ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТИКА (4-ЕЕ)

КомпетенцииIII

Студиска програма: 4-Електроенергетика (4-ЕЕ)

Траење: 1 година

Број на ЕКТС кредити: 60 ЕКТС

Услови за запишување: Завршен прв циклус на студии – академски (технички факултети или сродни студиски програми од земјава и странство).

Академски назив: Магистер по електротехника и информациски технологии од областа електроенергетика

Развојот на една земја е во непосредна корелација со равојот на електроенергет­скиот сектор. Компаниите кои работат во оваа област сé повеќе се соочуваат со динамична работна околина, големи технолошки промени и работа на комплексни проекти.

Основна цел на овааа студиска програма е да произведе високоедуциран стручен кадар кој ќе има проширени стручни познавања од електроенергетика, кој ќе биде во чекор со примената на современата ИКТ во електроенергетскиот сектор и ќе биде способен да ги следи и применува најновите достигнувања во светот од областа на електроенергетиката. Студиската програма Електроенергетика на студентите ќе им овозможи проширени теоретски знаење во базичните области на електроенергетиката (производство на електрична енергија, разводни постројки и електроенергетска опрема) кое ќе можат практично да го применат во решавањето на инженерските задачи и проблеми.

Студен­тите на оваа студиска програма ќе бидат оспособени за изработка на стратегии, анализи, студии и сложени проекти од областа на електро­енергетиката во новата пазарно-ориентирана околина, да вршат анализа на сложени процеси и оптимално водење на погонот на електричните централи, како и да проектираат електро­енергетски објекти и системи за нивно управување.

Исто така, студентите на оваа студиска програма ќе се стекнат со знаење и вештини за водење на сложени проекти во електро­енер­гетиката, примена на мерките за електро­без­бедност и заштита на електроенергетските постројки, како и знаење за тековното одржување и испиту­ва­ње на опремата во електроенергетските објекти. Студентите ќе бидат способни и за корис­тење на совре­мени софтверски алатки и новите информатичко-комуникациски технологии во областа на електроенергетиката.

Студиите ќе им овозможат на студентите и понатамошно сопствено неформално образование од областа на Електроенергетиката (преку курсеви, обуки и семинари), како и продолжување на своето формално образование на трет циклус на докторски студии.

Семестар 1 
Задолжителни предмети 
ШифраПредметКредитиФондВкупен расположив фонд на време (часови)

3ФЕИТ04018
Проектирање и моделирање на електрични централи и разводни постројки63+0+0+3180
3ФЕИТ04024Управувачки системи во ЕЕ63+0+0+3180
 Изборен предмет 163+0+0+3180
 Изборен предмет 263+0+0+3180
 Изборен предмет 363+0+0+3180
 Вкупно3015+0+0+15900
 
Изборни предмети 
ШифраПредметКредитиФонд 
3ФЕИТ04004Енергетика и околина63+0+0+3180
3ФЕИТ04005Енергетски аспекти на ветерни електрични централи63+0+0+3180
3ФЕИТ04006Енергетски одржлив развој63+0+0+3180
3ФЕИТ04008Мали хидроцентрали63+0+0+3180
3ФЕИТ04011Менаџмент на ризик во електроенергетиката63+0+0+3180
3ФЕИТ04012Методи за оптимизација во електроенергетиката63+0+0+3180
3ФЕИТ04013Оперативно водење на ЕЕО63+0+0+3180
3ФЕИТ09006Примена на програмски алатки во ЕЕС63+0+0+3180
3ФЕИТ04014Оптимална работа на изворите во ЕЕС63+0+0+3180
3ФЕИТ04015Планирање на развој на производните капацитети во ЕЕС63+0+0+3180
3ФЕИТ04020Проектна документација и проекти за обновливи извори на енергија63+0+0+3180
3ФЕИТ04022Современи системи на релејна заштита63+0+0+3180
3ФЕИТ04023Техноекономски аспекти на обновливи извори на енергија63+0+0+3180
Задолжителни предмети 
ШифраПредметКредитиФондВкупен расположив фонд на време (часови)
3ФЕИТ00Магистерска работа200+0+0+20600
Изборни предмети
3ФЕИТ04 Истражувачки проект од областа на електроенергетиката60+0+0+6180
 Универзитетски изборен предмет42+0+0+2120
 Вкупно304+0+0+28900