ПРИМЕНЕТА МАТЕМАТИКА (13-ПМА)

Студиска програма: 13 – Применета математика (13-ПМА)

Траење: 1 година

Број на ЕКТС кредити: 60 ЕКТС

Услови за запишување: Завршен прв циклус на студии – (академски) на сродни студиски програми во земјата и во странство.

Академски назив: Магистер по  електротехника и информациски технологии од областа применета математика.

Вториот циклус на студии по Применета математика и актуарство со својата наставна содржина, облиците и методите на настава, ќе овозможи стекнување на темелни знаења, умеења и вештини од областа на применетата математика и актуарството.

Со стекнатите знаења од успешно завршениот втор циклус на студии магистерот ќе биде оспособен да работи во одделенија за истражување и развој во компании од техничките стопански гранки, банките и осигурителните компании. Магистерот ќе може да прави консалтинг во овие компании, да предлага и имплементира иновативни решенија во технолошкиот процес, со што би го намалил ризикот на работење и би ги зголемил приходите во компанијата.

Оваа студиска програма создава кадар, кој сите овие сектори го препознаваат како фундаментално важен за нивниот успешен развој. Магистрите по Применета математика и актуарство особено може да придонесат во научно-истражувачката работа и наставната работа на Универзитетите, научните институти, истражувачките центри и други, и успешно да продолжат со студирање на трет циклус на студии.

Семестар 1 
Задолжителни предмети 
ШифраПредметКредитиФондВкупен расположив фонд на време (часови)
 Програмата нема задолжителни предмети   
Изборни предмети

Изборните предмети 1 и 2 се избираат од листата А.

Изборните предмети 3 и 4 се избираат од листата А или од листата Б.

Изборниот предмет 5 се избира од листата Б или од листата на сите наставни предмети застапени на единицата на универзитетот.

 Изборен предмет 163+0+0+3180
 Изборен предмет 263+0+0+3180
Изборен предмет 363+0+0+3180
Изборен предмет 463+0+0+3180
Изборен предмет 563+0+0+3180
 Вкупно3015+0+0+15900
Изборни предмети – Листа А
3ФЕИТ08004Дискретна математика63+0+0+3180
3ФЕИТ08005Диференцијални равенки63+0+0+3180
3ФЕИТ08010Линеарна алгебра63+0+0+3180
3ФЕИТ08020Нумерички методи63+0+0+3180
3ФЕИТ08023Одбрани делови од анализа63+0+0+3180
3ФЕИТ08029Статистика63+0+0+3180
3ФЕИТ08031Теорија на веројатност63+0+0+3180
Изборни предмети – Листа Б
3ФЕИТ08002Геометриско моделирање63+0+0+3180
3ФЕИТ08003Динамички системи63+0+0+3180
3ФЕИТ08006Интегрални трансформации и нивна примена63+0+0+3180
3ФЕИТ08008Комплексни мрежи63+0+0+3180
3ФЕИТ08035Финансиска математика 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ08027Симулации со методот Монте – Карло 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ08009Конвексна оптимизација со примена 6  3+0+0+3  180
3ФЕИТ08011Линеарни статистички модели6  3+0+0+3  180
3ФЕИТ08016 Моделирање со случајни процеси 6   3+0+0+3   180
3ФЕИТ08019Нумеричка линеарна алгебра 6   3+0+0+3   180
 3ФЕИТ08021 Нумерички методи со стохастички процеси  6  3+0+0+3 180
3ФЕИТ08025 Применета алгебра 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ08028Случајни процеси  6  3+0+0+3180 
3ФЕИТ08030Стохастички диференцијални равенки  6 3+0+0+3180 
Втор сесместар
3ФЕИТ00Магистерска работа200+0+0+20600
Изборни предмети
3ФЕИТ13Истражувачки проект од областа на применета математика60+0+0+6180
3ФЕИТ08015Методи на истражување и техники на пишување42+0+0+2120
 Универзитетски изборен предмет42+0+0+2120
 Вкупно304+0+0+301020