Електроенергетика (4-ЕЕ)

КомпетенцииIII

Студиска програма: 4-Електроенергетика (4-ЕЕ)

Траење: 1 година

Број на ЕКТС кредити: 60 ЕКТС

Услови за запишување: Завршен прв циклус на студии – академски (технички факултети или сродни студиски програми од земјава и странство).

Академски назив: Магистер по електротехника и информациски технологии од областа електроенергетика

Развојот на една земја е во непосредна корелација со равојот на електроенергет­скиот сектор. Компаниите кои работат во оваа област сé повеќе се соочуваат со динамична работна околина, големи технолошки промени и работа на комплексни проекти.

Основна цел на овааа студиска програма е да произведе високоедуциран стручен кадар кој ќе има проширени стручни познавања од електроенергетика, кој ќе биде во чекор со примената на современата ИКТ во електроенергетскиот сектор и ќе биде способен да ги следи и применува најновите достигнувања во светот од областа на електроенергетиката. Студиската програма Електроенергетика на студентите ќе им овозможи проширени теоретски знаење во базичните области на електроенергетиката (производство на електрична енергија, разводни постројки и електроенергетска опрема) кое ќе можат практично да го применат во решавањето на инженерските задачи и проблеми.

Студен­тите на оваа студиска програма ќе бидат оспособени за изработка на стратегии, анализи, студии и сложени проекти од областа на електро­енергетиката во новата пазарно-ориентирана околина, да вршат анализа на сложени процеси и оптимално водење на погонот на електричните централи, како и да проектираат електро­енергетски објекти и системи за нивно управување.

Исто така, студентите на оваа студиска програма ќе се стекнат со знаење и вештини за водење на сложени проекти во електро­енер­гетиката, примена на мерките за електро­без­бедност и заштита на електроенергетските постројки, како и знаење за тековното одржување и испиту­ва­ње на опремата во електроенергетските објекти. Студентите ќе бидат способни и за корис­тење на совре­мени софтверски алатки и новите информатичко-комуникациски технологии во областа на електроенергетиката.

Студиите ќе им овозможат на студентите и понатамошно сопствено неформално образование од областа на Електроенергетиката (преку курсеви, обуки и семинари), како и продолжување на своето формално образование на трет циклус на докторски студии.

Семестар 1  
Задолжителни предмети  
Шифра Предмет Кредити Фонд Вкупен расположив фонд на време (часови)

3ФЕИТ04018
Проектирање и моделирање на електрични централи и разводни постројки 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ04024 Управувачки системи во ЕЕ 6 3+0+0+3 180
  Изборен предмет 1 6 3+0+0+3 180
  Изборен предмет 2 6 3+0+0+3 180
  Изборен предмет 3 6 3+0+0+3 180
  Вкупно 30 15+0+0+15 900
 
Изборни предмети  
Шифра Предмет Кредити Фонд  
3ФЕИТ04004 Енергетика и околина 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ04005 Енергетски аспекти на ветерни електрични централи 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ04006 Енергетски одржлив развој 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ04008 Мали хидроцентрали 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ04011 Менаџмент на ризик во електроенергетиката 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ04012 Методи за оптимизација во електроенергетиката 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ04013 Оперативно водење на ЕЕО 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ09006 Примена на програмски алатки во ЕЕС 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ04014 Оптимална работа на изворите во ЕЕС 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ04015 Планирање на развој на производните капацитети во ЕЕС 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ04020 Проектна документација и проекти за обновливи извори на енергија 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ04022 Современи системи на релејна заштита 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ04023 Техноекономски аспекти на обновливи извори на енергија 6 3+0+0+3 180
Задолжителни предмети  
Шифра Предмет Кредити Фонд Вкупен расположив фонд на време (часови)
3ФЕИТ00 Магистерска работа 20 0+0+0+20 600
Изборни предмети
3ФЕИТ04 Истражувачки проект од областа на електроенергетиката 6 0+0+0+6 180
  Универзитетски изборен предмет 4 2+0+0+2 120
  Вкупно 30 4+0+0+28 900