Студиска програма: 16- Микро и нано технологии (16-МНТ)
Траење: 1 година
Број на ЕКТС кредити: 60 ЕКТС
Услови за запишување: Завршен прв циклус на студии (академски) на сродни студиски програми во земјата и во странство.
Академски назив: Магистер по електротехника и информациски технологии од областа микро и нано технологии
Целта на студиската програма Микро и нано технологии е да обезбеди квалитено мултидисциплинарно образование во примената на микро и нано технологиите за сензори и системи на макрометарско ниво.
Студиите би им овозможиле на студентите и понатамошни сопствено неформално образование од областа на микро и нано технологии (курсеви, обуки,…), но и продолжување на своето формално образование на трет циклус на студии, докторски студии.
Магистрите по микро и нано технологии ќе бидат оспособени за работа во сите сфери на едно модерно информатичко општество: електронската, автомобилската и авионската индустрија, информатичките и телекомуникациските компании, медицината, фармацијата, индустријата за паметен текстил (smart textile) и сл.Магистрите по микро и нано технологии особено можат да придонесат во научно-истражувачката работа и наставната работа на универзитетите, научните институти, истражувачките центри и др.
Прв семестар | ||||
Задолжителни предмети | ||||
Код | Предмет | Кредити | Неделен фонд на часови | Вкупен расположив фонд на време (часови) |
Програмата нема задолжителни предмети | ||||
Изборен предмет 1 | 6 | 3+0+0+3 | 180 | |
Изборен предмет 2 | 6 | 3+0+0+3 | 180 | |
Изборен предмет 3 | 6 | 3+0+0+3 | 180 | |
Изборен предмет 4 | 6 | 3+0+0+3 | 180 | |
Изборен предмет 5 | 6 | 3+0+0+3 | 180 | |
Вкупно | 30 | 15+0+0+15 | 900 | |
Изборни предмети | ||||
Код | Предмет | Кредити | Неделен фонд на часови | Вкупен расположив фонд на време (часови) |
3ФЕИТ05012 | Од микроелектроника до наноелектроника | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ12003 | Компјутерски потпомогнат дизајн на интегрирани кола | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ12009 | Термичка анализа и проектирање на микроелектронски кола | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ01008 | Микро и нано сензори | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ12007 | Проектирање микро и нано системи | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ05020 | Проектирање системи со аналогни и комбинирани сигнали | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ12004 | Моделирање и симулација на полупроводнички електронски елементи | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ08017 | Наноматеријали и наноструктури | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ08007 | Карактеризација на микро и нано-елементи | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ08018 | Нанометрологија и стандардизација | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ10023 | Оптички комуникации | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ08030 | Стохастички диференцијални равенки | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
Втор семестар | ||||
Задолжителни предмети | ||||
Код | Предмет | Кредити | Неделен фонд на часови | Вкупен расположив фонд на време(часови) |
3ФЕИТ00 | Магистерска работа | 20 | 0+0+0+20 | 600 |
Изборни предмети | ||||
3ФЕИТ16 | Истражувачки проект од областа на микро и нанотехнологиите | 6 | 0+0+0+6 | 180 |
Универзитетски изборен предмет | 4 | 2+0+0+2 | 120 | |
Вкупно | 30 | 4+0+0+30 | 1020 |