Електроенергетски системи (ЕЕС)

КомпетенцииДескриптори на квалификациитеIIIIIIIVVVIVIIVIIIФакултетска листа

Вид на програмата
Студиска програма од прв циклус студии, 4 години, 8 семестри, 240 ЕКТС-кредити

Обра­зо­вен степен (дип­ло­ма)
Дип­ло­ми­ран инженер по електротехника и информациски технологии од областа електроенергетски системи

Про­фил
Електроенергетски системи

Иден­ти­фи­ка­ци­ја на по­тре­би­те и мож­но­сти­те за вра­бо­ту­ва­ње
Дипломираните инженери имаат единствена можност да бидат дел од електростопанството, како една од најстабилните дејности, која во текот на повеќе де­це­нии вработува голем број инженери. Во оваа област им се нудат можности за успешна кариера и добро пла­те­на работа во преносни и дистрибутивни претпријатија, во трговијата и снабдувањето со електрична енергија, во јав­ниот сектор, како и во консултантски, проектантски и производни фирми. Ваквите кадри се сè повеќе ба­рани во нашата земја и во светот, каде нашата диплома ва­жи без никакви ограничувања.

Обра­зов­ни ком­пе­тен­ции на профилот
На студиската програма електроенергетски системи (ЕЕС) студентите се стекнуваат со практични знаења и веш­тини од областите: пренос, дистрибуција и снабдување со електрична енергија. Во текот на сту­ди­рањето се користат современи софтверски алатки за си­мулација и анализа на ЕЕС, како и за изучување на об­ластите планирање и управување на ЕЕС, пазари на електрична енергија, техника на висок напон, нисконапонски инсталации, осветление и ква­литет на електрична енергија. Истовремено, сту­ден­тите имаат можност да се запознаат со елементите на ЕЕС и низ практични лабораториски вежби во лабо­ра­то­риите на Факултетот. Оваа прогама на идните ин­же­не­ри им овозможува да се стекнат и со теориски и со прак­тични знаења и на тој начин, да се оспособат за ре­ша­вање на најразлични технички проблеми со кои ќе се соочат во текот на нивната кариера.

Меѓународна акредитација
Студиските програми на ФЕИТ се меѓународно акредитирани од германскиот институт ASIIN, кој е светски лидер за потврда на квалитетот во високото образование. Со оваа акредитација се потврдува дека студиските програми се воспоставени според меѓунароните стандарди за квалитет и содржините кои се изучуваат се релевантни за областите кои се покриени во студиските програми.

                                          Општи дескриптори на квалификации

Квалификација Дескриптори на квалификациите
Знаење и разбирање
  • Покажува знаење и разбирање во научното поле на електротехниката кое се надградува врз претходното образование и обука, вклучувајќи и познавање во доменот на теоретски, практични, концептуални, компаративни и критички перспективи во научното поле според соодветна методологија.
Примена на знаењето и разбирањето
  • Може да го примени знаењето и разбирањето на начин што покажува професионален пристап во работата или професијата.
  • Покажува компетенции за идентификација, анализа и решавање проблеми поврзани со електротехниката.
Способност за проценка
  • Способност за прибирање, анализирање, оценување и презентирање информации, идеи, концепти од релевантни податоци.
  • Донесување соодветна проценка земајќи ги предвид личните, општествените, научните и етичките аспекти.
Комуникациски вештини
  • Способност да комуницира и дискутира, и со стручната, и со нестручната јавност, за информации, идеи, проблеми и решенија кога критериумите за одлучување и опсегот на задачата се јасно дефинирани.
  • Презема поделена одговорност за колективни резултати.
  • Способност за независно учество, со професионален пристап, во специфични, научни и интердисциплинарни дискусии.
Вештини на учење
  • Презема иницијатива да ги идентификува потребите за стекнување понатамошно знаење и учење со висок степен на независност.

