НАМЕНСКИ КОМПЈУТЕРСКИ СИСТЕМИ (7-НКС)

Студиска програма: 7 – Наменски компјутерски системи (7-НКС)

Траење: 1 година

Број на ЕКТС кредити: 60 ЕКТС

Услови за запишување: Завршено прв циклус на студии (академски) на сродни студиски програми во земјата и во странство.

Академски назив: Магистер по електротехника и информациски технологии од областа наменски компјутерски системи

Наменските и вградливите компјутерски системи претставуваат комбинација на хардвер и софтвер чија цел е да се контролира уред, процес или комплетен систем. Специфични примери на вакви системи се: контрола на речиси сите системи во автомобилите, контрола на работењето на автомобилските мотори, автоматски пилот, навигациони системи и системи за управување во авионите, чипсети кај дигитални телевизори, чипови кај комуникациските уреди, амбиентните уреди, контролни системи кај нуклеарните реактори, и слично. Значењето на овие системи расте континуирано. На пример: во 2010 година постоеле и во практична употреба биле над 16 милијарди вакви уреди во целиот свет, а предвидувањата прогнозираат дека бројот на овие уреди се очекува да се зголеми двојно до 2014 година. Со други зборови, за секој жител на планетава би постоеле по 3-4 вакви уреди. Забележителен е порастот на употреба на вакви системи во автомобилската индустрија, каде процентот на учество на наменски процесорски системи во вкупната вредност на автомобилот се очекува да порасне до 45-50% во 2013. Овие предизвици можат успешно да се следат и применуваат само со продуцирање нови генерации студенти, образувани во полето на наменски компјутерскии системи. Во прилог на постоењето на ваква студиска програма зборува и фактот што вкупниот пазар во ова подрачје во 2010 година изнесувал околу 20 милијарди УСД, со пораст од 10-15% на годишно ниво.

Вториот циклус на студии по Наменски компјутерски системи има за цел да образува врвни кадри во делот на проектирање, реализација и примена на комплетни хардверски и софтверски наменски системи во сите можни подрачја на примена. Кадрите што одовде ќе произлезат ќе бидат оспособени рамноправно да се носат на светско ниво со своите колеги, а во опредлени аспекти и да доминираат.

По завршувањето на оваа студиска програма кандидатите ќе можат: