Студиска програма: 14 – Енергетска ефикасност, животна средина и одржлив развој (14-ЕСОР)
Траење: 1 година
Број на ЕКТС кредити: 60 ЕКТС
Услови за запишување: Завршен прв циклус академски студии од областите на технички и природни науки на универзитети во земјава и во странство.
Академски назив: Магистер по електротехника и информациски технологии од областа енергетска ефикасност, животна средина и одржлив развој
Целта на студиската програма е да се оспособи водечки високостручен инженерски кадар компетентен за истражување, развој, проектирање и примена на сложени интердисциплинарни проекти во областите на енергетска ефикасност, влијанието на електричната енергија врз животната околина и одржливиот развој.
Соодветно на тоа, кандидатите на оваа студиска програма ќе бидат оспособени за решавање на проблеми поврзани со унапредување на енергетската ефикасност и обезбедување на одржлива иднина. Ќе бидат оспособени и за применување на техниките за интегрирање на превентивните стратегиите при планирањето и развојот на индустриското производство, за намалување на причините за загадување на животната средина предизвикани од производните процеси и рационализација на потрошувачката на енергија и суровински материјали. Кандидатите ќе се здобијат со соодветна оспособеност за решавање на практични проблеми во сите домени на влијанието на електромагнетните полиња врз околината и соодветната заштитата, да ги применуваат соодветните протоколи за мерење на најважните параметри на животната и работната средина со посебен осврт на нејонизирачките зрачења, како и да ги применуваат регулативите во областа на животната средина и нејонизирачките зрачења на меѓународно и национално ниво.
Оваа студиска програма ќе придонесе кон унапредување на енергетската ефикасност во Република Македонија, особено во индустрискиот, транспортниот, резиденцијалниот, комерцијалниот и услужниот сектор, а магистрите по “Енергетска ефикасност, животна средина и одржлив развој” ќе придонесат во развојот на индустрискиот сектор, научно-истражувачката и наставната работа на Универзитетите.
Втор семестар | ||||
Задолжителни предмети | ||||
Код | Предмет | Кредити | Неделен фонд на часови | Вкупен расположив фонд на време (часови) |
3ФЕИТ00 | Магистерска работа | 20 | 0+0+0+20 | 600 |
Изборни предмети | ||||
3ФЕИТ14 | Истражувачки проект од областа на енергетска ефикасност, животна средина и одржлив развој | 6 | 0+0+0+6 | 180 |
Универзитетски изборен предмет | 4 | 2+0+0+2 | 120 | |
Вкупно | 30 | 2+0+0+28 | 900 |