Електроенергетика и проектен менаџмент (ЕЕПМ)

КомпетенцииДескриптори на квалификациитеIIIIIIIVVVIVIIVIIIФакултетска листа

Вид на програмата
Студиска програма од прв циклус студии, 4 години, 8 семестри, 240 ЕКТС-кредити

Обра­зо­вен степен (дип­ло­ма)
Дип­ло­ми­ран инженер по електротехника и информациски технологии од областа електроенергетика и проектен менаџмент

Про­фил
Електроенергетика и проектен менаџмент

Иден­ти­фи­ка­ци­ја на по­тре­би­те и мож­но­сти­те за вра­бо­ту­ва­ње
Дипломираните инженери од оваа студиска програма мо­жaт да креирааат сопствен бизнис или да се вработат во некоја од компаниите кои се занимаваат со: произ­вод­ство на електрична енергија од класични или обнов­ли­ви извори; трговија, пренос и дистрибуција на елек­трич­на енергија; менаџмент, проектирање, заштита, авто­матизација и управување на електро­енергетски обј­екти; консултантски услуги по проектен менаџмент, студии и техничко-економски анализи, eнергетска ефи­кас­ност и околина и сл.

Обра­зов­ни ком­пе­тен­ции на профилот
Студиската програма ЕЕПМ ги следи потребите на ком­па­ниите од електро-енергетскиот сектор за креирање сов­ремено образуван инженер кој ќе има стручни поз­на­вања од областа на електроенергетиката, информа­цис­ко-комуникациските технологии, како и способност и знаење за менаџирање на сложени технички проекти во новата пазарно ориентирана околина.

Во рамките на студиската програма студентите изучу­ва­ат технологии за производство на електрична енергија од класични и обновливи извори; постројки и управу­вач­ки системи во електроенергетските системи; методи за планирање, проектирање и градба на електро­енер­гет­ски објекти; современи софтверски алатки за ана­ли­за и решавање на инженерски проблеми, методи за раци­онално користење на електричната енергија, како и менаџерски вештини и техники на проектниот мена­џмент.

Меѓународна акредитација
Студиските програми на ФЕИТ се меѓународно акредитирани од германскиот институт ASIIN, кој е светски лидер за потврда на квалитетот во високото образование. Со оваа акредитација се потврдува дека студиските програми се воспоставени според меѓунароните стандарди за квалитет и содржините кои се изучуваат се релевантни за областите кои се покриени во студиските програми.

                                           Општи дескриптори на квалификации

Квалификација Дескриптори на квалификациите
Знаење и разбирање
  • Покажува знаење и разбирање во научното поле на електротехниката кое се надградува врз претходното образование и обука, вклучувајќи и познавање во доменот на теоретски, практични, концептуални, компаративни и критички перспективи во научното поле според соодветна методологија.
Примена на знаењето и разбирањето
  • Може да го примени знаењето и разбирањето на начин што покажува професионален пристап во работата или професијата.
  • Покажува компетенции за идентификација, анализа и решавање проблеми поврзани со електротехниката.
Способност за проценка
  • Способност за прибирање, анализирање, оценување и презентирање информации, идеи, концепти од релевантни податоци.
  • Донесување соодветна проценка земајќи ги предвид личните, општествените, научните и етичките аспекти.
Комуникациски вештини
  • Способност да комуницира и дискутира, и со стручната, и со нестручната јавност, за информации, идеи, проблеми и решенија кога критериумите за одлучување и опсегот на задачата се јасно дефинирани.
  • Презема поделена одговорност за колективни резултати.
  • Способност за независно учество, со професионален пристап, во специфични, научни и интердисциплинарни дискусии.
Вештини на учење
  • Презема иницијатива да ги идентификува потребите за стекнување понатамошно знаење и учење со висок степен на независност.