                                            Специфични дескриптори на квалификации

Квалификација Дескриптори на квалификациите
Знаење и разбирање
  • Покажува знаење и разбирање во научното поле на електротехниката кое се надградува врз претходното образование и обука, вклучувајќи и познавање во доменот на теоретски, практични, концептуални, компаративни и критички перспективи во научното поле според соодветна методологија.
  • Покажува знаење и разбирање за истражување, развој, проектирање, инсталирање и примена на електроенергетското инженерство во индустриски и електростопански процеси.
  • Стекнатите знаења се надградба на претходното образование, вклучувајќи и познавања во доменот на теоретски и практични перспективи во научното поле според соодветна методологија.
  • Разбирања на областите и познавање на тековните прашања во врска со научните истражувања и новите извори на знаења.
Примена на знаењето и разбирањето
  • Може да го примени знаењето и разбирањето на начин што покажува професионален пристап во работата или професијата.
  • Покажува компетенции за идентификација, анализа и решавање проблеми поврзани со електротехниката.
  • Поседува компетенции за идентификација, анализа и решавање на проблеми поврзани со електроенергетските системи.
Способност за проценка
  • Способност за прибирање, анализирање, оценување и презентирање информации, идеи, концепти од релевантни податоци.
  • Донесување соодветна проценка земајќи ги предвид личните, општествените, научните и етичките аспекти.
  • Способност да одговара на теоретски и пректични прашања, да дава објаснувања за причините и да избере соодветно решение.
  • Способност за анализирање, презентирање и разбирање на идеи и концепти од релевантни податоци од областа на електроенергетските системи.
Комуникациски вештини
  • Способност да комуницира и дискутира, и со стручната, и со нестручната јавност, за информации, идеи, проблеми и решенија кога критериумите за одлучување и опсегот на задачата се јасно дефинирани.
  • Презема поделена одговорност за колективни резултати.
  • Способност за независно учество, со професионален пристап, во специфични, научни и интердисциплинарни дискусии.
Вештини на учење
  • Презема иницијатива за учење и професионална надградба со висок степен на независност.
  • Ја разбираат потребата од учење и имаат способност за постојан професионален развој, преку користење на стручна и научна литература, професионални обуки, продолжување на формалното образование, членување во професионални организации, и тн. 
  • Демонстрираат свесност за новите технологии и способност за евалуација и користење на современите софтверски развојни алатки.
  • Користат информатички технологии за далечинско и електронско учење.
  • Има развиено вештини за кооперативно, компетитивно и индивидуално учење.
  • Има развиено вештини за примена на техники на активно поучување и учење.
Семестар 1
Задолжителни предмети
Шифра Предмет Кредити Фонд
4ФЕИТ08З007 Математика 1 8 4+3+0
4ФЕИТ08З015 Физика 1 7 3+2+1
4ФЕИТ06З006 Основи на електротехника 8 3+3+1
4ФЕИТ07З019 Програмирање и алгоритми 7 2+2+2
Семестар 2
Задолжителни предмети
Шифра Предмет Кредити Фонд
4ФЕИТ08Л008 Математика 2 7 3+3+0
4ФЕИТ08Л016 Физика 2 7 3+2+1
4ФЕИТ06Л005 Основи на електрични кола 7 3+2+1
4ФЕИТ03Л003 Електротехнички материјали 3 2+0+1
4ФЕИТ07Л018 Податочни структури и програмирање 6 2+2+2
Семестар 3
Задолжителни предмети
Шифра Предмет Кредити Фонд
4ФЕИТ05З017   Електроника 6 2+2+1
4ФЕИТ08З009 Математика 3 6 3+3+0
4ФЕИТ03З006 Мерења во електротехника 6 3+1+1
4ФЕИТ05З033 Сигнали и системи 6 3+2+0
4ФЕИТ09З019 Проектирање на нисконапонски електроенергетски инсталации 6 2+2+1

 

