Вид на програмата
Студиска програма од прв циклус студии, 4 години, 8 семестри, 240 ЕКТС-кредити
Образовен степен (диплома)
Дипломиран инженер по електротехника и информациски технологии од областа компјутерско системско инженерство, автоматика и роботика
Профил
Компјутерско системско инженерство, автоматика и роботика
Идентификација на потребите и можностите за вработување Потребата од зголемено, ефикасно и квалитетно производство, како и подобрувањето на работните услови, налага примена на високо интегрирана автоматизација, како кај техничко-технолошките системи, така и во нетехничките системи, како што се еко-системите, економските системи, медицината и други. Поради ова, подрачјето на работа за дипломираните инженери на оваа насока е извонредно широко и можностите за вработување се големи. Тие можат да работат во индустријата и јавниот сектор како: инженери за анализа, проектирање и ревизија на автоматизирани погони; во стопански организации за автоматско следење и прибирање на податоци, компјутерско водење, далечинско управување, менаџирање на технички и нетехнички системи; како експерти-програмери и хардверски и софтверски инженери; во академски институции, во истражувачки центри итн.
Образовни компетенции на профилот Студентот добива опсежни фундаментални и практични знаења од сите дисциплини од системското инженерство, автоматиката и роботиката. Стекнатите знаења и вештини се темелат на современи научни сознанија во области на автоматизацијата и роботиката, компјутерско-информациските технологии, процесната информатика, менаџментот, био-инженерството, кибернетиката во медицината, мерно-процесната техника, индустриски интернет на нешта итн. Студентите ќе стекнат знаење за: презентирање, моделирање и анализа на однесувањето на системи од различна природа (и не само техничка), примена на методи, техники и алатки за математичка анализа на системи и решавање проблеми со употреба на системски приод, разбирање на методите за обработка и прибирање податоци во системите на управување, анализа и синтеза на системи за автоматско управување, роботски системи, системи со вештачка интелигенција и машинско учење, интелигентни системи на управување и други, примена на елементите за автоматизација (хардверски и софтверски компоненти) за автоматизација на процеси, автоматизација на производствени постројки, компјутерско управувани системи, електромеханички системи и процесни мерења и актуатори, анализа и дизајн на SCADA системи за различни индустриски процеси, компјутерско водење на процеси и далечинско управување, работа со високо автоматизирани роботски системи и слично. Користејќи ги здобиените знаења, инженерот на оваа студиска програма, ќе биде оспособен за креативно мислење и решавање проблеми, самостојна и тимска работа, ефективна комуникација, донесување одлуки и доживотно учење. Сето ова се очекува да ги направи добро прилагодени и конкурентни на домашниот и на европскиот пазар на трудот.
Меѓународна акредитација
Студиските програми на ФЕИТ се меѓународно акредитирани од германскиот институт ASIIN, кој е светски лидер за потврда на квалитетот во високото образование. Со оваа акредитација се потврдува дека студиските програми се воспоставени според меѓунароните стандарди за квалитет и содржините кои се изучуваат се релевантни за областите кои се покриени во студиските програми.
Општи дескриптори на квалификации
Квалификација | Дескриптори на квалификациите |
Знаење и разбирање |
|
Примена на знаењето и разбирањето |
|
Способност за проценка |
|
Комуникациски вештини |
|
Вештини на учење |
|
Специфични дескриптори на квалификации
Квалификација | Дескриптори на квалификациите |
