Автоматика, роботика и системско инженерство (6-АРСИ)

КомпетенцииIII

Студиска програма: 6-Автоматика, роботика и системско инженерство (6-АРСИ)

Траење: 1 година

Број на ЕКТС кредити: 60 ЕКТС

Услови за запишување: Завршен прв циклус студии (академски) на сродни студиски програми во земјата и во странство.

Академски назив: Магистер по електротехника и информациски технологии од областа автоматика, роботика и системско инженерство

Вториот циклус на студии по автоматика, роботика и системско инженерство има за цел да образува специјалисти кои ќе можат да ја понесат техничката и економската одговорност на проектирање, развој користење и одржување на комплексни роботски и интелигентни системи во нашето општество. Оваа програма нуди опсег на области од процесната индустрија, роботиката и компјутерското инженерство. Исто така, дава одлична подготовка за оние кои сакаат својот работен ангажман да го посветат на апликации во научно-истражувачка работа во некоја институција од ваков вид. Програмата е наменета за студенти со соодветен степен на квалификации, кои сакаат да ги зголемат своите можности за вработување во компании кои се бават со проектирање и примена на управувачки системи, реализирани софтверски или хардверски, студенти кои тежнеат да се здобијат со продлабочено теориско знаење и квалификации потребни за успешно проучување и работење со модерни и напреднати техники на управување и водење на комплексни системи, вработени во фирми кои применуваат разни видови на управувачки системи, а кои имаат потреба од формални квалификациии и сакаат да го прошират своето знаење во најразлични полиња на примена на овие системи, инженери од индустријата, проектанти на управувачки системи, планери и менаџери во стопанството кои тежнеат кон продлабочено разбирање на сегашните, нови и модерни пристапи во компјутерското системско инженерство и имаат амбиција за примена на истите со цел да се постигне повисока автоматизација и поголем квалитет и профит.

По завршувањето на оваа студиска програма кандидатите ќе можат: да ги имплементираат техниките на управување и компјутерски инженеринг во области од техничките науки, медицина, менаџмент и друго; да ги применуваат техниките на машинско учење при креирање на интелигентни системи и веб базирани апликации; да ги применуваат методите за обработка на говор и јазик; да развиваат нови области на примена и усовршување на постоечките; да покажат разбирање за теориските проблеми во моделирање, симулација, управување и водење на системи и процеси; да се здобијат со соодветна оспособеност за решавање на практични проблеми во сите домени на примена на автоматизацијата и компјутерското инженерство; да покажат знаење и оспособеност за следење на моментна состојба во истражувањата и вклучување и прилагодливост за тимска работа во актуелни интердисциплинарни области и специфични области.

Семестар 1  
Задолжителни предмети  
Шифра Предмет Кредити Фонд Вкупен расположив фонд на време (часови)
Програмата нема задолжителни предмети      
  Изборен предмет 1 6 3+0+0+3 180
  Изборен предмет 2 6 3+0+0+3 180
  Изборен предмет 3 6 3+0+0+3 180
  Изборен предмет 4 6 3+0+0+3 180
  Изборен предмет 5 6 3+0+0+3 180
  Вкупно 30 15+0+0+15 900
Изборни предмети  
Шифра Предмет Кредити Фонд  
3ФЕИТ01016 Современи мехатронички системи 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ01010 Напредни ПЛУ интегрирани системи за автоматизација 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ01003 Вмрежени системи за управување и управување во реално време 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ01007 Компјутациона интелигенција 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ01012 ПИД управувачи: теорија, проектирање и нагодување 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ01013 Превклучувачки динамички системи 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ01004 Идентификација и естимација 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ01006 Интелегентно управување во современата роботика 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ01002 Вештачка интелигенција 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ01009 Мобилна роботика 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ01018 Управување со предвидување базирано на модел 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ01015 Проектирање на управувачки системи и изработка на техничка документација 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ01005 Индустриски Интернет на нештата 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ01011 Оптимално и робустно управување 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ01014 Применети дискретно-настански системи 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ02022 Специјални електрични машини и нивно управување      180
3ФЕИТ05026 Современи микроконтролери за проектирање вградливи системи 6 3+0+0+3 180
Семестар 2  
         
Задолжителни предмети  
Шифра Предмет Кредити Фонд Вкупен расположив фонд на време (часови)
         
3ФЕИТ00 Магистерска работа 20 0+0+0+20 600
Изборни предмети
3ФЕИТ06 Истражувачки проект од областа на автоматиката, роботиката и системското инженерство 6 0+0+0+6 180
3ФЕИТ01 Универзитетски изборен предмет 4 2+0+0+2 120
  Вкупно 30 4+0+0+30 900