Летна школа за мултимедиски технологии

Последна измена: септември 15, 2023

Драги студенти, со големо задоволство Ви ја најавуваме Летната школа по мултимедиски технологии ,,Диоген 2.0″ која ќе се одржи од 25.09.2023 – 30.09.2023. Летната школа на тема „Диоген 2.0 – Детекција на луѓе во затворен простор“ со натпреварувачки карактер опфаќа предавања и практична рбота од областите на дигитална обработка на слика и звук, анализа на...

Интер-регионален Форум за иновации 2023

Објавено: септември 9, 2023

Во просториите на ИНОФЕИТ при ФЕИТ ќе се одржи настанот – конференција Интер-регионален Форум за иновации 2023 во организација на Факулетот за електротехника и информациски технологии, УКИМ, Универзитетот Анхалт, Германија, како и Здружението ЕТАИ на Македонија, во рамките на проектот IDEA-EAST финансиран од DAAD, Германија. Основната тема на настанот е Renewable energies and Industrial IOT, но и IoT...

Објавен е повикот за 11-то издание на СКЕЕОР

Објавено: септември 7, 2023

Здружението за истражување и промоција на енергетска ефикасност и одржлив развој СКЕЕОР – Скопје, со задоволство Ве информира дека објавен Повикот за пријавување на 11-тото издание на СКЕЕОР и Ве поканува да го одбележиме почетокот на втората деценија од успешното и активно дејствување. Во текот на изминатите години, СКЕЕОР прерасна во препознатлива студентска конференција со...

Подготвителна настава од Математика, Физика и Програмирање

Објавено: септември 6, 2023

Почитувани идни студенти на ФЕИТ, Факултетот за електротехника и информациски технологии и годинава организира подготвителни курсеви по предметите математика, физика и основи на програмирање (Code@FEIT). Курсевите ќе се реализираат во 20 школски часа по секој  предмет,  во периодот од 14. до 29. септември 2023 година (математика и физика: 14.-22., Code@FEIT-25.-29.). На подготвителните курсеви ќе се...

Златна диплома 2023 година

Објавено: септември 4, 2023

Традицијата продолжува, на свечена седница на Наставно-научниот совет ќе бидат доделени Златни дипломи по повод 50 години од дипломирањето на  инженерите по електротехника од Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје. Оваа година Златна диплома добиваат инженерите дипломирани  1973 година. Ги покануваме инженерите кои диломирале 1973 година да го контактираат Организацискиот одбор на тел....

INITIATE: Поддржување на европско истражување и иновации преку соработка и институционална реформа

Последна измена: септември 6, 2023

Факултетот за електротехника и информациски технологии е партнер во новиот проект INITIATE. Координатор на проектот е Факултетот за машинство и бродоградба од Универзитетот во Загреб. Проектот со буџет од €4.5M е финансиран од програмата за истражување и иновации на Европската комисија Horizon Europe, во рамки на повикот HORIZON-WIDERA-2023-ACCESS-03-01: European Excellence Initiative. За проектот Целта на...

ФЕИТ успешно ја реализира 30-тата меѓународна конференција IWSSIP 2023

Објавено: јули 24, 2023

Во периодот од 27-ми до 29-ти јуни 2023 година во античкиот град Охрид, успешно се реализира 30-тата јубилејна меѓународната конференција за системи, сигнали и обработка на слики (International Conference on Systems, Signals and Image Processing – IWSSIP) 2023. Конференциојата беше организирана од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) и технички ко-спонзорирана од ИЕЕЕ и...

Тим од ФЕИТ учествуваше на Летна школа за вселенски технологии во Солун

Последна измена: јули 11, 2023

Во периодот од 3 до 7 јули 2023 година на Универзитетот „Аристотел“ во Солун се одржа Летната школа „Space Technology 4All“ во рамките на меѓународен Еразмус проект „SpaceEdu“. На летната школа учествуваа тимови од предавачи и студенти од меѓународните партнери на овој проект: Универзитетот „Аристотел“ во Солун, Универзитетот во Неапол „Федерико II“, Националниот истражувачки институт...

Конкурс за запишување студенти на прв циклус студии на УКИМ во Скопје во учебната 2023/2024 година

Објавено: јули 4, 2023

К О Н К У Р С  за запишување студенти на прв циклус студии  на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2023/2024 година...

Пофалници за најдобрите студенти на ФЕИТ

Последна измена: јуни 22, 2023

Свечено доделени пофалници за студентите со просечен успех од 9 и над 9 во академската 2021/2022 и студентите победници на натпревари во земјата и странство. Групна Беа доделени вкупно 57 пофалници: со завршена 1 година и освоени најмалку 60 кредити се наградени 28 студенти, со завршена 2 година и освоени најмалку 120 кредити се наградени...

ФЕИТ ги промовираше новите инженери и магистри

Објавено: јуни 20, 2023

Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) ја промовираше новата генерација дипломирани инженери по електротехника и информациски технологии и новите магистри. Свечено во големата сала на Филхармонијата  дипломите им беа врачени на 146 нови инженери и 44 магистри кои студиите ги завршија на ФЕИТ. Во оваа нова генерација дипломци, дури 77 или 53% се девојки,...

Одбележан јубилејот 75 години од IEEE SPS

Објавено: јуни 20, 2023

Во рамките на активностите на Македонската секција на IEEE и Одделот за процесирање на сигнали (SPS) на 16. јуни 2023 во ИНОФЕИТ се одбележа големиот јубилеј – 75 години од основањето на Одделот за процесирање на сигнали IEEE SPS. Настанот го отвори проф. д-р Анастас Мишев, Претседател на македонската секција на IEEE. Тој нагласи дека...

