Студиска програма: 22-Интернет и мобилни сервиси и апликации (22 – ИМСА)
Траење: 1 година
Број на ЕКТС кредити: 60 ЕКТС
Услови за запишување: Завршен прв циклус на академски студии и освоени 240 ЕКТС кредити, или завршени додипломски студии во траење од најмалку 8 семестри пред воведувањето на ЕКТС на сродни студиски програми во земјата и во странство.
Академски назив: Магистер по електротехника и информациски технологии од областа интернет и мобилни сервиси и апликации
Секторот на информациско-комуникациските технологии е во постојан пораст. Побарувачката за магистри профилирани во областа на Интернет и мобилни сервиси и апликации на пазарот на трудот во Република Македонија е голема, а со тоа и оправданоста за воведување на ваква студиска програма. Целта на студиската програма е да произведе кадар кој ќе биде носител на развојот на ИКТ секторот и севкупната економија во Република Македонија.
Кандидатот кој магистрирал на оваа студиска програма може да продолжи со докторски студии во истата или слична научна област.
Широката научна основа може да му помогнат на кандидатот успешно да работи / да се преориентира и во други научни области од областа на техничките науки.
Програмата го оспособува кандидатот за претприемаштво и основање на нови бизниси во областа на информациско-комуникациските технологии.
Втор Семестар | ||||
Задолжителни предмети | ||||
Код | Предмет | Кредити | Неделен фонд на часови | Вкупен расположив фонд на време(часови) |
3ФЕИТ00 | Магистерска работа | 20 | 0+0+0+20 | 600 |
Изборни предмети | ||||
3ФЕИТ022 | Истражувачки проект од областа на интернет и мобилни сервиси и апликации | 6 | 0+0+0+6 | 180 |
Универзитетски изборен предмет | 4 | 2+0+0+2 | 120 | |
Вкупно | 30 | 2+0+0+28 | 900 |