Студиска програма: 03-Електроенергетски системи (03-ЕЕС)
Траење: 1 година
Број на ЕКТС кредити: 60 ЕКТС
Услови за запишување: Завршен прв циклус на студии (академски) на сродни студиски програми во земјата и во странство.
Академски назив: Магистер по електротехника и информациски технологии од областа електроенергетски системи
Целта на студиската програма е образување на кадри во согласност со потребите на современото стопанство и врз основа на критериуми за квалитет на наставата на ниво на Универзитетот. Таа содржи фундаментални дисциплини од областа на ЕЕС, дополнети со нови истражувања и сознанија, но и низа нови дисциплини кои се развиени во согласност со современите научни сознанија. Студиската програма е конципирана на начин кој овозможува стекнување на знаења и компетенции неопходни за магистер од оваа област, кои што ќе претставуваат основа за понатамошно образование и следење на технолошкиот развој.
Предложената студиска програма ги вклучува најважните аспекти на ЕЕС со што студентите ќе се здобијат со знаења од областа на преносните и дистрибутивните системи, нивната експлоатација, водење, управување и планирање, интеграцијата на дисперзираното производство на електрична енергија во ЕЕС, пазарното стопанисување со електрична енергија, квалитетот на електричната енергија и интелигентните мрежи.
Студиската програма ќе овозможи создавање кадри кои по магистрирањето ќе станат дел од електроенергетската индустрија, пред се во рамките на компаниите за пренос, дистрибуција, трговија и снабдување со електрична енергија. Истовремено, постои можност за нивна вклученост во јавната администрација чии што функции се поврзани со ЕЕС, но и во консултантски, проектантски и производни компании. Сегашните состојби во електроенергетските компании укажуваат на постојана потреба од квалитетни кадри способни да се вклучат во современите текови и да одговорат на барањата на различните сегменти од стопанството. Реструктуирањето и промените во електроенергетскиот сектор кои што се одвиваа во изминатиот период покажуваат дека квалитетните кадри се најважниот сегмент за успешно изведување на овој процес.
Семестар 1 | ||||
Задолжителни предмети | ||||
Шифра | Предмет | Кредити | Фонд | Вкупен расположив фонд на време (часови) |
Програмата нема задолжителни предмети | ||||
Изборен предмет 1 | 6 | 3+0+0+3 | 180 | |
Изборен предмет 2 | 6 | 3+0+0+3 | 180 | |
Изборен предмет 3 | 6 | 3+0+0+3 | 180 | |
Изборен предмет 4 | 6 | 3+0+0+3 | 180 | |
Из5орен предмет 5 | 6 | 3+0+0+3 | 180 | |
Вкупно | 30 | 15+0+0+15 | 900 | |
Изборни предмети | ||||
Шифра | Предмет | Кредити | Фонд | |
3ФЕИТ09001 | Анализа на сложени заземјувачки системи | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ09002 | Доверливост на ЕЕС | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ06003 | Електрични и хибридни возила | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ11003 | Енергија и климатски промени | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ09003 | Интеграција на производството од ОИЕ во ЕЕС | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ09004 | Квалитет на електричната енергија во ЕЕС | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ09005 | Напредни техники за анализа на ЕЕС | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ09006 | Примена на програмски алатки во ЕЕС | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ09008 | Работа и управување на ЕЕС | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ09009 | Развој на интелигентни електроенергетски мрежи | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ09010 | Регулатива во енергетиката | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ09011 | Флексибилни регулациони уреди во ЕЕС | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ09012 | Функции на следење и управување на дистрибутивните системи | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ09013 | Функционирање на пазарите на електрична енергија | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ08001 | Апликативна теорија на графови | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
Семестар 2 | ||||
Задолжителни предмети | ||||
Шифра | Предмет | Кредити | Фонд | Вкупен расположив фонд на време (часови) |
3ФЕИТ00 | Магистерска работа | 20 | 0+0+0+20 | 600 |
Изборни предмети | ||||
3ФЕИТ09007 | Применети механизми за поддршка на обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност | 4 | 2+0+0+2 | 120 |
3ФЕИТ02 | Истражувачки проект од областа на електроенергетските системи | 6 | 0+0+0+6 | 180 |
Универзитетски изборен предмет | 4 | 2+0+0+2 | 180 | |
Вкупно | 30 | 4+0+0+30 | 1020 |