Во текот на  студирањето студентот може да избере најмногу 4 предмети од Факултетската листа изборни предмети
Семестар 4
Задолжителни предмети
Шифра Предмет Кредити Фонд
4ФЕИТ02Л006 Електрични машини и трансформатори 6 3+1+1
4ФЕИТ09Л006 Електрични мрежи 6 3+2+0
4ФЕИТ05Л014 Електромагнетика 6 3+2+0
4ФЕИТ08Л010 Математика 4 6 3+3+0
4ФЕИТ01Л019 Системи на автоматско управување 6 2+2+1

 

Во текот на  студирањето студентот може да избере најмногу 4 предмети од Факултетската листа изборни предмети
Семестар 5
Задолжителни предмети
Шифра Предмет Кредити Фонд
4ФЕИТ093002 Високонапонски мрежи и системи 6 3+2+0
4ФЕИТ093003 Дистрибутивни системи 6 3+1+1
4ФЕИТ093022 Техника на висок напон 1 6 3+1+1
4ФЕИТ103014 Комуникациски технологии и протоколи во електроенергетиката 6 3+1+1
  Изборен предмет 1 6  
Изборен предмет 1
Шифра Предмет Кредити Фонд
4ФЕИТ093001 Апликативен софтвер во ЕЕС 6 3+0+2
4ФЕИТ093012 Надземни и кабелски водови 6 3+2+0

 

Во текот на  студирањето студентот може да избере најмногу 4 предмети од Факултетската листа изборни предмети
Семестар 6
Задолжителни предмети
Шифра Предмет Кредити Фонд
4ФЕИТ09Л014 Основи на економија за електроенергетскиот сектор 6 3+2+0
4ФЕИТ09Л011 Компјутерски методи за анализа на ЕЕС 6 3+1+1
4ФЕИТ04Л004 Електрични централи и разводни постројки 6 3+2+0
  Изборен предмет 1 6  
  Изборен предмет 2 6  
Изборен предмет 1 и 2
Шифра Предмет Кредити Фонд
4ФЕИТ09Л009 Интелигентни електроенергетски мрежи 6 3+2+0
4ФЕИТ09Л010 Квалитет на електрична енергија 6 3+1+1
4ФЕИТ03Л005 Мерења во електроенергетика 6 3+1+1
4ФЕИТ09Л023 Техника на висок напон 2 6 3+2+0

 

Во текот на  студирањето студентот може да избере најмногу 4 предмети од Факултетската листа изборни предмети
Семестар 7
Задолжителни предмети
Шифра Предмет Кредити Фонд
4ФЕИТ093016 Пазари на електрична енергија 6 3+2+0
4ФЕИТ093021 Режими на работа на ЕЕС 6 3+2+0
4ФЕИТ093024 Управување и диспечинг во ЕЕС 6 3+2+0
  Изборен предмет 1 6  
  Изборен предмет 2 6  
Изборен предмет 1 и 2
Шифра Предмет Кредити Фонд
4ФЕИТ093007 Електрично осветление 6 3+1+1
4ФЕИТ093004 Доверливост на ЕЕС 6 3+2+0
4ФЕИТ093008 Заземјувачи и заземјувачки системи во електроенергетските мрежи 6 3+2+0
4ФЕИТ023018 Основи на обновливи извори на енергија 6 3+1+1

 

Во текот на  студирањето студентот може да избере најмногу 4 предмети од Факултетската листа изборни предмети
Семестар 8
Задолжителни предмети
Шифра Предмет Кредити Фонд
4ФЕИТ12Л006 Дипломска работа 9  
4ФЕИТ12Л011 Студентска пракса 3  
4ФЕИТ09Л017 Планирање на ЕЕС 6 3+2+0
  Изборен предмет 1 6  
  Изборен предмет 2 6  
Изборен предмет 1 (се избира еден од понудените предмети)
Шифра Предмет Кредити Фонд
4ФЕИТ09Л005 Економија за инженери 6 3+2+0
4ФЕИТ04Л016 Претприемништво и бизнис во техниката 6 3+2+0
4ФЕИТ04Л018 Проектен менаџмент и етика во инженерството 6 3+2+0
4ФЕИТ09Л020 Регулатива во електроенергетиката 6 3+2+0
Изборни предмети 2
Шифра Предмет Кредити Фонд
4ФЕИТ03Л001 Виртуелна инструментација во LabVIEW 6 2+2+1
4ФЕИТ06Л002 Електрични возила 6 3+2+0
4ФЕИТ04Л022 Релејна заштита 6 2+2+1

