Студиска програма: 12-Комуникациски и информациски технологии (12-КИТ)
Траење: 1 година
Број на ЕКТС кредити: 60 ЕКТС
Услови за запишување: Завршен прв циклус на студии (академски) на сродни студиски програми во земјата и во странство
Академски назив: Магистер по електротехника и информациски технологии од областа комуникациски и информациски технологии
Секторот на информациско-комуникациските технологии е во постојан пораст. Побарувачката за магистри профилирани во областа на комуникациските и информациските технологии на пазарот на трудот во Република Македонија е голема, а со тоа и оправданоста за воведување на ваква студиска програма.Целта на студиската програма е да произведе кадар кој ќе биде носител на развојот на ИКТ секторот и севкупната економија во Република Македонија.
Кандидатот кој магистрирал на оваа студиска програма може да продолжи со докторски студии во истата или слична научна област.
Широката научна основа може да му помогнат на кандидатот успешно да работи / да се преориентира и во други научни области од областа на техничките науки.
Програмата го оспособува кандидатот за претприемаштво и основање на нови бизниси во областа на информациско-комуникациските технологии.
Семестар 1 | ||||
Задолжителни предмети | ||||
Шифра | Предмет | Кредити | Фонд | Вкупен расположив фонд на време (часови) |
3ФЕИТ10004 | Бизнис менаџмент во телекомуникациите | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ10020 | Напредни интернет технологии | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ10028 | Следна генерација оптички мрежи | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
Изборен предмет 1 | 6 | 3+0+0+3 | 180 | |
Изборен предмет 2 | 6 | 3+0+0+3 | 180 | |
Вкупно | 30 | 15+0+0+15 | 900 | |
Изборни предмети |
Семестар 2 | ||||
3ФЕИТ00 | Магистерска работа | 20 | 0+0+0+20 | 600 |
Изборни предмети | ||||
3ФЕИТ12 | Истражувачки проект од областа на комуникациските и информациските технологии | 6 | 0+0+0+6 | 180 |
3ФЕИТ10032 | Стратешко планирање за телеком и Интернет иновации | 4 | 2+0+0+2 | 120 |
Универзитетски изборен предмет | 4 | 2+0+0+2 | 120 | |
Вкупно | 34 | 4+0+0+30 | 1020 |