Специфични дескриптори на квалификации

Квалификација Дескриптори на квалификациите
Знаење и разбирање
  • Покажува знаење и разбирање во научното поле на електротехниката кое се надградува врз претходното образование и обука, вклучувајќи и познавање во доменот на теоретски, практични, концептуални, компаративни и критички перспективи во научното поле според соодветна методологија.
  • Покажува знаење и разбирање за истражување, развој, проектирање, инсталирање и примена на добрата и современа инженерска практика во електроенергетиката. Стекнатите знаења се надградба на претходното образование, вклучу­вајќи и познавања во доменот на теоретски и практични перспективи во научното поле според соодветна методологија.
  • Разбирања на областите и познавање на тековните прашања во врска со научните истражувања и новите извори на знаења.
Примена на знаењето и разбирањето
  • Може да го примени знаењето и разбирањето на начин што покажува професионален пристап во работата или професијата.
  • Покажува компетенции за идентификација, анализа и решавање проблеми поврзани со електро­енергетиката и општо електро­техниката.
  • Поседува компетенции за идентификација, анализа и решавање на проблеми поврзани со планирање, проектирање, градба, управување и менаџмент на електроенергетски објекти од конвенционални извори и од обновливи извори на електрична енергија.
Способност за проценка
  • Способност за прибирање, анализирање, оценување и презентирање информации, идеи, концепти од релевантни податоци.
  • Донесување соодветна проценка земајќи ги предвид личните, општествените, научните и етичките аспекти.
  • Способност да одговара на теоретски и пректични прашања, да дава објаснувања за причините и да избере соодветно решение.
  • Способност за анализирање, презентирање и разбирање на идеи и концепти од релевантни податоци од областа на производство и развод на електричната енергија, како и проектен менаџмент на објектите во електроенергетски систем.
Комуникациски вештини
  • Способност да комуницира и дискутира, и со стручната, и со нестручната јавност, за информации, идеи, проблеми и решенија кога критериумите за одлучување и опсегот на задачата се јасно дефинирани.
  • Презема поделена одговорност за колективни резултати.
  • Способност за независно учество, со професионален пристап, во специфични, научни и интердисциплинарни дискусии.
Вештини на учење
  • Презема иницијатива за учење и професионална надградба со висок степен на независност.
  • Ја разбираат потребата од учење и имаат способност за постојан професионален развој, преку користење на стручна и научна литература, професионални обуки, продолжување на формалното образование, членување во професионални организации, и тн. 
  • Демонстрираат свесност за новите технологии и способност за евалуација и користење на современите софтверски развојни алатки.
  • Користат информатички технологии за далечинско и електронско учење.
  • Има развиено вештини за кооперативно, компетитивно и индивидуално учење.
  • Има развиено вештини за примена на техники на активно поучување и учење.

Семестар 1
Задолжителни предмети
Шифра Предмет Кредити Фонд
4ФЕИТ08З007 Математика 1 8 4+3+0
4ФЕИТ08З015 Физика 1 7 3+2+1
4ФЕИТ06З006 Основи на електротехника 8 3+3+1
4ФЕИТ07З019 Програмирање и алгоритми 7 2+2+2

Семестар 2
Задолжителни предмети
Шифра Предмет Кредити Фонд
4ФЕИТ08Л008 Математика 2 7 3+3+0
4ФЕИТ08Л016 Физика 2 7 3+2+1
4ФЕИТ06Л005 Основи на електрични кола 7 3+2+1
4ФЕИТ03Л003 Електротехнички материјали 3 2+0+1
4ФЕИТ07Л018 Податочни структури и програмирање 6 2+2+2

Семестар 3
Задолжителни предмети
Шифра Предмет Кредити Фонд
4ФЕИТ05З017   Електроника 6 2+2+1
4ФЕИТ08З009 Математика 3 6 3+3+0
4ФЕИТ03З006 Мерења во електротехника 6 3+1+1
4ФЕИТ05З033 Сигнали и системи 6 3+2+0
4ФЕИТ04З017 Проектен менаџмент 6 3+2+0

 

Во текот на  студирањето студентот може да избере најмногу 4 предмети од Факултетската листа изборни предмети