 

Во текот на  студирањето студентот може да избере најмногу 4 предмети од Факултетската листа изборни предмети

Изборни наставни предмети на Факултетската листа изборни предмети

Во текот на  студирањето студентот може да избере најмногу 4 предмети од следнава листа:

Реден број Код Назив на предметот Семестар Неделен фонд на часови ЕКТС Единица
1 4ФЕИТ06З004 Енергија и одржлив развој III 3+2+0 6 ФЕИТ
2 4ФЕИТ05З011 Дигитално процесирање на сигнали V 3+1+1 6 ФЕИТ
3 4ФЕИТ08З003 Дискретна математика V 3+3+0 6 ФЕИТ
4 4ФЕИТ08З004 Електрооптика V 2+2+1 6 ФЕИТ
5 4ФЕИТ04З005 Енергетска ефикасност и животна средина V 3+2+0 6 ФЕИТ
6 4ФЕИТ07З013 Оперативни системи V 2+2+1 6 ФЕИТ
7 4ФЕИТ12З009 Основи на WEB програмирање V 2+2+1 6 ФЕИТ
8 4ФЕИТ08З013 Статистичка обработка на податоци V 3+1+1 6 ФЕИТ
9 4ФЕИТ12Л001 Web апликации VI 2+2+1 6 ФЕИТ
10 4ФЕИТ01Л005 Интелигентни системи на управување VI 2+2+1 6 ФЕИТ
11 4ФЕИТ08Л006 Компјутерски поддржано геометриско моделирање VI 3+2+0 6 ФЕИТ
12 4ФЕИТ08Л011 Нумерички методи VI 3+0+2 6 ФЕИТ
13 4ФЕИТ01Л006 Компјутерско водење на процеси VI 2+2+2 6 ФЕИТ
14 4ФЕИТ07Л016 Податочна наука и анализа на податоци VI 2+2+1 6 ФЕИТ
15 4ФЕИТ01Л017 Роботика 1 VI 2+2+1 6 ФЕИТ
16 4ФЕИТ04Л025 Фотоволтаични системи VI 3+1+1 6 ФЕИТ
17 4ФЕИТ05З001 VLSI дизајн со PLD и FPGA компоненти VII 3+1+1 6 ФЕИТ
18 4ФЕИТ05З007 Вградливи микрокомпјутерски системи VII 3+1+1 6 ФЕИТ
19 4ФЕИТ08З002 Вовед во наноматеријали и нанотехнологии VII 2+2+1 6 ФЕИТ
20 4ФЕИТ10З005 Дигитални валути VII 3+1+1 6 ФЕИТ
21 4ФЕИТ05З012 Дигитално процесирање на слика VII 3+1+1 6 ФЕИТ
22 4ФЕИТ02З014 Мали и специјални електрични машини VII 3+0+2 6 ФЕИТ
23 4ФЕИТ01З007 Машинско учење VII 2+2+1 6 ФЕИТ
24 4ФЕИТ01З011 Операциони истражувања VII 2+2+1 6 ФЕИТ
25 4ФЕИТ08З012 Основи на конвексна оптимизација со примена VII 3+2+0 6 ФЕИТ
27 4ФЕИТ12З010 Развој на серверски web апликации VII  2+2+1  6 ФЕИТ
26 4ФЕИТ10З030 Форензика на мрежи VII 3+1+1 6 ФЕИТ
28 4ФЕИТ05Л005 Биомедицинска електроника VIII 3+1+1 6 ФЕИТ
29 4ФЕИТ05Л023 Машински вид VIII 3+1+1 6 ФЕИТ
30 4ФЕИТ03Л010 Системи за мерење и аквизиција на податоци VIII 3+1+1 6 ФЕИТ