Успешно реализиран научно-истражувачкиот проект “Методи на предвидување и нивна примена”

Последна измена: јуни 23, 2023

Во 2022 и 2023 година во рамки на ФЕИТ беше успешно реализиран научно-истражувачкиот проект “Методи на предвидување и нивна примена“,  финансиран од интегративните средства на УКИМ за 2022/2023 година. Истражувачката работа во проект претставува надоврзување на долгогодишните истражувања на дел од проектниот тим. Истражувачката работа во предлог-проектот беше поделена на неколку дела: теорија на графови,...

Студенти од ФЕИТ победници на светското финале во процесирање сигнали

Објавено: јуни 9, 2023

Тимот „Neuro FEEIT”, составен од студенти на Факултетот за електротехника и информациски технологии, освои прво место на светското финале на студентското финале за процесирање сигнали IEEE SP Cup 2023. Задачата оваа година беше развој на систем за диференцирање на шизофренијата и биполарната психоза користејќи функционална магнетна резонанца во состојба на мирување (rsfMRI). Финалето на натпреварот...

Промоција на дипломирани инженери и магистри 2023

Датум на настан: 19.06.2023

СООПШТЕНИЕ Промоцијата на студентите кои дипломирале и магистрирале во изминатата година ќе се одржи на 19.06.2023 година, во Филхармонија на РСМ во Скопје. Термините во кои треба да пристигнат дипломците и магистрите, согласно бројот на диплома, е според следниот распоред:   Диплома бр. Време I циклус 2949-2998 18:45 I циклус 2999–3050 19:00 I циклус 3051–3094...

ФЕИТ-ФАБЛАБ и Логинг Електроникс организираа работилница „Развојни Микропроцесорски Системи“

Последна измена: мај 19, 2023

Средношколци и професори од 11 технички училишта од Македонија, изминативе два дена, учествуваа на специјализирана едукативна практична работилница „Развојни Микропроцесорски Системи“. Оваа работилница, по четврти пат, ја организираат ФЕИТ-ФАБЛАБ и компанијата Логинг Електроникс во рамките на нивниот партнерски проект „Технологија за Тебе“. Училишта кои учествуваа на работилницата се: – СЕТУ „Михајло Пупин“- Скопје – СУГС...

Заврши единаесеттиот RoboMac 2023

Последна измена: мај 18, 2023

Со финалниот натпревар во пет различни категории кој се одржа во Градско кино – Кино Милениум во саботата (13 мај 2023), заврши овогодинешното издание на RoboMac. На натпреварот учествуваа студенти од Факултетот за електротехника и информациски технологии ФЕИТ во Скопје, Машински факултет во Скопје, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје, како и...

Финале на РобоМак 2023

Датум на настан: 13.05.2023

Ве покануваме на финалниот натпревар на овогодинешниот РобоМак 2023 кој ќе се одржи во сабота 13.05. во 17:00 во киното Милениум во ГТЦ во Скопје. Робомак е годишна меѓународна студентска работилница и натпревар во роботика и вештачка интелигенција. Се одржува по 11ти пат на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје, во организација...

Ден за кариерен развој

Објавено: мај 12, 2023

На 11 мај 2023 година, од 12:00 до 16:00 часот на просторот кај ФЕИТ и МФС на Универзитетот,, Св. Кирил и Методиј” во Скопје се одржа “Ден за кариерен развој”. Настанот беше во организација на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” и Центарот за кариера на УКИМ, со подржка од Центрите за кариера на Архитектонски Факултет,...

Освоена главната награда од студентите на ФЕИТ на натпреварот ICAMES во Турција

Објавено: мај 11, 2023

Во периодот од 2.5 до 8.5.2023 се одржа 27-то издание на ICAMES (International Cultural and Academic Meeting of Engineering Students) Меѓународната културна и академска средба на студентите по технички науки, организирано од Друштвото на инженери од Универзитетот Боазиџи во Истанбул, Турција. Овој настан претставува натпревар на инженерски проекти во кој се претставуваат проекти од сите...

Тимот од ФЕИТ направи прототип на паметни очила кои преку сензори ги детектираат емоциите и расположението

Објавено: мај 9, 2023

Паметните очила OCOsense со помош на Вештачка Интелигенција детектираат фацијални експресии, емоции и расположение за корисникот кои што ги носи. Иноватинвните сензори, кои што се вградени во самите очила, го следат движењето на кожата во 3 димензии, и на тој начин овозможуваат препознавање на фацијални експресии, гримаси и слично. Овој иновативен продукт се развива од...

Курс за асистивни технологии одржани во ИНОФЕИТ

Објавено: мај 4, 2023

Серија на предавања на тема асистивни технологии беа одржани во ИНОФЕИТ од страна на низа на реномирани експерти од оваа област од Европа и од Македонија. Разговорите се одржаа во рамките на активностите на COST акцијата „Унапредување на социјалната инклузија преку технологија и зајакнување“ a-STEP) и ФЕИТ ФабЛаб. a-STEP е интердисциплинарна, меѓусекторска, паневропска и поширока...

Отворен ден на ФЕИТ

Датум на настан: 06.05.2023

  Факултетот за електротехника и информациски технологии ги поканува сите средношколци и моментални студенти на Coffee@FEIT 3.0, на 6 мај, во дворот на техничкиот кампус!   Дружба со студенти и наставен кадар и запознавање со студиските програми на Факултетот  Музика  Кафе и храна   Board games ft. Goblin Games   Игри   EscapeLab тимски натпревар...