ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА (1 – ОИЕ)

КомпетенцииIII

Студиска програма: 01-Обновливи извори на енергија (01 – ОИЕ)

Траење: 1 година

Број на ЕКТС кредити: 60 ЕКТС

Услови за запишување: Завршен прв циклус на академски студии и освоени 240 ЕКТС кредити, или завршени додипломски студии во траење од најмалку 8 семестри пред воведувањето на ЕКТС на сродни студиски програми во земјата и во странство.

Академски назив:Магистер по електротехника и информациски технологии од областа обновливи извори на енергија

Целта на студиската програма е образување на кадри во согласност со потребите на современото стопанство и врз основа на критериуми за квалитет на наставата на ниво на Универзитетот. Таа содржи фундаментални дисциплини од областа на обновливите извори на енергија, дополнети со нови истражувања и сознанија, но и низа нови дисциплини кои се развиени во согласност со современите научни сознанија. Студиската програма овозможува создавање кадри кои по магистрирањето ќе станат дел од електроенергетската индустрија, пред се во рамките на компаниите кои произведуваат и проектираат опрема базирана на ОИЕ, како и во компаниите за производство, пренос и дистрибуција на електрична енергија. Стручност и компетентност во дефинирање на потребите од стандардизација и регулатива согласно препораките на ЕУ. Функционирање на меѓународните тела за стандардизација. Делокруг на активности на IEC и ISO организациите. Стандардизација во Република Македонија. Примена на техничките стандарди во различни области од електротехниката со акцент на електричните уреди со зголемена ефикасност, либерализиран пазар на електрична енергија и повластени тарифи за развој на обновливите извори на енергија.

Студиската програма е развиена во согласност со критериумите, задачите и целите на ФЕИТ за задржување на високи стандарди во образување квалитетни кадри. Оваа студиска програма е конципирана врз основа на претходни искуства во изведувањето на наставата на слична студиска програма акредитирана во 2008 година, со перманентниот развој на проблематиката, како и постојаното унапредување и континуираната соработка со стопанството.

Предложената студиска програма вклучува широки познавања од ОИЕ со што студентите ќе се здобијат со знаења од областа на обновливите извори на енергија и конверзијата во електрична енергија, нивното проектирање, експлоатација, одржување, управување и планирање, како и работата во независен или систем интегриран во електроенергетскиот систем.

Семестар 1  
Задолжителни предмети  
Шифра Предмет Кредити Фонд Вкупен расположив фонд на време (часови)
3ФЕИТ02020 Примена на обновливи извори на енергија 6 3+0+0+3 180
  Изборен предмет 1 6 3+0+0+3 180
  Изборен предмет 2 6 3+0+0+3 180
  Изборен предмет 3 6 3+0+0+3 180
  Изборен предмет 4 6 3+0+0+3 180
         
  Вкупно 30 15+0+0+15 900
Изборни предмети  
Шифра Предмет Кредити Фонд  
3ФЕИТ02002 Ветрогенераторски системи и технологии 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ04004 Енергетика и околина 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ02010 Енергетски аспекти на ветерни електрични централи 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ09003 Интеграција на производството од ОИЕ во ЕЕС 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ02014 Квалитет на електрична енергија од ОИЕ 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ02016 Конструктивни компоненти на ветерни електрани 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ04008 Мали хидроцентрали 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ03005 Мерење на параметрите на обновливи извори 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ02021 Принцип на работа и карактеристики на сончеви ќелии 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ04017 Проектирање и градба на фотоволтаични системи 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ08026 Производство на сончеви панели 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ04023 Техноекономски аспекти на обновливи извори на енергија 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ08033 Технологии за добивање енергија од биомаса 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ02023 Технологии за складирање на сончевата енергија 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ08034 Технологии за сончеви ќелии 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ04025 Хибридни енергетски системи и микромрежи 6 3+0+0+3 180
Семестар 2  
Задолжителни предмети  
Шифра Предмет Кредити Фонд Вкупен расположив фонд на време (часови)
3ФЕИТ00 Магистерска работа 20 0+0+0+20 600
Изборни предмети
3ФЕИТ01 Истражувачки проект од областа на обновливите извори на енергија 6 0+0+0+6 180
3ФЕИТ02013
Иноваторство и трансфер на технологии 4 2+0+0+2 120
3ФЕИТ01 Универзитетски изборен предмет 4 2+0+0+2 120
  Вкупно 30 4+0+0+30 1020