Семестар 4
Задолжителни предмети
Шифра Предмет Кредити Фонд
4ФЕИТ02Л006 Електрични машини и трансформатори 6 3+1+1
4ФЕИТ05Л014 Електромагнетика 6 3+2+0
4ФЕИТ08Л010 Математика 4 6 3+3+0
4ФЕИТ04Л011 Менаџмент и инженерска економика 6 3+2+0
4ФЕИТ01Л019 Системи на автоматско управување 6 2+2+1

 

Во текот на  студирањето студентот може да избере најмногу 4 предмети од Факултетската листа изборни предмети

Семестар 5
Задолжителни предмети
Шифра Предмет Кредити Фонд
4ФЕИТ043003 Електрични централи 6 3+2+0
4ФЕИТ093018 Преносни и дистрибутивни системи 6 3+2+0
4ФЕИТ103014 Комуникациски технологии и протоколи во електроенергетиката 6 3+1+1
4ФЕИТ043021 Разводни постројки 6 3+2+0
  Изборен предмет 1 6  
Изборен предмет 1
Шифра Предмет Кредити Фонд
4ФЕИТ043005 Енергетска ефикасност и животна средина 6 3+2+0
4ФЕИТ093022 Техника на висок напон 1 6 3+1+1

 

Во текот на  студирањето студентот може да избере најмногу 4 предмети од Факултетската листа изборни предмети

Семестар 6
Задолжителни предмети
Шифра Предмет Кредити Фонд
4ФЕИТ04Л002 Експлоатација на електроенергетски постројки 6 3+2+0
4ФЕИТ04Л013 Обновливи извори на електрична енергија 6 3+2+0
4ФЕИТ04Л022 Релејна заштита 6 2+2+1
  Изборен предмет 1 6  
  Изборен предмет 2 6  
Изборен предмет 1 и 2
Шифра Предмет Кредити Фонд
4ФЕИТ03Л002 Електрични мерења на неелектрични величини 6 3+1+1
4ФЕИТ04Л009 Комуникациски вештини
6 3+1+1
4ФЕИТ09Л013  Нисконапонски електроенергетски инсталации и осветление 6 2+2+1
4ФЕИТ04Л012 Нуклеарни електрични централи 6 3+2+0
4ФЕИТ04Л023 Софтверски алатки во електроенергетика 6 3+1+1
4ФЕИТ04Л025 Фотоволтаични системи 6 3+1+1

 

Во текот на  студирањето студентот може да избере најмногу 4 предмети од Факултетската листа изборни предмети

Семестар 7
Задолжителни предмети
Шифра Предмет Кредити Фонд
4ФЕИТ043006 Заземјување, професионален ризик и безбедност во електроенергетски постројки 6 3+2+0
4ФЕИТ043024 Управување на електроенергетски објекти 6 3+2+0
  Изборен предмет 1 6  
  Изборен предмет 2 6  
  Изборен предмет 3 6  
Изборен предмет 1, 2 и 3
Шифра Предмет Кредити Фонд
4ФЕИТ093012 Надземни и кабелски водови 6 3+2+0
4ФЕИТ043007 Когенеративни постројки 6 3+2+0
4ФЕИТ043010 Мали хидроелектрични централи 6 3+2+0
4ФЕИТ043001 Ветерни електрични централи 6 3+2+0
4ФЕИТ043015 Планирање на погон и градба на електроенергетски објекти 6 3+2+0
4ФЕИТ043019 Проектирање и интегрирање на ОИЕ во ЕЕС 6 3+1+1

 

Во текот на  студирањето студентот може да избере најмногу 4 предмети од Факултетската листа изборни предмети

Семестар 8
Задолжителни предмети
Шифра Предмет Кредити Фонд
4ФЕИТ12Л006 Дипломски работа 9  
4ФЕИТ12Л011 Студентска пракса 3  
4ФЕИТ04Л020 Проектирање на електроенергетски објекти 6 3+2+0
4ФЕИТ04Л008 Компјутерско моделирање во електроенергетиката 6 3+2+0
  Изборен предмет 1 6  
Изборен предмет 1 (се избира еден од понудените предмети)
Шифра Предмет Кредити Фонд
4ФЕИТ04Л016 Претприемништво и бизнис во техниката 6 3+2+0
4ФЕИТ03Л008 Принципи на управување со квалитет 6 3+2+0
4ФЕИТ09Л020 Регулатива во електроенергетиката 6 3+2+0
4ФЕИТ08Л014 Технолошки иновации 6 2+2+1