Знаење и разбирање |
|
Примена на знаењето и разбирањето |
|
Способност за проценка |
|
Комуникациски вештини |
|
Вештини на учење |
|
Семестар 1 | |||
Задолжителни предмети | |||
Шифра | Предмет | Кредити | Фонд |
4ФЕИТ08З007 | Математика 1 | 8 | 4+3+0 |
4ФЕИТ08З015 | Физика 1 | 7 | 3+2+1 |
4ФЕИТ06З006 | Основи на електротехника | 8 | 3+3+1 |
4ФЕИТ07З019 | Програмирање и алгоритми | 7 | 2+2+2 |
Семестар 2 | |||
Задолжителни предмети | |||
Шифра | Предмет | Кредити | Фонд |
4ФЕИТ08Л008 | Математика 2 | 7 | 3+3+0 |
4ФЕИТ08Л016 | Физика 2 | 7 | 3+2+1 |
4ФЕИТ06Л005 | Основи на електрични кола | 7 | 3+2+1 |
4ФЕИТ11Л001 | Практикум по инженерски алатки | 3 | 1+0+2 |
4ФЕИТ07Л018 | Податочни структури и програмирање | 6 | 2+2+2 |
Семестар 3 | |||
Задолжителни предмети | |||
Шифра | Предмет | Кредити | Фонд |
4ФЕИТ05З022 | Логички дизајн | 6 | 3+1+1 |
4ФЕИТ08З009 | Математика 3 | 6 | 3+3+0 |
4ФЕИТ03З006 | Мерења во електротехника | 6 | 3+1+1 |
4ФЕИТ05З033 | Сигнали и системи | 6 | 3+2+0 |
4ФЕИТ05З018 | Електроника 1 | 6 | 3+1+1 |
Во текот на студирањето студентот може да избере најмногу 4 предмети од Факултетската листа изборни предмети |
Семестар 4 | |||
Задолжителни предмети | |||
Шифра | Предмет | Кредити | Фонд |
4ФЕИТ05Л009 | Дигитална и индустриска електроника | 6 | 3+1+1 |
4ФЕИТ05Л014 | Електромагнетика | 6 | 3+2+0 |
4ФЕИТ01Л004 | Елементи на автоматизација и роботика | 6 | 2+2+1 |
4ФЕИТ08Л010 | Математика 4 | 6 | 3+3+0 |
4ФЕИТ01Л020 | Теорија на автоматско управување 1 | 6 | 2+2+1 |
Во текот на студирањето студентот може да избере најмногу 4 предмети од Факултетската листа изборни предмети |
Семестар 5 | |||
Задолжителни предмети | |||
Шифра | Предмет | Кредити | Фонд |
4ФЕИТ023008 | Електроенергетски уреди | 6 | 3+1+1 |
4ФЕИТ103013 | Комуникациски технологии | 6 | 3+1+1 |
4ФЕИТ01З021 | Теорија на автоматско управување 2 | 6 | 2+2+1 |
4ФЕИТ01З022 | Теорија на системи | 6 | 2+2+1 |
Изборен предмет 1 | 6 | ||
Изборен предмет 1 | |||
Шифра | Предмет | Кредити | Фонд |
4ФЕИТ013002 | Дискретно настански системи и флексибилно производство | 6 | 2+2+1 |
4ФЕИТ013013 | Основи на вештачка интелигенција | 6 | 2+2+1 |
4ФЕИТ033009 | Процесни мерења | 6 | 3+1+1 |
Во текот на студирањето студентот може да избере најмногу 4 предмети од Факултетската листа изборни предмети |
Семестар 6 | |||
Задолжителни предмети | |||
Шифра | Предмет | Кредити | Фонд |
4ФЕИТ01Л006 | Компјутерско водење на процеси | 6 | 2+2+1 |
4ФЕИТ01Л009 | Моделирање, идентификација и симулација | 6 | 2+2+1 |
4ФЕИТ01Л017 | Роботика 1 | 6 | 2+2+1 |
Изборен предмет 1 | 6 | ||
Изборен предмет 2 | 6 | ||
Изборен предмет 1 и 2 | |||
Шифра | Предмет | Кредити | Фонд |
4ФЕИТ10Л010 | Индустриски комуникациски мрежи | 6 | 3+1+1 |
4ФЕИТ01Л005 | Интелигентни системи на управување | 6 | 2+2+1 |
4ФЕИТ07Л005 | Компјутерски архитектури | 6 | 2+2+1 |
4ФЕИТ07Л009 | Моделирање бази на податоци | 6 | 2+2+1 |
4ФЕИТ01Л015 | Проектирање на сигурносни системи | 6 | 2+2+1 |
Во текот на студирањето студентот може да избере најмногу 4 предмети од Факултетската листа изборни предмети |
Семестар 7 | |||
Задолжителни предмети | |||
Шифра | Предмет | Кредити | Фонд |
4ФЕИТ013010 | Нелинеарни системи на управување | 6 | 2+2+1 |
4ФЕИТ013014 | Програмабилни логички управувачи | 6 | 2+2+1 |
4ФЕИТ013016 | Проектирање на системи на автоматско управување | 6 | 2+2+1 |
Изборен предмет 1 | 6 | ||
Изборен предмет 2 | 6 | ||
Изборен предмет 1 и 2 | |||
Шифра | Предмет | Кредити | Фонд |
4ФЕИТ013001 | Автоматизација на производни постројки и процеси | 6 | 2+2+1 |
4ФЕИТ013007 | Машинско учење | 6 | 2+2+1 |
4ФЕИТ013011 | Операциони истражувања | 6 | 2+1+1 |
