Студиска програма: 17 – Регулатива во енергетика, електронски комуникации и сообраќај (17-РЕЕКС)
Траење: 1 година
Број на ЕКТС кредити: 60 ЕКТС
Услови за запишување: Завршен прв циклус на студии (академски) на студиски програми од технички и природни науки, економија, право и сродни на нив студиски програми во земјата и во странство.
Академски назив: Магистер по регулатива во енергетика, електронски комуникации и сообраќај
Студиската програма ги вклучува најважните аспекти на регулативата во енергетиката, електронските комуникации и сообраќајот со цел студентите да се здобијат со знаења од областа на потребата од воспоставување на регулатива во дејностите за пренос на стока или информации преку големи вмрежени системи, како што се електроенергетските системи, системите за транспорт на природен гас, електронските комуникациски мрежи и сообраќајот, како и начинот на креирање и примена на истата преку следење и толкување на глобалните политики во соодветните дејности.
Студиската програма ќе овозможи создавање кадри кои по магистрирањето ќе станат дел од дејностите во енергетскиот, сообраќајниот сектор или секторот на електронски комуникации, пред се во рамките на телеком оператори, оператори на мрежни системи, консултантски компании, регулаторни тела и државни и други јавни институции од соодветната област. Сегашните состојби во посочените компании, тела и институции, особено заради потребата од развој на регулативата и нејзино усогласување со барањата и стандардите воспоставени во Европската унија, укажуваат на зголемена потреба од квалитетни кадри способни да се вклучат во современите текови и да одговорат на барањата на различните сегменти од стопанството и администрацијата. Реструктуирањето и промените во јавните инфраструктурни сектори, кои што се одвиваа во изминатиот период, но кои треба да продолжат со несмалено темпо, покажуваат дека квалитетните кадри се најважниот сегмент за успешно изведување на овој процес.
Студиската програма содржи фундаментални дисциплини од областа на регулативата на мрежните дејности, дополнети со нови сознанија од областа, но и низа нови дисциплини и глобални политики и практики кои се развиени во согласност со современите сознанија и потреби во оваа област.
Прв семестар | ||||
Задолжителни предмети | ||||
Код | Предмет | Кредити | Неделен фонд на часови | Вкупен расположив фонд на време (часови) |
3ФЕИТ11004 | Избрани проблеми од економија на јавниот сектор | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ12005 | Основи на договорно и на потрошувачко право | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
Изборен предмет 1 | 6 | 3+0+0+3 | 180 | |
Изборен предмет 2 | 6 | 3+0+0+3 | 180 | |
Изборен предмет 3 | 6 | 3+0+0+3 | 180 | |
Вкупно | 30 | 15+0+0+15 | 900 | |
Изборни предмети | ||||
Код | Предмет | Кредити | Неделен фонд на часови | Вкупен расположив фонд на време (часови) |
3ФЕИТ10004 | Бизнис менаџмент во телекомуникациите | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ11002 | Европска регулатива за превоз на патници | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ12002 | Европска регулатива при превозот на стока | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ02008 | Енергетска политика и безбедност | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ03001 | Законска и индустриска метрологија | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ10016 | Мерења во Интернет | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ09010 | Регулатива во енергетиката | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ11006 | Регулатива во железничкиот транспорт | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ10026 | Реконфигурабилни мрежи | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ11007 | Сообраќајна политика и економика | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ06009 | Регулатива во областа на животната средина | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ10030 | Стандарди и регулатива за радиофреквенциски спектар | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ09013 | Функционирање на пазарите на електрична енергија | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
Втор семестар | ||||
Задолжителни предмети | ||||
Код | Предмет | Кредити | Неделен фонд на часови | Вкупен расположив фонд на време(часови) |
3ФЕИТ00 | Магистерска работа | 20 | 0+0+0+20 | 600 |
Изборни предмети | ||||
3ФЕИТ17 | Истражувачки проект од областа на регулативата во енергетика, електронски комуникации и сообраќај | 6 | 0+0+0+6 | 180 |
3ФЕИТ11001 | Авторско право и сродни права | 4 | 2+0+0+2 | 120 |
Универзитетски изборен предмет | 4 | 2+0+0+2 | 120 | |
Вкупно | 30 | 4+0+0+30 | 1020 |