Наменски компјутерски системи (7-НКС)

КомпетенцииIII

Студиска програма: 7 – Наменски компјутерски системи (7-НКС)

Траење: 1 година

Број на ЕКТС кредити: 60 ЕКТС

Услови за запишување: Завршен прв циклус на студии (академски) на сродни студиски програми во земјата и во странство.

Академски назив: Магистер по електротехника и информациски технологии од областа наменски компјутерски системи

Наменските и вградливите компјутерски системи претставуваат комбинација на хардвер и софтвер чија цел е да се контролира уред, процес или комплетен систем. Специфични примери на вакви системи се: контрола на речиси сите системи во автомобилите, контрола на работењето на автомобилските мотори, автоматски пилот, навигациони системи и системи за управување во авионите, чипсети кај дигитални телевизори, чипови кај комуникациските уреди, амбиентните уреди, контролни системи кај нуклеарните реактори, и слично. Значењето на овие системи расте континуирано. На пример: во 2010 година постоеле и во практична употреба биле над 16 милијарди вакви уреди во целиот свет, а предвидувањата прогнозираат дека бројот на овие уреди се очекува да се зголеми двојно до 2014 година. Со други зборови, за секој жител на планетава би постоеле по 3-4 вакви уреди. Забележителен е порастот на употреба на вакви системи во автомобилската индустрија, каде процентот на учество на наменски процесорски системи во вкупната вредност на автомобилот се очекува да порасне до 45-50% во 2013. Овие предизвици можат успешно да се следат и применуваат само со продуцирање нови генерации студенти, образувани во полето на наменски компјутерскии системи. Во прилог на постоењето на ваква студиска програма зборува и фактот што вкупниот пазар во ова подрачје во 2010 година изнесувал околу 20 милијарди УСД, со пораст од 10-15% на годишно ниво.

Вториот циклус на студии по Наменски компјутерски системи има за цел да образува врвни кадри во делот на проектирање, реализација и примена на комплетни хардверски и софтверски наменски системи во сите можни подрачја на примена. Кадрите што одовде ќе произлезат ќе бидат оспособени рамноправно да се носат на светско ниво со своите колеги, а во опредлени аспекти и да доминираат.

По завршувањето на оваа студиска програма кандидатите ќе можат:

  • да имплементираат проектни техники и за хардвер и за софтвер за наменски вградливи системи;
  • да проектираат и реализираат наменски вградливи компјутерски системи во целина – хардвер и софтвер;
  • да проектираат и реализираат наменски софтвер за постојни системи;
  • да проектираат и реализираат наменски хардвер за постојни системи;
  • да следат и активно да учествуваат и да ги подобруваат актуелните истражувања во ова подрачје;
  • да бидат оспособени за вклучување и водење на тимови во актуелни интердисциплинарни и специфични подрачја на примена.
Семестар 1  
Задолжителни предмети  
Шифра Предмет Кредити Фонд Вкупен расположив фонд на време (часови)
Програмата нема задолжителни предмети
ИЗБОРНИ ПРЕДМЕТИ
Изборните предмети 1 и 2 се избираат од листата А.
Изборните предмети 3 и 4 се избираат од листата А или од листата Б.
Изборниот предмет 5 се избира од листата Б или од листата на сите наставни предмети застапени на  единицата на универзитетот.
  Изборен предмет 1 6 3+0+0+3 180
  Изборен предмет 2 6 3+0+0+3 180
  Изборен предмет 3 6 3+0+0+3 180
  Изборен предмет 4 6 3+0+0+3 180
  Изборен предмет 5 6 3+0+0+3 180
  Вкупно 30 15+0+0+15 900
Изборни предмети  
Изборни предмети – Листа А

*Задолжително се избираат најмалку два од предложените предмети од листата А

3ФЕИТ07012 Оперативни системи и драјвери 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ07020 Софтвер за НКС и мрежи 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ07022 Техники за HDL проектирање и FPGA реализација 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ07023 Техники за дизајн на компјутерски системи 6 3+0+0+3 180
Изборни предмети – Листа Б
*Се избираат најмногу три од предложените изборни предмети од листата Б, зависно од бројот на избрани предмети од листата А
Шифра Предмет Кредити Фонд Вкупен расположив фонд на време (часови)
3ФЕИТ07001 Безбедност и надежност на компјутерско комуникациски системи 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ08004 Дискретна математика 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ07003 Интернет на нешта 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ07004 Когнитивно пресметување во ИКТ 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ08011 Линеарни статистички модели 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ07005 Моделирање и симулација – проценка на перформанси 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ07006 Наменски и современи компјутерски мрежи 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ07007 Наменски процесори 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ07008 Напредна анализа на податоци со методи од машинско учење 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ07013 Пресметувања со високи перформанси 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ07014 Пресметување во grid и облак 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ07015 Проектирање и анализа на повеќе-гигабитни безжични локални мрежи 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ07017 Сензорски, безжични и мобилни компјутерски мрежи и системи 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ07018 Системи за дигитални трансакции 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ07019 Складишта и наменска обработка на податоци 6 3+0+0+3 180
Втор сесместар
3ФЕИТ00 Магистерска работа 20 0+0+0+20 600
Изборни предмети
3ФЕИТ07 Истражувачки проект од областа на наменски компјутерски системи 6 0+0+0+6 180
  Универзитетски изборен предмет 4 2+0+0+2 120
  Вкупно 30 2+0+0+28 900