КомпетенцииIII
Студиска програма: 11-Безжични системи, сервиси и апликации (11-БССА)
Траење: 1 година
Број на ЕКТС кредити: 60 ЕКТС
Услови за запишување: Завршен прв циклус на студии (академски) на сродни студиски програми во земјата и во странство.
Академски назив: Магистер по електротехника и информациски технологии од областа Безжични системи, сервиси и апликации
Новата студиска програма Безжични системи, сервиси и апликации базира на најновите научни сознанија, кои се вградени во задолжителните и изборните предмети. Ќе бидат изучувани најновите постојни безжични и мобилни системи, како и системите од следната генерација. Поконкретно, ќе бидат изучувани најновите техники на пренос и мрежни концепти кај четвртата и петтата генерација на мобилни системи. Ќе бидат изучувани и најмодерните безжични системи за комуникација помеѓу сензори, уреди, машини, апарати и возила, како елементи на интернет на нешта (ИоТ) и идниот интернет на се’ (ИоЕ). Постојните и идни иновативни сервиси и апликации кои базираат на овие безжични системи се исто така предмет на изучување во рамките на оваа студиска програма. Акцент е посветен на некои од најжешките теми во областа на безжичните телекомуникациски системи, како најновите техники на пренос (масивни МИМО системи, милиметарски бранови, кооперативност), најновите концепти кај целуларни, локални и сензорски мрежи, енергетски ефикасните безжични системи и жетва на енергија, реконфигурабилните мрежи, примената на методите и алгоритмите на машинско учење кај безжичните системи, интелигентните безжични инфраструктури вклучително паметни градови, паметни енергетски мрежи, паметно здравство, паметен транспорт итн.