 

Во текот на  студирањето студентот може да избере најмногу 4 предмети од Факултетската листа изборни предмети

Изборни наставни предмети на Факултетската листа изборни предмети

Во текот на  студирањето студентот може да избере најмногу 4 предмети од следнава листа:

Реден број Код Назив на предметот Семестар Неделен фонд на часови ЕКТС Единица
1 4ФЕИТ06З004 Енергија и одржлив развој III 3+2+0 6 ФЕИТ
2 4ФЕИТ05З011 Дигитално процесирање на сигнали V 3+1+1 6 ФЕИТ
3 4ФЕИТ08З003 Дискретна математика V 3+3+0 6 ФЕИТ
4 4ФЕИТ08З004 Електрооптика V 2+2+1 6 ФЕИТ
5 4ФЕИТ07З013 Оперативни системи V 2+2+1 6 ФЕИТ
6 4ФЕИТ12З009 Основи на WEB програмирање V 2+2+1 6 ФЕИТ
7 4ФЕИТ08З013 Статистичка обработка на податоци V 3+1+1 6 ФЕИТ
8 4ФЕИТ12Л001 Web апликации VI 2+2+1 6 ФЕИТ
9 4ФЕИТ03Л001 Виртуелна инструментација во LabVIEW VI 2+2+1 6 ФЕИТ
10 4ФЕИТ09Л009 Интелигентни електроенергетски мрежи VI 3+2+0 6 ФЕИТ
11 4ФЕИТ01Л005 Интелигентни системи на управување VI 2+2+1 6 ФЕИТ
12 4ФЕИТ08Л006 Компјутерски поддржано геометриско моделирање VI 3+2+0 6 ФЕИТ
13 4ФЕИТ01Л006 Компјутерско водење на процеси VI 2+2+1 6 ФЕИТ
14 4ФЕИТ08Л011 Нумерички методи VI 3+0+2 6 ФЕИТ
15 4ФЕИТ07Л016 Податочна наука и анализа на податоци VI 2+2+1 6 ФЕИТ
16 4ФЕИТ01Л017 Роботика 1 VI 2+2+1 6 ФЕИТ
17 4ФЕИТ05З001 VLSI дизајн со PLD и FPGA компоненти VII 3+1+1 6 ФЕИТ
18 4ФЕИТ05З007 Вградливи микрокомпјутерски системи VII 3+1+1 6 ФЕИТ
19 4ФЕИТ08З002 Вовед во наноматеријали и нанотехнологии VII 2+2+1 6 ФЕИТ
20 4ФЕИТ10З005 Дигитални валути VII 3+1+1 6 ФЕИТ
21 4ФЕИТ05З012 Дигитално процесирање на слика VII 3+1+1 6 ФЕИТ
22 4ФЕИТ02З014 Мали и специјални електрични машини VII 3+0+2 6 ФЕИТ
23 4ФЕИТ01З007 Машинско учење VII 2+2+1 6 ФЕИТ
24 4ФЕИТ01З011 Операциони истражувања VII 2+2+1 6 ФЕИТ
25 4ФЕИТ08З012 Основи на конвексна оптимизација со примена VII 3+2+0 6 ФЕИТ
26 4ФЕИТ12З010 Развој на серверски web апликации VII 2+2+1 6 ФЕИТ
27 4ФЕИТ10З030 Форензика на мрежи VII 3+1+1 6 ФЕИТ
28 4ФЕИТ05Л005 Биомедицинска електроника VIII 3+1+1 6 ФЕИТ
29 4ФЕИТ05Л023 Машински вид VIII 3+1+1 6 ФЕИТ
30 4ФЕИТ03Л010 Системи за мерење и аквизиција на податоци VIII 3+1+1 6 ФЕИТ