4ФЕИТ013018 | Роботика 2 | 6 | 2+2+1 |
Во текот на студирањето студентот може да избере најмногу 4 предмети од Факултетската листа изборни предмети |
Семестар 8 | |||
Задолжителни предмети | |||
Шифра | Предмет | Кредити | Фонд |
4ФЕИТ12Л006 | Дипломска работа | 9 | |
4ФЕИТ12Л011 | Студентска пракса | 3 | |
Изборен предмет 1 | 6 | ||
Изборен предмет 2 | 6 | ||
Изборен предмет 3 | 6 | ||
Изборен предмет 1 (се избира еден од понудените предмети) | |||
Шифра | Предмет | Кредити | Фонд |
4ФЕИТ09Л005 | Економија за инженери | 6 | 3+2+0 |
4ФЕИТ04Л016 | Претприемништво и бизнис во техниката | 6 | 3+2+0 |
4ФЕИТ03Л008 | Принципи на управување со квалитет | 6 | 3+2+0 |
4ФЕИТ04Л018 | Проектен менаџмент и етика во инженерството | 6 | 3+2+0 |
Изборен предмет 2, 3 |
Шифра | Предмет | Кредити | Фонд |
4ФЕИТ01Л003 | Дистрибуирани системи и SCADA | 6 | 2+2+1 |
4ФЕИТ05Л023 | Машински вид | 6 | 3+1+1 |
4ФЕИТ01Л008 | Мобилна роботика | 6 | 2+2+1 |
4ФЕИТ07Л007 | Микропроцесорски системи | 6 | 2+2+1 |
4ФЕИТ01Л012 | Оптимални управувачи и обсервери | 6 | 2+2+1 |
Во текот на студирањето студентот може да избере најмногу 4 предмети од Факултетската листа изборни предмети |
Изборни наставни предмети на Факултетската листа изборни предмети
Во текот на студирањето студентот може да избере најмногу 4 предмети од следнава листа:
Реден број | Код | Назив на предметот | Семестар | Неделен фонд на часови | ЕКТС | Единица |
1 | 4ФЕИТ06З004 | Енергија и одржлив развој | III | 3+2+0 | 6 | ФЕИТ |
2 | 4ФЕИТ05З011 | Дигитално процесирање на сигнали | V | 3+1+1 | 6 | ФЕИТ |
3 | 4ФЕИТ08З003 | Дискретна математика | V | 3+3+0 | 6 | ФЕИТ |
4 | 4ФЕИТ08З004 | Електрооптика | V | 2+2+1 | 6 | ФЕИТ |
5 | 4ФЕИТ04З005 | Енергетска ефикасност и животна средина | V | 3+2+0 | 6 | ФЕИТ |
6 | 4ФЕИТ09З012 | Надземни и кабелски водови | V | 3+2+0 | 6 | ФЕИТ |
8 | 4ФЕИТ07З013 | Оперативни системи | V | 2+2+1 | 6 | ФЕИТ |
7 | 4ФЕИТ12З009 | Основи на WEB програмирање | V | 2+2+1 | 6 | ФЕИТ |
9 | 4ФЕИТ02З018 | Основи на обновливи извори на енергија | V | 3+1+1 | 6 | ФЕИТ |
10 | 4ФЕИТ08З013 | Статистичка обработка на податоци | V | 3+1+1 | 6 | ФЕИТ |
11 | 4ФЕИТ12Л001 | Web апликации | VI | 2+2+1 | 6 | ФЕИТ |
12 | 4ФЕИТ03Л001 | Виртуелна инструментација во LabVIEW | VI | 2+2+1 | 6 | ФЕИТ |
13 | 4ФЕИТ09Л009 | Интелигентни електроенергетски мрежи | VI | 3+2+0 | 6 | ФЕИТ |
14 | 4ФЕИТ08Л006 | Компјутерски поддржано геометриско моделирање | VI | 3+2+0 | 6 | ФЕИТ |
15 | 4ФЕИТ08Л011 | Нумерички методи | VI | 3+0+2 | 6 | ФЕИТ |
16 | 4ФЕИТ07Л016 | Податочна наука и анализа на податоци | VI | 2+2+1 | 6 | ФЕИТ |
17 | 4ФЕИТ04Л025 | Фотоволтаични системи | VI | 3+1+1 | 6 | ФЕИТ |
18 | 4ФЕИТ05З001 | VLSI дизајн со PLD и FPGA компоненти | VII | 3+1+1 | 6 | ФЕИТ |
19 | 4ФЕИТ05З007 | Вградливи микрокомпјутерски системи | VII | 3+1+1 | 6 | ФЕИТ |
20 | 4ФЕИТ08З002 | Вовед во наноматеријали и нанотехнологии | VII | 2+2+1 | 6 | ФЕИТ |
21 | 4ФЕИТ10З005 | Дигитални валути | VII | 3+1+1 | 6 | ФЕИТ |
22 | 4ФЕИТ05З012 | Дигитално процесирање на слика | VII | 3+1+1 | 6 | ФЕИТ |
23 | 4ФЕИТ093007 | Електрично осветление | VII | 3+1+1 | 6 | ФЕИТ |
24 | 4ФЕИТ04З006 | Заземјување, професионален ризик и безбедност во електроенергетски постројки | VII | 3+2+0 | 6 | ФЕИТ |
25 | 4ФЕИТ02З014 | Мали и специјални електрични машини | VII | 3+0+2 | 6 | ФЕИТ |
26 | 4ФЕИТ08З012 | Основи на конвексна оптимизација со примена | VII | 3+2+0 | 6 | ФЕИТ |
27 | 4ФЕИТ12З010 | Развој на серверски web апликации | VII | 2+2+1 | 6 | ФЕИТ |
28 | 4ФЕИТ10З030 | Форензика на мрежи | VII | 3+1+1 | 6 | ФЕИТ |
29 | 4ФЕИТ05Л005 | Биомедицинска електроника | VIII | 3+1+1 | 6 | ФЕИТ |