Комуникациски и информациски технологии (12-КИТ)

КомпетенцииIII

Студиска програма: 12-Комуникациски и информациски технологии (12-КИТ)

Траење: 1 година

Број на ЕКТС кредити: 60 ЕКТС

Услови за запишување: Завршен прв циклус на студии (академски) на сродни студиски програми во земјата и во странство

Академски назив: Магистер по електротехника и информациски технологии од областа комуникациски и информациски технологии

Секторот на информациско-комуникациските технологии е во постојан пораст. Побарувачката за магистри профилирани во областа на комуникациските и информациските технологии на пазарот на трудот во Република Македонија е голема, а со тоа и оправданоста за воведување на ваква студиска програма.Целта на студиската програма е да произведе кадар кој ќе биде носител на развојот на ИКТ секторот и севкупната економија во Република Македонија.

Кандидатот кој магистрирал на оваа студиска програма може да продолжи со докторски студии во истата или слична научна област.

Широката научна основа може да му помогнат на кандидатот успешно да работи / да се преориентира и во други научни области од областа на техничките науки.

Програмата го оспособува кандидатот за претприемаштво и основање на нови бизниси во областа на информациско-комуникациските технологии.

Семестар 1
Задолжителни предмети
Шифра Предмет Кредити Фонд Вкупен расположив фонд на време (часови)
3ФЕИТ10004 Бизнис менаџмент во телекомуникациите 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ10020 Напредни интернет технологии 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ10028 Следна генерација оптички мрежи 6 3+0+0+3 180
  Изборен предмет 1 6 3+0+0+3 180
  Изборен предмет 2 6 3+0+0+3 180
  Вкупно 30 15+0+0+15 900
Изборни предмети
Код Предмет Кредити Неделен фонд на часови Вкупен расположив фонд на време(часови)
3ФЕИТ10001 Безжични и мобилни системи и сервиси 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ10002 Безжични мултимедиски мрежи 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ10003 Безжични системи од следна генерација: технологии, апликации и примена на машинско учење 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ10005 Дизајн и имплементација на телекомуникациски услуги 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ10006 Дизајн на телекомуникациски мрежи 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ10007 Експериментални и развојни платформи за ИКТ системи 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ10008 Енергетски ефикасни безжични системи 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ10009 Енергетски ефикасно омрежување 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ10010 ИКТ за енергетска ефикасност и одржлив развој 2 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ10011 ИКТ решенија за паметно општество 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ10013 Квантни комуникации и квантни пресметки 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ10015 Менаџмент на мултимедиски мрежи и сервиси 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ10016 Мерења во Интернет 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ10017 Модерни безжични комуникации 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ10018 Наномрежи 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ10021 Напредни телекомуникациски мрежи 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ10022 Напредни техники за обработка на комуникациски податоци во мобилни и безжични мрежи 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ10023 Оптички комуникации 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ10025 Примена на методи за оптимизација во безжичните комуникации 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ10027 Симулација на телекомуникациски системи 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ10029 Софтверски дефинирани мрежи 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ10033 Телекомуникациски протоколен инженеринг 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ10034 Телесообраќаен инженеринг и мрежно планирање 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ10036 Теорија на кодирање и сигурносни комуникации 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ10037 Техники на истражувањe во телекомуникациите 6 3+0+0+3 180
Семестар 2
3ФЕИТ00 Магистерска работа 20 0+0+0+20 600
Изборни предмети
3ФЕИТ12 Истражувачки проект од областа на комуникациските и информациските технологии 6 0+0+0+6 180
3ФЕИТ10032 Стратешко планирање за телеком и Интернет иновации 4 2+0+0+2 120
  Универзитетски изборен предмет 4 2+0+0+2 120
  Вкупно 34 4+0+0+30 1020