ЕНЕРГЕТСКА ЕЛЕКТРОНИКА (18-ЕНЕЛ)

Студиска програма: 18- Енергетска електроника (18-ЕНЕЛ)

Траење: 1 година

Број на ЕКТС кредити: 60 ЕКТС

Услови за запишување: Завршен прв циклус на студии (академски) на сродни студиски програми во земјата и во странство.

Академски назив: Магистер по електротехника и информациски технологии од областа енергетска електроника

Практиката покажува дека застапеноста на енергетската електроника во наставните планови на додипломските студии на ФЕИТ не овозможува здобивање со заокружени познавања од оваа област. Дипломираните електро–инженери вработени во македонската индустрија често имаат потреба од подолг период на адаптација и самообука за да ги совладаат основните аспекти на енергетската електроника и нејзината примена ако тоа го бара нивното работно место. Периодот е уште подолг ако производниот процес бара нивно вклучување во проектирање на уреди со вградена енергетска електроника. Кај електро–инженерите, кои подолго време работат во ова подрачје, постои исто така потреба од проширување и обновување на знаењата со најсовремените достигнувања на енергетската електроника.

Предложените предмети на постдипломски студии ја задоволуваат потребата на македонската индустрија од соодветно едуцирани електро–инженери во областа на енергетската електроника. Едуцираните кадри на овие постдипломски студии и дисеминацијата на стекнатите познавања овозможуваат подобрувања на конкурентноста на постојната македонска индустрија во новиот амбиент на пазарната економија во регионот и пошироко.

Имајќи ја во предвид потребата од примената на Енергетската електроника во идниот техничко–технолошки развој, Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје донесе одлука за повторна акредитација на втор циклус на студии од областа Енергетска електроника.

Постдипломските студии по Енергетска електроника се стремат кон врвно европско образование и обучување на инженери, кои ќе испорачуваат автоматизирани и интелигентни системи за конверзија, управување и искористување на електричната енергија што се висококвалитетни и доверливи и ги задоволуваат потребите на локалната индустрија и индустријата воопшто. Вториот циклус на студии по Енергетска електроника има за цел да едуцира специјалисти кои ќе можат да ја понесат техничката и економската одговорност на проектирање, развој, користење и одржување на уреди и системи за конверзија, управување и искористување на електричната енергија.

Потребата од едуцирани кадри од областа Енергетска електроника е забележлива на универзитетите во светот, но и во индустријата. Наставните содржини од студиската програма Енергетска електроника се препознатливи и се застапени на следните универзитети во Европа и светот:

Во услови на перманентен научен и техничко–технолошки напредок се зголемува потребата за развој на Енергетската електроника. Овие студи им овозможуваат на студентите и понатамошни сопствено неформално образование од областа на Енергетска електроника (курсеви, обуки и слично), но и продолжување на своето формално образование на трет циклус на студии, докторски студии.

Магистрите по Енергетска електроника особено може да придонесат во научно–истражувачката работа и наставната работа на Универзитетите, научните институти и индустриските истражувачки центри.

Предложениот концепт на новата студиска програма е во согласност со режимот на студирање и Правилникот за единствени основи за организирање на постдипломски студии на Универзитетот „Светите Кирил и Методиј“ во Скопје, усогласен со нормативните акти и законските определби, како и Законот за високо образование.

Прв семестар
Задолжителни предмети
КодПредметКредитиНеделен фонд на часовиВкупен расположив фонд на време(часови)
3ФЕИТ05008Енергетски електронски компоненти и преобразувачи63+0+0+3180

Изборен предмет 163+0+0+3180

Изборен предмет 263+0+0+3180

Изборен предмет 363+0+0+3180

Изборен предмет 463+0+0+3180
Вкупно
3015+0+0+15900
Изборни предмети



КодПредметКредитиНеделен фонд на часовиВкупен расположив фонд на време(часови)
3ФЕИТ05007Енергетски електронски елементи63+0+0+3180
3ФЕИТ05017Проектирање на прекинувачки извори за напојување63+0+0+3180
3ФЕИТ05016Проектирање на енергетски конвертори63+0+0+3180
3ФЕИТ05021Проектирање согласно со стандардите – PFC & EMC63+0+0+3180
3ФЕИТ05013Преобразувачи со прелевање електричен полнеж63+0+0+3180
3ФЕИТ02018Моделирање на електромоторни погони63+0+0+3180
3ФЕИТ02001Векторско управување на МНС63+0+0+3180
3ФЕИТ04017Проектирање и градба на фотоволтаични системи63+0+0+3180
3ФЕИТ05018Проектирање системи со 8-битни микроконтролери63+0+0+3180
3ФЕИТ05019Проектирање системи со FPGA63+0+0+3180
3ФЕИТ01017Современи системи на управување63+0+0+3180
Втор семестар
Задолжителни предмети
КодПредметКредитиНеделен фонд на часовиВкупен расположив фонд на време (часови)
3ФЕИТ00Магистерска работа200+0+0+20600
Изборни предмети
3ФЕИТ18Истражувачки проект од областа на енергетската електроника60+0+0+6180

Универзитетски изборен предмет42+0+0+2120
Вкупно
302+0+0+28900