ПРОЕКТЕН МЕНАЏМЕНТ (5-ПМ)

КомпетенцииIII

Студиска програма: 5 – Проектен менаџмент (5-ПМ)

Траење: 1 година

Број на ЕКТС кредити: 60 ЕКТС

Услови за запишување: Завршен прв циклус на студии – академски од земјава и странство.

Академски назив: Магистер по проектен менаџмент

Студиската програма едуцира стручни лица и академски граѓани кои би сакале да ја совладаат теоријата, практиката и алатките на проектниот менаџмент со цел да ги зголемат нивните професионални и стручни потенцијали кон новите технологии и комплексните проекти во новата економска и деловна околина. Програмата нуди широк опсег на стручни и истражувачки полиња вклучувајќи електротехника во сите домени, информатичка технологија, економија, договорен менаџмент, човечки ресурси и комуникациски вештини. Стекнатото знаење и вештини ќе е од полза на нивните компании кон креативност, иновации и успешно справување со проектите. Целна група се и дипломираните студенти од I циклус (додипломски) студии на: техничките факултети, факултетите кои негуваат хуманитарни, економски и правни науки, општо менаџмент како и факултети кои изучуваат менаџмент на животна средина. Сите тие ќе можат успешно да се вклопат и ќе навлезат во практичната димензија на проектите и нивната реализација без оглед на специфичностите и областа на примена.

Проектниот менаџмент е вид на компетентност која е во големо побарување во приватните компании, јавните стопански субјекти, како и јавната администрација. Така, магистрите по проектен менаџмент имаат големи можности за работа и напредок во кариерата и тоа како:

  • -проект менаџери во голем број на компании и институции,
  • -менаџери на иновативни и комплексни проекти (развој на нов производ, нови услуги и нов бизнис, проекти со голема интердисциплинарност, меѓународни проекти и сл.),
  • -претприемачи или бизнис консултанти, како и да остварат
  • -континуитет во можни докторанти на III циклус студии.

 

Семестар 1  
Задолжителни предмети  
Шифра Предмет Кредити Фонд Вкупен расположив фонд на време (часови)

3ФЕИТ04016
Проектен менаџмент 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ04019 Проектна анализа 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ04010 Менаџмент на ризик 6 3+0+0+3 180
  Изборен предмет 1 6 3+0+0+3 180
  Изборен предмет 2 6 3+0+0+3 180
  Вкупно 30 15+0+0+15 900
         
Изборни предмети  
Шифра Предмет Кредити Фонд  
3ФЕИТ04007 Иновативни технологии и проектен менаџмент 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ08013 Методи за процена на ризик 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ12006 Основи на право за проектни менаџери 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ12001 е-Бизнис 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ12008 Софтверското инженерство и проектен менаџмент 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ04021 Системи за менаџмент на квалитет 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ04009 Менаџмент на животна средина 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ04002 Водење проекти, менаџмент и претприемништво 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ04020 Проектна документација и проекти за обновливи извори на енергија 6 3+0+0+3 180
Семестар 2  
Задолжителни предмети  
Шифра Предмет Кредити Фонд Вкупен расположив фонд на време (часови)
3ФЕИТ00 Магистерска работа 20 0+0+0+20 600
  Изборни предмети
3ФЕИТ05 Истражувачки проект од областа на проектниот менаџмент 6 0+0+0+6 180
3ФЕИТ04001 Водење проекти и апликации во електротехниката 4 3+0+0+3 180
  Универзитетски изборен предмет 4 2+0+0+2 120
  Вкупно 30 4+0+0+28 900