Студиска програма: 13 – Применета математика (13-ПМА)
Траење: 1 година
Број на ЕКТС кредити: 60 ЕКТС
Услови за запишување: Завршен прв циклус на студии – (академски) на сродни студиски програми во земјата и во странство.
Академски назив: Магистер по применета математика.
Вториот циклус на студии по Применета математика и актуарство со својата наставна содржина, облиците и методите на настава, ќе овозможи стекнување на темелни знаења, умеења и вештини од областа на применетата математика и актуарството.
Со стекнатите знаења од успешно завршениот втор циклус на студии магистерот ќе биде оспособен да работи во одделенија за истражување и развој во компании од техничките стопански гранки, банките и осигурителните компании. Магистерот ќе може да прави консалтинг во овие компании, да предлага и имплементира иновативни решенија во технолошкиот процес, со што би го намалил ризикот на работење и би ги зголемил приходите во компанијата.
Оваа студиска програма создава кадар, кој сите овие сектори го препознаваат како фундаментално важен за нивниот успешен развој. Магистрите по Применета математика и актуарство особено може да придонесат во научно-истражувачката работа и наставната работа на Универзитетите, научните институти, истражувачките центри и други, и успешно да продолжат со студирање на трет циклус на студии.
Семестар 1 | ||||
Задолжителни предмети | ||||
Шифра | Предмет | Кредити | Фонд | Вкупен расположив фонд на време (часови) |
Програмата нема задолжителни предмети | ||||
Изборни предмети
Изборните предмети 1 и 2 се избираат од листата А. Изборните предмети 3 и 4 се избираат од листата А или од листата Б. Изборниот предмет 5 се избира од листата Б или од листата на сите наставни предмети застапени на единицата на универзитетот. |
||||
Изборен предмет 1 | 6 | 3+0+0+3 | 180 | |
Изборен предмет 2 | 6 | 3+0+0+3 | 180 | |
Изборен предмет 3 | 6 | 3+0+0+3 | 180 | |
Изборен предмет 4 | 6 | 3+0+0+3 | 180 | |
Изборен предмет 5 | 6 | 3+0+0+3 | 180 | |
Вкупно | 30 | 15+0+0+15 | 900 |
Изборни предмети – Листа А | ||||
3ФЕИТ08004 | Дискретна математика | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ08005 | Диференцијални равенки | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ08010 | Линеарна алгебра | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ08020 | Нумерички методи | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ08023 | Одбрани делови од анализа | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ08029 | Статистика | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ08031 | Теорија на веројатност | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
Изборни предмети – Листа Б | ||||
3ФЕИТ08002 | Геометриско моделирање | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ08003 | Динамички системи | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ08006 | Интегрални трансформации и нивна примена | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ08008 | Комплексни мрежи | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ08035 | Финансиска математика | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ08027 | Симулации со методот Монте – Карло | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ08009 | Конвексна оптимизација со примена | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ08011 | Линеарни статистички модели | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ08016 | Моделирање со случајни процеси | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ08019 | Нумеричка линеарна алгебра | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ08021 | Нумерички методи со стохастички процеси | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ08025 | Применета алгебра | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ08028 | Случајни процеси | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ08030 | Стохастички диференцијални равенки | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
Семестар 2 | ||||
3ФЕИТ00 | Магистерска работа | 20 | 0+0+0+20 | 600 |
Изборни предмети | ||||
3ФЕИТ13 | Истражувачки проект од областа на применета математика | 6 | 0+0+0+6 | 180 |
3ФЕИТ08015 | Методи на истражување и техники на пишување | 4 | 2+0+0+2 | 120 |
Универзитетски изборен предмет | 4 | 2+0+0+2 | 120 | |
Вкупно | 30 | 4+0+0+30 | 1020 |