КОМПЈУТЕРСКИ МРЕЖИ – ИНТЕРНЕТ НА НЕШТА (8-КМ-ИНН)

Студиска програма: 8-Компјутерски мрежи – Интернет на нешта (8-КМ-ИНН)

Траење: 1 година

Број на ЕКТС кредити: 60 ЕКТС

Услови за запишување: Завршен прв циклус на студии (академски) на сродни студиски програми во земјата и во странство.

Академски назив: Магистер по електротехника и информациски технологии од областа компјутерски мрежи – интернет на нешта

За да ова се постигне во студиската програма, покрај неопходните аспекти за проектирање и реализација на компјутерски мрежни системи и уреди, ќе бидат опфатени и следните тековно многу актуелни аспекти и подрачја кои се вметнати во целите за развој на компјутерските технологии на Европската комисија:

  • Развој на идни валидни модели за раководење и управување на Internet of things (IOT);
  • Политички, економски и социјални придобивки од Internet of things (IOT);
  • Internet of things (IOT) мобилни уреди во мрежи од следната генерација;
  • Управување и распределба на фреквентниот спектар и Internet of things (IOT);
  • Ад-хок граѓански апликации и архитектури;
  • Раководење, стандарди и надежност;
  • Етички норми и Internet of things (IOT);
  • Заштита и безбедност на корисниците;
  • Безбедност на уредите.

Потребата од образовани кадри од подрачјето на Компјутерски мрежи е забележлива во академската и стручната јавност на универзитетите во светот, но е особено изразена во индустријата.

Наставната содржина на вториот циклус студии од Компјутерски мрежи ќе им овозможи на студентите стекнување на: вештини за анализа, проектирање и имплементација на интелигентни компјутерски мрежи и системи кои ги вклучуваат најновите технологии од повеќе области – компјутерски мрежи, сензори и сензорски системи, информациони системи, бази на податоци, мултимедиски системи, игри и забава, како и оспособеност за работа во интередисциплинарни тимови врвни на светско ниво.

Во услови на перманентен научен и техничко-технолошки напредок се зголемува потребата за развој на Компјутерски мрежи – Internet of Things.

Студиите би им овозможиле на студентите и понатамошни сопствено неформално образование од областа на компјутерските мрежи и системи (курсеви, обуки,…), но и продолжување на своето формално образование на трет циклус на студии, докторски студии.

Магистрите по Компјутерски мрежи – Internet of Things ќе бидат оспособени за работа во сите сфери на едно модерно автоматизирано и информатичко општество, а пред се во здравството, транспортот, потрошувачката електроника, мобилни уреди и системи, потоа информатичките и телекомуникациските компании, компаниите кои произведуваат и сервисираат системи за мониторинг, компаниите кои се бават со автоматизирано производтство на материјални добра, транспорт и сл.

Овој модул создава кадар, кој сите овие сектори го препознаваат како фундаментално важен за нивниот успешен развој.

Магистрите по Компјутерски мрежи – Интернет на нешта особено може да придонесат во научно-истражувачката работа и наставната работа на Универзитетите, научните институти, истражувачките центри и др.

По завршувањето на оваа студиска програма кандидатите ќе можат:

  • Да проектираат компјутерски мрежи и мрежни системи во сите подрачја на нивна примена: компјутерските технологии, медицината, транспортот, мултимедијата, индустријата за игри и забави и слично;
  • Да развиваат нови области на примена и да ги усовршуваат постојните;
  • Да можат да учествуваат во теоретското моделирање, симулација, развој и примена на системи и процеси во ова подрачје;

Да можат рамноправно да учествуваат во врвните светски развојни интердисциплинарни тимови од подрачјето.

Семестар 1  
Задолжителни предмети  
Шифра Предмет Кредити Фонд Вкупен расположив фонд на време (часови)
Програмата нема задолжителни предмети
ИЗБОРНИ ПРЕДМЕТИ
Изборните предмети 1 и 2 се избираат од листата А.
Изборните предмети 3 и 4 се избираат од листата А или од листата Б.
Изборниот предмет 5 се избира од листата Б или од листата на сите наставни предмети застапени на  единицата на универзитетот.
  Изборен предмет 1 6 3+0+0+3 180
  Изборен предмет 2 6 3+0+0+3 180
  Изборен предмет 3 6 3+0+0+3 180
  Изборен предмет 4 6 3+0+0+3 180
  Изборен предмет 5 6 3+0+0+3 180
  Вкупно 30 15+0+0+15 900
Изборни предмети  
Изборни предмети – Листа А

*Задолжително се избираат најмалку два од предложените предмети од листата А

3ФЕИТ07001 Безбедност и надежност на компјутерско комуникациски системи 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ07003 Интернет на нешта 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ07006 Наменски и современи компјутерски мрежи 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ07021 Стандарди и протоколи за Интернет на нешта 6 3+0+0+3 180
Изборни предмети – Листа Б
*Се избираат најмногу три од предложените изборни предмети од листата Б, зависно од бројот на избрани предмети од листата А
3ФЕИТ08001 Апликативна теорија на графови
6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ07002 Интелигентни информациони системи и големи податочни множествa 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ10019 Напредни апликации за мобилни уреди 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ11005 Напредни веб технологии и сервиси
6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ07009 Напредни концепти на виртуелизација 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ07005 Моделирање и симулација – проценка на перформанси 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ07011 Обработка на сензорски податоци во Интернет на нешта 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ08025 Применета алгебра
6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ07008 Напредна анализа на податоци со методи од машинско учење 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ07013 Пресметувања со високи перформанси 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ07014 Пресметување во grid и облак 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ07015 Проектирање и анализа на повеќе-гигабитни безжични локални мрежи 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ07017 Сензорски, безжични и мобилни компјутерски мрежи и системи 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ07020 Софтвер за НКС и мрежи 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ07019 Складишта и наменска обработка на податоци 6 3+0+0+3 180
Шифра Предмет Кредити Фонд Вкупен расположив фонд на време (часови)
Втор сесместар
3ФЕИТ00 Магистерска работа 20 0+0+0+20 600
Изборни предмети
3ФЕИТ08 Истражувачки проект од областа на компјутерските мрежи 6 0+0+0+6 180
  Универзитетски изборен предмет 4 2+0+0+2 120
  Вкупно 30 2+0+0+28 900