Електроенергетски системи (3 -ЕЕС)

КомпетенцииIII

Студиска програма: 03-Електроенергетски системи (03-ЕЕС)

Траење: 1 година

Број на ЕКТС кредити: 60 ЕКТС

Услови за запишување: Завршен прв циклус на студии (академски) на сродни студиски програми во земјата и во странство.

Академски назив: Магистер по електротехника и информациски технологии од областа електроенергетски системи

Целта на студиската програма е образување на кадри во согласност со потребите на современото стопанство и врз основа на критериуми за квалитет на наставата на ниво на Универзитетот. Таа содржи фундаментални дисциплини од областа на ЕЕС, дополнети со нови истражувања и сознанија, но и низа нови дисциплини кои се развиени во согласност со современите научни сознанија. Студиската програма е конципирана на начин кој овозможува стекнување на знаења и компетенции неопходни за магистер од оваа област, кои што ќе претставуваат основа за понатамошно образование и следење на технолошкиот развој.

Предложената студиска програма ги вклучува најважните аспекти на ЕЕС со што студентите ќе се здобијат со знаења од областа на преносните и дистрибутивните системи, нивната експлоатација, водење, управување и планирање, интеграцијата на дисперзираното производство на електрична енергија во ЕЕС, пазарното стопанисување со електрична енергија, квалитетот на електричната енергија и интелигентните мрежи.

Студиската програма ќе овозможи создавање кадри кои по магистрирањето ќе станат дел од електроенергетската индустрија, пред се во рамките на компаниите за пренос, дистрибуција, трговија и снабдување со електрична енергија. Истовремено, постои можност за нивна вклученост во јавната администрација чии што функции се поврзани со ЕЕС, но и во консултантски, проектантски и производни компании. Сегашните состојби во електроенергетските компании укажуваат на постојана потреба од квалитетни кадри способни да се вклучат во современите текови и да одговорат на барањата на различните сегменти од стопанството. Реструктуирањето и промените во електроенергетскиот сектор кои што се одвиваа во изминатиот период покажуваат дека квалитетните кадри се најважниот сегмент за успешно изведување на овој процес.

Семестар 1  
Задолжителни предмети  
Шифра Предмет Кредити Фонд Вкупен расположив фонд на време (часови)
  Програмата нема задолжителни предмети      
  Изборен предмет 1 6 3+0+0+3 180
  Изборен предмет 2 6 3+0+0+3 180
  Изборен предмет 3 6 3+0+0+3 180
  Изборен предмет 4 6 3+0+0+3 180
  Из5орен предмет 5 6 3+0+0+3 180
  Вкупно 30 15+0+0+15 900
Изборни предмети  
Шифра Предмет Кредити Фонд  
3ФЕИТ09001 Анализа на сложени заземјувачки системи 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ09002 Доверливост на ЕЕС 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ06003 Електрични и хибридни возила 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ11003 Енергија и климатски промени 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ09003 Интеграција на производството од ОИЕ во ЕЕС 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ09004 Квалитет на електричната енергија во ЕЕС 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ09005 Напредни техники за анализа на ЕЕС 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ09006 Примена на програмски алатки во ЕЕС 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ09008 Работа и управување на ЕЕС 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ09009 Развој на интелигентни електроенергетски мрежи 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ09010 Регулатива во енергетиката 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ09011 Флексибилни регулациони уреди во ЕЕС 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ09012 Функции на следење и управување на дистрибутивните системи 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ09013 Функционирање на пазарите на електрична енергија 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ08001 Апликативна теорија на графови 6 3+0+0+3 180
Семестар 2  
Задолжителни предмети  
Шифра Предмет Кредити Фонд Вкупен расположив фонд на време (часови)
3ФЕИТ00 Магистерска работа 20 0+0+0+20 600
Изборни предмети
3ФЕИТ09007 Применети механизми за поддршка на обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност 4 2+0+0+2 120
3ФЕИТ02 Истражувачки проект од областа на електроенергетските системи 6 0+0+0+6 180
  Универзитетски изборен предмет 4 2+0+0+2 180
  Вкупно 30 4+0+0+30 1020