II циклус (Постдипломски студии)

Студиски програми – акредитација 2023
1. Обновливи извори на енергија (1 – ОИЕ)
2. Електрични машини и автоматизација (2 – ЕМА)
3. Електроенергетски системи (3 – ЕЕС)
4. Електроенергетика (4 – ЕЕ)
5. Проектен менаџмент (5 – ПМ)
6. Автоматика, роботика и системско инженерство (6 – АРСИ)
7. Наменски компјутерски системи (7 – НКС)
8. Компјутерски мрежи – Интернет за нешта (8 – КМ-ИНН)
9. Вградливи микрокомпјутерски системи (9 – ВМС)
10. Дигитално процесирање на сигнали и мултимедиски технологии (10 – ДПСМТ) 
11. Интелигентни безжични системи (11 – ИБС)
12. Комуникациски и информациски технологии (12 – КИТ)
13. Применета математика (13 – ПМА)
14. Метрологија и менаџмент на квалитет (15-ММК)
15. Микро и нано технологии (16 – МНТ)
16. Регулатива во енергетика, електронски комуникации и сообраќај (17 – РЕЕКС)
17. Енергетска електроника (18 – ЕНЕЛ)
18. Машински вид (19 – МВ)
19. Интернет и мобилни сервиси и апликации (20- ИМСА)
21. Податочна наука во електротехника и информациски технологии (21 – ПНЕИТ)
22. Биомедицинско инженерство (22-БЕ)
23. Energy Efficiency, Environment and Sustainable Development (24-EESD)


Современиот начин на студирање по ЕКТС на студентите им дава можност за избор на дисциплини од повеќе различни области и профилирање на своето образование според сопствените желби и афинитети. Изборот и комбинирањето на различните дисциплини на студентите им овозможува да се стекнат со знаења и вештини кои ќе им помогнат поедноставно да се подготват за пазарот на трудот, но и да започнат успешна научно-истражувачка кариера.

Студиите се ориентирани кон дејностите на компаниите во Република Македонија и пошироко, така што инженерите кои се веќе вработени можат да стекнат нови знаења и при тоа својата магистерска работа да ја изработат на тема поврзана со нивните работни задачи. Со ваквиот начин на соработка, компаниите имаат реална корист, бидејќи се овозможува решавање на директни производни проблеми, како и подобрување на постоечките и воведување на иновативни решенија.

Основни податоци за студиските програми
Траење на студиската програма Една година / два семестри
ЕКТС кредити со кои се стекнува студентот 60 ЕКТС кредити
Услов за запишување Дипломирани инженери кои имаат усвоено 240 кредити или завршиле додипломски студии по стара наставна програма** на Факултетот за електротехника и информациски технологии или дипломирале на други факултети во земјата и странство, согласно условите поставени во секоја студиска програма.
Финансирање Финансирањето на студиите се одвива според законските прописи за студирање на државен универзитет, статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, како и одлуките во конкурсот за упис.
Продолжување на образованието По завршувањето на овие студии, студентите можат да го продолжат своето образование на трет циклус циклус студии – докторски студии.
Структура на студиските програми
I СЕМЕСТАР
Вкупно предмети Неделен фонд на часови Кредити по предмет Вкупно кредити
Задолжителни предмети и изборни предмети од предложената листа на студската програма 5 3+3 6 30
II СЕМЕСТАР
Вкупно предмети Неделен фонд на часови Кредити по предмет Вкупно кредити
Истражувачки проект 1 0+6 6 30
Магистерска работа 0+24 24

 

** На дипломираните инженери по електротехника по старите студиски програми со девет семестри се признаваат предмети од додипломските студии со соодветни еквивалентни предмети како изборни на втор циклус студии. Максималниот број на признаени кредити може да изнесува 18 ЕКТС (3 предмети).

