Студиска програма: 7 – Наменски компјутерски системи (7-НКС)
Траење: 1 година
Број на ЕКТС кредити: 60 ЕКТС
Услови за запишување: Завршен прв циклус на студии (академски) на сродни студиски програми во земјата и во странство.
Академски назив: Магистер по електротехника и информациски технологии од областа наменски компјутерски системи
Наменските и вградливите компјутерски системи претставуваат комбинација на хардвер и софтвер чија цел е да се контролира уред, процес или комплетен систем. Специфични примери на вакви системи се: контрола на речиси сите системи во автомобилите, контрола на работењето на автомобилските мотори, автоматски пилот, навигациони системи и системи за управување во авионите, чипсети кај дигитални телевизори, чипови кај комуникациските уреди, амбиентните уреди, контролни системи кај нуклеарните реактори, и слично. Значењето на овие системи расте континуирано. На пример: во 2010 година постоеле и во практична употреба биле над 16 милијарди вакви уреди во целиот свет, а предвидувањата прогнозираат дека бројот на овие уреди се очекува да се зголеми двојно до 2014 година. Со други зборови, за секој жител на планетава би постоеле по 3-4 вакви уреди. Забележителен е порастот на употреба на вакви системи во автомобилската индустрија, каде процентот на учество на наменски процесорски системи во вкупната вредност на автомобилот се очекува да порасне до 45-50% во 2013. Овие предизвици можат успешно да се следат и применуваат само со продуцирање нови генерации студенти, образувани во полето на наменски компјутерскии системи. Во прилог на постоењето на ваква студиска програма зборува и фактот што вкупниот пазар во ова подрачје во 2010 година изнесувал околу 20 милијарди УСД, со пораст од 10-15% на годишно ниво.
Вториот циклус на студии по Наменски компјутерски системи има за цел да образува врвни кадри во делот на проектирање, реализација и примена на комплетни хардверски и софтверски наменски системи во сите можни подрачја на примена. Кадрите што одовде ќе произлезат ќе бидат оспособени рамноправно да се носат на светско ниво со своите колеги, а во опредлени аспекти и да доминираат.
По завршувањето на оваа студиска програма кандидатите ќе можат:
- да имплементираат проектни техники и за хардвер и за софтвер за наменски вградливи системи;
- да проектираат и реализираат наменски вградливи компјутерски системи во целина – хардвер и софтвер;
- да проектираат и реализираат наменски софтвер за постојни системи;
- да проектираат и реализираат наменски хардвер за постојни системи;
- да следат и активно да учествуваат и да ги подобруваат актуелните истражувања во ова подрачје;
- да бидат оспособени за вклучување и водење на тимови во актуелни интердисциплинарни и специфични подрачја на примена.
Семестар 1 | ||||
Задолжителни предмети | ||||
Шифра | Предмет | Кредити | Фонд | Вкупен расположив фонд на време (часови) |
Програмата нема задолжителни предмети | ||||
ИЗБОРНИ ПРЕДМЕТИ Изборните предмети 1 и 2 се избираат од листата А. Изборните предмети 3 и 4 се избираат од листата А или од листата Б. Изборниот предмет 5 се избира од листата Б или од листата на сите наставни предмети застапени на единицата на универзитетот. |
||||
Изборен предмет 1 | 6 | 3+0+0+3 | 180 | |
Изборен предмет 2 | 6 | 3+0+0+3 | 180 | |
Изборен предмет 3 | 6 | 3+0+0+3 | 180 | |
Изборен предмет 4 | 6 | 3+0+0+3 | 180 | |
Изборен предмет 5 | 6 | 3+0+0+3 | 180 | |
Вкупно | 30 | 15+0+0+15 | 900 | |
Изборни предмети | ||||
Изборни предмети – Листа А
*Задолжително се избираат најмалку два од предложените предмети од листата А |
||||
3ФЕИТ07012 | Оперативни системи и драјвери | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ07020 | Софтвер за НКС и мрежи | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ07022 | Техники за HDL проектирање и FPGA реализација | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ07023 | Техники за дизајн на компјутерски системи | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
Изборни предмети – Листа Б | ||||
*Се избираат најмногу три од предложените изборни предмети од листата Б, зависно од бројот на избрани предмети од листата А | ||||
Шифра | Предмет | Кредити | Фонд | Вкупен расположив фонд на време (часови) |
3ФЕИТ07001 | Безбедност и надежност на компјутерско комуникациски системи | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ08004 | Дискретна математика | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ07003 | Интернет на нешта | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ07004 | Когнитивно пресметување во ИКТ | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ08011 | Линеарни статистички модели | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ07005 | Моделирање и симулација – проценка на перформанси | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ07006 | Наменски и современи компјутерски мрежи | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ07007 | Наменски процесори | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ07008 | Напредна анализа на податоци со методи од машинско учење | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ07013 | Пресметувања со високи перформанси | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ07014 | Пресметување во grid и облак | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ07015 | Проектирање и анализа на повеќе-гигабитни безжични локални мрежи | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ07017 | Сензорски, безжични и мобилни компјутерски мрежи и системи | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ07018 | Системи за дигитални трансакции | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ07019 | Складишта и наменска обработка на податоци | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
Втор сесместар | ||||
3ФЕИТ00 | Магистерска работа | 20 | 0+0+0+20 | 600 |
Изборни предмети | ||||
3ФЕИТ07 | Истражувачки проект од областа на наменски компјутерски системи | 6 | 0+0+0+6 | 180 |
Универзитетски изборен предмет | 4 | 2+0+0+2 | 120 | |
Вкупно | 30 | 2+0+0+28 | 900 |