопски маратон . ФЕИТ како и секоја година зема учество со свои претставници. Огромен успех и оваа година постигна женската штафетна екипа која го освои првото место (златен медал), додека машкиот штафетен тим го освои 5-тото место. Успешен настап од тимот на ФЕИТ имаа Томислав Карталов...

ЕТАИ 2021: Тркалезна маса за електронско здравје

Датум на настан: 23.09.2021

Во рамките на Конференцијата ЕТАИ 2021, ќе се оддржи онлајн Тркалезна Маса организирана од Европскиот проект WideHealth – кој што го координира ФЕИТ. Насловот на Тркалезната Маса е: Електорнско Здравство и Сеопфатни Здравствени Технологии: Предизвици и Можности (E-health and Pervasive Health Technologies: Challenges and Opportunities) Дел од темите што ќе се дискутираат се: е-здравје, вештачка интелигенција, мобилно здравје, Мој термин,...

СООПШТЕНИЕ за организирање подготвителна настава по математика и физика

Објавено: септември 10, 2021

Подготвителната настава по математика и физика ќе се одвива во периодот од 14.9.2021 до 28.9.2021 година секој ден, освен во недела. Студентите од прва година се поделени во две групи, кој студент во која група е може да си провери на е-курсеви (подолу е опишана процедурата за најавување на е-курсеви). Распоредот на предавањата е следен:...

Подготвителна настава по предметите математика, физика и информатика

Датум на настан: 14.09.2021

За студентите запишани во прва година на Факултетот за електротехника и информациски технологии – Скопје во учебната 2021/2022 година се организира бесплатна подготвителна настава по предметите: математика, физика и информатика. Подготвителната настава: – опфаќа 20 школски часа за секој предмет посебно, – започнува на 14 септември 2021 година, според однапред утврден распоред што ќе биде...

Информативен ден на ФЕИТ!

Објавено: август 26, 2021

Во понеделник, на 30.08.2021, од 10 до 12 часот сме на располагање да ви помогнеме во пополнувањето на пријавите за студии на ФЕИТ и да одговориме на Вашите прашања. Zoom Meeting https://feit-ukim-edu-mk.zoom.us/j/92940588333 Meeting ID: 929 4058 8333 Passcode: feit...

Интервју на деканот за факултети.мк: Квалитетно високо образование е услов за одржлив развој на современото општество

Последна измена: август 17, 2021

Генерално, од целиот овој процес на меѓународната акредитација, пред сè, очекувам подобрување на квалитетот на ФЕИТ како институција и на нашите студиски програми, кои сега ќе бидат признаени по европските стандарди, вели проф. д-р Ташковски На Факултетот за електротехника и информациски технологии минатата недела присуствуваа десет експерти ангажирани од Германската агенција за акредитација на високообразовни...

Работилници за меки вештини

Објавено: јули 7, 2021

Универзитетскиот Центар за кариера на УКИМ и THRIVITY Кариерниот центар организираат обука со цел полесно и поефикасно адаптирање на студентите кои се подготвуваат за интервју за работа и кои се во потрага по нивното прво вработување. Обуките се состојат од бесплатни интерактивни онлајн предавања, водени од професионалци во областа на човечките ресурси, во период од...

Програма за поддршка на иновативни студентски идеи INNO-SAE 2021

Објавено: јуни 2, 2021

Студентската програма Innovations in Smart Anything Everywhere – INNO-SAE, како заедничка иницијатива на Центарот за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ и Универзитетското студентско собрание (УСС) при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” (УКИМ) во Скопје, продолжува и во 2021. Програмата е насочена кон стимулирање на иновативниот капацитет на студентите и работа на идеи кои...

Инфо сесија Стартапувај #3

Датум на настан: 25.05.2021

ПОКАНА ЗА презентација на инструментот за поддршка – Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап и спин -оф на Фондот за иновации и технолошки развој   Фондот за иновации и технолошки развој, Ве поканува на презентација за условите за аплицирање на отворениот јавен повик за инструментот за поддршка – Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва...

Донација на полначница за електрични возила

Последна измена: јули 21, 2021

ФЕИТ потпиша договор со словачката компанија SEAK за донација на полначница за електрични возила со 2 втичници. Полначницата ќе биде инсталирана на паркингот на Факултетот во последната седмица во мај, 2021 година. ФЕИТ ќе соработува со компанијата SEAK и на осовременување на содржината по предметот електрични возила, како и во научно-истражувачката дејност. Повеќе информации за...

Cyber Education Day 2020-2021

Датум на настан: 22.04.2021

ФЕИТ продолжува со инцијативата Capture the Flag (CTF) online натпревар и во 2021 и како локален организатор ги кани сите заинтересирани студенти да се пријават. Регистрациската форма е достапна преку QR кодот.”...

ФЕИТ помош за матурантите

Објавено: март 26, 2021

ФЕИТ се приклучува во мерките за справување со Корона вирусот и на матурантите им нуди online курс за подготовка за државна матура по математика. По примерот на светските универзитети, стручниот кадар на ФЕИТ се става на располагање на матурантите и веќе традиционалниот курс за подготовка на државна матура по математика, оваа година го нуди по...

Нови резултати во синтезата на говор на ФЕИТ

Објавено: март 25, 2021

  Групата за говорни технологии при ФЕИТ ги објави најновите резултати во синтезата на говор на македонски на својата веб страна. Првичните резултати добиени со системот „Везилка“ ги поместуваат границите на високо-квалитетната синтеза на говор на македонски јазик. Системот е во активен развој, а се базира на врвните техники за длабоко учење. Групата за говорни...

Отворени денови на ФЕИТ 04-06 март 2021

Датум на настан: 04.03.2021

  Почитувани матуранти, средношколци и други заинтересирани, ве покануваме на нашиот online настан ОТВОРЕНИ ДЕНОВИ на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје (ФЕИТ). На овој настан организиран од УКИМ/ФЕИТ ќе можете да се информирате за седумте студиски програми на прв циклус – додипломски студии и постапно ќе ви се образложи начинот и условите...

Сајбер Хигиена е-learning курс

Датум на настан: 01.04.2021

Почитувани студенти, Доколку сакате да научите за главните сајбер ризици и безбедносни напади во дигиталниот свет, како и да научите „трикови“ за заштита на вашите лични податоци, електронски уреди, мобилни телефони и други информациски ресурси – повелете на е-learning курсот: Cyber Hygiene – Основни сигурносни правила во дигиталната околина- Курсот привлече голем интерес кај студентите...

Повик за техничка помош за развој на Proof-of-Concept (PoC) решенија во рамките на проектот EU4TECH 2021 PoC

Датум на настан: 18.01.2021

  The Proof of Concept for the Western Balkans project announces the launch of the 2021 open call for projects. The call will open on Monday, January 18, 2021 and remain open until Sunday, February 28, 2021. Starting January 18, 2021, you will be able to find all necessary information to apply on the EU4TECH PoC...