Студиски програми – акредитација 2018
1. Обновливи извори на енергија (ОИЕ)
2. Електрични машини и автоматизација (ЕМА)
3. Електроенергетски системи (ЕЕС)
4. Електроенергетика (ЕЕ)
5. Проектен менаџмент (ПМ)
6. Автоматика, роботика и системско инженерство (АРСИ)
7. Наменски компјутерски системи (НКС)
8. Компјутерски мрежи – Интернет за нешта (КМ-ИНН)
9. Вградливи микрокомпјутерски системи (ВМС)
10. Дигитално процесирање на сигнали (ДПС)
11. Безжични системи, сервиси и апликации (БССА)
12. Комуникациски и информациски технологии (КИТ)
13. Применета математика (ПМА)
14. Енергетска ефикасност, животна средина и одржлив развој (ЕСОР)
15. Метрологија и менаџмент на квалитет (ММК)
16. Микро и нано технологии (МНТ)
17.Регулатива во енергетика, електронски комуникации и сообраќај (РЕЕКС)
18. Енергетска електроника (ЕНЕЛ)
19. Мултимедиски технологии (МТ)
20. Wireless and Mobile Comunications (WMC) (на англиски јазик)
21. Energy Efficiency, Environment and Sustainable Development (EESD) (на англиски јазик) *
22. Интернет и мобилни сервиси и апликации (ИМСА)
23. Dedicated Embedded Computer Systems and IoT (DECS-IOT) (на англиски јазик) – Можност за двојна диплома *

 

Современиот начин на студирање по ЕКТС на студентите им дава можност за избор на дисциплини од повеќе различни области и профилирање на своето образование според сопствените желби и афинитети. Изборот и комбинирањето на различните дисциплини на студентите им овозможува да се стекнат со знаења и вештини кои ќе им помогнат поедноставно да се подготват за пазарот на трудот, но и да започнат успешна научно-истражувачка кариера.

Студиите се ориентирани кон дејностите на компаниите во Република Македонија и пошироко, така што инженерите кои се веќе вработени можат да стекнат нови знаења и при тоа својата магистерска работа да ја изработат на тема поврзана со нивните работни задачи. Со ваквиот начин на соработка, компаниите имаат реална корист, бидејќи се овозможува решавање на директни производни проблеми, како и подобрување на постоечките и воведување на иновативни решенија.

Основни податоци за студиските програми
Траење на студиската програма Една година / два семестри
ЕКТС кредити со кои се стекнува студентот 60 ЕКТС кредити
Услов за запишување Дипломирани инженери кои имаат усвоено 240 кредити или завршиле додипломски студии по стара наставна програма** на Факултетот за електротехника и информациски технологии или дипломирале на други факултети во земјата и странство, согласно условите поставени во секоја студиска програма.
Финансирање Финансирањето на студиите се одвива според законските прописи за студирање на државен универзитет, статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, како и одлуките во конкурсот за упис.
Продолжување на образованието По завршувањето на овие студии, студентите можат да го продолжат своето образование на трет циклус циклус студии – докторски студии.
Структура на студиските програми
I СЕМЕСТАР
Вкупно предмети Неделен фонд на часови Кредити по предмет Вкупно кредити
Задолжителни предмети и изборни предмети од предложената листа на студската програма 5 3+0+0+3 6 30
II СЕМЕСТАР
Вкупно предмети Неделен фонд на часови Кредити по предмет Вкупно кредити
Истражувачки проект 1 0+0+0+6 6 30
Универзитетски изборен предмет 1 2+0+0+2 4
Магистерска работа 0+0+0+20 20

 

* Студиски програми на англиски јазик – специфики

** На дипломираните инженери по електротехника по старите студиски програми со девет семестри се признаваат предмети од додипломските студии со соодветни еквивалентни предмети како изборни на втор циклус студии. Максималниот број на признаени кредити може да изнесува 18 ЕКТС (3 предмети).

  Студентите на ФЕИТ може да избираат по 1 изборен предмет од било која студиска програма од втор циклус на студии на ФЕИТ.